Мы в Telegram
Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer


Апрель
2019

Новости за 05.04.2019

SlobodnaEvropa.mk 

Ердоган: Европа и САД да си седат кај што се

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, ги обвини Европа и САД дека се мешаат во внатрешните работи на Турција по нивните коментари во врска со резултатите од локалните избори во земјата, на кои неговата партија може да ја зaгуби власта во Истанбул и Анкара. „Америка и Европа, кои се мешаат во нашите внатрешни работи, треба да си седат таму каде што се“, рече Ердоган, чија Партија за правда и развој (АКП) иако општо води на локалните избори што се одржаа во неделата, според прелиминарните резултати... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Викендов можна нова „милениумска бубачка“

Ноќта меѓу сабота и недела би можело да дојде до проблеми во работата на Џи-Пи-Ес системите, по сценарио слично на она од 1999 година кога целиот свет стравуваше од колапс на компјутерски системи при преминот во новиот милениум, поради т.н. „милениумска бубачка“, објави телевизиската мрежа Ен-Би-Си. Американската телевизија наведува дека компјутерските системи поврзани со сателитите на Системот за глобално позиционирање 24 (Џи-Пи-Ес 24) што орбитираат околу Земјата, во недела во 1.59 часот по средноевропско... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Јагланд: Ни треба посилен Совет на Европа за новите предизвици

Генералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд, по 10 години минати на оваа функција, во својот најнов годишен извештај ги повика 47-те земји-членки да ја зајакнат оваа најстара паневропска организација за да се обезбеди соодветно финансирање и да се развијат нови стандарди наспроти предизвиците за човековите права и демократијата, јави дописникот на МИА од Стразбур. „Зголемените закани против владеењето на правото и новите предизвици за човековите права на нашиот континент го потврдија... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

„Мајка Медеја“ или како болката станува љубов

„Мајка Медеја“ е насловена изложбата на белгиската уметница Северин Бургерс, што од 6 до 21 април, во рамките на Фестивалот за современа музика „Модоарс 2019“, ќе се одржи во галеријата „Ко-Ра“ во Скопје. Поставката се фокусира на позицијата на жената во модерното општество.

SlobodnaEvropa.mk 

Трамп одбива да оди на годишна средба со новинарите: Негативни се

Трета година по ред американскиот претседател Доналд Трамп нема да присуствува на годишната вечера на Здружението на известувачи од Белата куќа. Тој денеска го потврди тоа и изјави дека тој настан „е премногу негативен“. Трамп често ги критикува новинарите акредитирани во Белата куќа за пристасност, но сепак речиси секој ден одговара на нивните прашања. Тој место на вечера со новинарите, ќе организира политички собир на некое друго место. „Ќе одржам политички собир затоа што таа вечера е толку здодевна и негативна... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Зекири: Џафери сака некого да спаси од СЈО и затоа не свикува седница

Потпретседателот на СДСМ и пратеник, Мухамед Зекири, изјави дека претседателот на Собранието Талат Џафери „со терање инает за седницата за СЈО сака да заштити некој од функционерите опфатени во постапките на тоа обвинителство“. „Како што го спаси Трајко Велјановски да му се одземе имунитетот, сака и некој друг да спаси сега? Не може да си тера инаети и поради некои свои интереси да каже дека нема да свикува седница затоа што министерката Рената Дескоска кажала дека може да има. Талат Џафери треба... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Уапсен албански државјанин кој сакал да се одмаздува за Крајстчрч

Полицијата во американската сојузна држава Монтана денеска упасиле албански државјанин кој имал намера да и се придружи на Исламската Држава и да се одмаздува за настраданите во нападот во Нов Зеланд, објавија агенциите. Албанецот Фабијан Аламети цела година бил следен од ФБИ, откако објавил на Фејсбук дека ја поддржува ИД. Еден доушник на ФБИ стапил во контакт со него, а тој му раскажал дека би сакал да изведе терористички напади во САД и тоа на воени објекти, регрутен центар, владини згради, геј клубови и синагога... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Мигрантите нема да заминат од Диавата и од Атина, тврди грчката министерка Геровасили

