Заев:Стојам отвoрено чесно и јавно зад Пенадровски
По оценката што вчера ја упати кандидатот за претседател Гордана Силјановска дека е невообичаено премиер и министри да учествуваат во кампања за претседател и оти сите треба да се однесуваат технички, премиерот Зоран Заев денеска изјави дека тој има право и обврска да поддржи концепт и кандидат за изборите.
“Јас сум и претседател на СДСМ, и секако имаме право да имаме своја определба и став. Соодветно на Уставот и законите направивме избор на кандидат зад кој стоиме. Стојам отворено, чесно и јавно за целиот концепт на Стево Пендаровски и зад Пендаровски затоа што не само што е мое право, туку е и моја обврска и должност да поддржам концепт и кандидат на овие избори, изјави Заев, одговарајќи на новинарско прашање.
Тој апелираше да се даваат понуди на граѓаните и да има позитивна кампања на која се обврзале претседателските кандидати.