Министерката за цивилна заштита на Грција, Олга Геровасили, изјавила дека на бегалците и мигрантите од прифатниот камп Диавата нема да им биде дозволено да заминат од таму, како ниту на оние од железничката станица во Атина да заминат за Солун. Како што јави дописничката на МИА од Атина, Геровасили, во интервју за грчкото радио „Њуз247“, додадла дека според нејзините информации лажната вест дека ќе биде отворена границата и балканската бегалски рута, преку социјалните мрежи ја прошириле криумчарите на луѓе. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Ги видов доказите, авионот кај Солунска глава се урнал поради ветер, изјави Заев

Ги знам причините, ги видов доказите, ветерот е причина што се урна авионот кај Солунска глава, изјави премиерот Зоран Заев, по денешната работна средба со стопанските комори. Премиерот додаде дека телефонски му изразил сочувство на неговиот бугарски колега Бојко Борисов, и рече дека најверојатно денеска ќе бидат транспортирани телата на загинатите од семејство Бошнакови во Софија. Дека телата на загинатите денеска треба да бидат пренесени во Бугарија информираа и службите кои работат на овој случај.

SlobodnaEvropa.mk 

Заев: Нема да поднесам оставка, датум за преговори со ЕУ ќе има

Апсолутно нема да си поднесам оставка. Датум ќе има во јуни, оти нема причина да нема, ги реализиравме сите реформи, останува еве законот за јавно обвинителство, би било добро тоа да се заврши во април, за да ја избегнеме употребата во политичката кампања, изјави премиерот Зоран Заев, на новинарско прашање дали ќе си поднесе оставка ако во јуни Северна Македонија не добие датум за преговори со Европската унија. Премиерот Заев додаде дека имало напредок во преговорите меѓу власта и опозицијата за... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Грчки воен оркестар ја свиреше химната на Северна Македонија

Воените оркестри на Армиите на Северна Македонија, Грција, САД, Велика Британија и Словенија ги интонираа заедно химните на Северна Македонија и на НАТО, по повод одбележувањето на 70-годишнината на Алијансата. „Убедена сум дека петте воени оркестри на Република Северна Македонија, Грција, САД, Велика Британија и Словенија ќе ни приредат настан чие што ехо ќе биде посилно од кој било збор, вклучувајќи и мој, и настан кој нема да не остави рамнодушни”, изјави Шекеринска пред почетокот на концертот.

SlobodnaEvropa.mk 

Светска банка: Забавување на економскиот раст во Европа и Централна Азија

Годинава економскиот раст во Европа и во Централна Азија ќе забави на 2,1 проценти, како последица на глобалното забавување на економијата и неизвесните перспективи, предвидува Светската банка. Во извештајот на Банката, насловен „Најнови економски прогнози за Европа и Централа Азија“, објавен денеска, се посочува дека земјите во овој регион бележат различни стапки на раст на националните економии. Како земји во кои годинава се очекува најголем економски раст во регионот се посочени Албанија и Србија... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Зголемување на породилното за три месеци во дел од приватниот сектор

Неколку македонски приватни компании ќе го продолжат породилното отсуство од 9 на 12 месеци за своите вработени. Оваа иницијатива денеска на работната средба со Стопанските комори ја поддржаа и премиерот Зоран Заев и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска. „Ова е една прекрасна иницијатива што самите компании во разговор со синдикатите и со своите вработени, менаџерските тимови одлучиле да овозможат дополнителни три месеци породилно боледување на мајките по раѓањето на своето дете“, истакна Заев по состанокот. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Поранешни разузнавачи осудени за убиството на српскиот новинар Чурувија

Судот во Белгад им изрече 30 годишна затворска казна на четворица поранешни разузнавачи за убиството во 1999 година на истакнатиот новинар Славко Чурувија, кој го критикуваше поранешниот претседател на Србија Слободан Милошевиќ. Чурувија, сопственик и уредник на два независни весници во тоа време, беше застрелан пред својот дом во Белград на 11 април 1999 година, неколку дена по почетокот на бомбардирањата на НАТО. Судот во Белград денеска ги осуди поранешниот шеф на државната безбедност Раде Марковиќ и Милан Радоњиќ... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Телата на загинатите кај Солунска Глава ќе се пренесат во Бугарија

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека се завршени ДНК анализите на Институтот за судска медицина и оти во моментот се договара транспортот на четворицата бугарски државјани, кои завчера го загубија животот во авионската несреќа што се случи кај Солунска Глава „ Истрагата ја спроведува независната Комисија за авионски несреќи и сериозни инциденти и сите насоки ги даваат тие, и во однос на подигањето на остатоците од авионот. МВР е подготвена и во овие услови тоа да го изведе... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Спасовски: Во земјава имало 15 припадници на организацијата ФЕТО

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека постапките за екстрадиција на припадници на организацијата ФЕТО кои се наоѓаат на територијата на Македонија ги води Министерството за правда. „Моите информации говорат дека се работи за 15 лица, од кои двајца веќе не се на територијата на нашата држава“ рече министерот Спасовски на новинарско прашање во врска со барањето на министерот за одбрана на Турција, Хулуси Акар, да се преземе акција против припадници на организацијата ФЕТО, која официјална Анкара ја смета за тетористичка. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

ЕУ и поранешните советски републики ќе го продолжaт партнерството

Министрите за надворешни работи на Европската унија и шесте поранешни советски републики ќе се состанат следниот месец за да го поддржат продолжувањето на програмата за Источно партнерство. Програмата има за цел да ги охрабри Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Грузија, Молдавија и Украина да преземат реформи, во замена за поблиски односи и економски придобивки. Министрите за надворешни работи ветија "да ја продоолжат програмата за Источно партнерство по 2020 година". До ова треба да дојде за време на состанокот во Брисел на 13-ти мај... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Македонската полиција го зајакна обезбедувањето на границата со Грција

По информациите дека стотици мигранти од бегалскиот камп во Солун се упатиле кон границата со Република Северна Македонија, надлежните велат дека ситуацијата е под контрола и дека земјава е поподготвена да се справи со евентуален предизвик од нов бран на мигранти

SlobodnaEvropa.mk 

Заев:Стојам отвoрено чесно и јавно зад Пенадровски

По оценката што вчера ја упати кандидатот за претседател Гордана Силјановска дека е невообичаено премиер и министри да учествуваат во кампања за претседател и оти сите треба да се однесуваат технички, премиерот Зоран Заев денеска изјави дека тој има право и обврска да поддржи концепт и кандидат за изборите. “Јас сум и претседател на СДСМ, и секако имаме право да имаме своја определба и став. Соодветно на Уставот и законите направивме избор на кандидат зад кој стоиме. Стојам отворено, чесно и јавно... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Десетици убиени во напад во Авганистан

Авганистанските власти објавија дека стотици талибански милитанти извршиле напад во област во северозападната провинција Бадхис, при што загинале десетици владини војници и полицајци. Варис Шерзад, гувернерот на областа Бала Мургаб, изјави дека најмалку 30 лица за безбедност се убиени откако талибанците го започнале нападот. Тој рече дека борбите се во тек. Абдул Азиз Баиг, шеф на провинцијата Бадгис, рече дека талибанските борци завзеле неколку безбедносни контролни пунктови надвор од седиштето на владата во Бала Мургаб. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Османи: Поддршка од Португалија за македонските евроинтеграции

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, престојува во повеќедневна работна посета на Република Португалија. Тој денеска се сретна со претседателката на Комисијата за европски прашања во рамки на Парламентот на Република Португалија, Регина Бастос. На раговорите станало збор за поддршката од  Португалија за европските интеграции на земјава, билатералната соработка меѓу парламентите на двете земји, како и за европските предизвици меѓи кои брегзит, влијанието на лажните вести... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Силјановска како Мајкл Џексон, Пендаровски ќе го камшикува Заев

Силјановска ги побрка Кавадарци и Неготино, а потоа и Кочани и Кичево, како што Мајкл Џексон ги има погрешено Будимпешта и Букурешт. Пендаровски најави дека освен ЕУ, и тој ќе му биде камшикар на Заев.

SlobodnaEvropa.mk 

Британија бара одложување на Брегзит до 30 јуни

Британската премиерка Тереза Мај му напиша писмо на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, во кое бара одложување на Брегзит до 30 ти јуни. Велика Британија треба да ја напушти Европската унија на 12 април, а сé уште во парламентот не е одобрен договор за повлекување. Во своето писмо, Мај предложи Велика Британија да си замине пред европските парламентарни избори на 23-ти мај, ако пратениците постигнат договор за повлекување на време. Но, таа наведе дека Британија би требало да се подготви и за овие избори... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Вишок вработени во јавна администрација, а оправдани вработувања

Јавниот сектор лани се зголемил за 3346 лица, споредбено со 2017 година. За министерството за администрација овие вработувања биле неопходни. Тие вработувања пред се во образованието и во труд и социјала и за упатените се оправдани, но според нив, намалување на вработените треба да има во органите на држаната власт.


В Подмосковье ожидается малооблачная погода и +21 градус

Как сегодня выглядит и чем занимается дочь Анастасии Заворотнюк

На территории Славянского НПЗ упал дрон. Без особых последствий

До 26 градусов тепла: как изменится погода в Москве на предстоящей неделе



Новости 24/7 DirectAdvert - доход для вашего сайта



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России



Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city

В Москве найден мёртвым посол Гондураса Эльвир Сальгадо

Купальница народный праздник, который отмечают 20 мая 2024 года

Собянин: В Москве открылись новые выездные площадки для регистрации брака

Пьяный подросток разбил десять машин на парковке в Красноярске

Музыкальные новости

«Динамо» подняло планку // Московский клуб вплотную приблизился к победе в РПЛ

Захарова: визит Путина в Китай - судьбоносный шаг, определяющий будущее планеты

Фестивальный праздник «Музыка моего города» в Улан-Удэ включил в программу спектакль Театра кукол «Ульгэр»: Россия и Культура, Праздник и Дети

Мозес покинет «Спартак» по окончании сезона

Новости России

Топ-10 новостей: Землетрясение, режим ЧС, прибытие самолета-зондировщика

Калашникова сделала Шаляпину необычное предложение

SHOT: в Москве ищут 13-летнюю школьницу, которая ушла из дома 17 мая

В Москве нашли мёртвой пропавшую после прогулки в лесопарке 13-летнюю девочку

Экология в России и мире

Семьи со всего Уральского федерального округа приняли участие в конкурсе «Это у нас семейное»

В Санкт-Петербурге открылся первый магазин китайского бренда Balabala

Туристов из каких российских городов больше всего любят в Турции и Египте: россиянка поняла, каких русских там больше всего ждут

Фестивальный праздник «Музыка моего города» в Улан-Удэ включил в программу спектакль Театра кукол «Ульгэр»: Россия и Культура, Праздник и Дети

Спорт в России и мире

Диего Шварцман: «Два чилийца в полуфинале в Риме. Шесть латиноамериканцев в топ-30. А ATP в следующем году уберет один из турниров в Южной Америке»

Соболенко проиграла Свентек в финале турнира WTA-1000 в Риме

Теннисист Медведев может спуститься на пятое место в ATP после "Мастерса" в Риме

Шнайдер вышла в финал турнира WTA-125 в Париже, обыграв Грачёву

Moscow.media

От воды освобождаются дороги и мосты в Оренбургской и Курганской областях

«Грузовичкоф» развивает представителей бизнес-среды

Исследование: болезни Альцгеймера и Паркинсона прогрессируют из-за климата

Азербайджанский мигрант возмутился из-за того, что в Калининграде суд назначил 4,5 года лишения свободы за убийство в ДТП школьницы. Видео







Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *