Јагланд: Ни треба посилен Совет на Европа за новите предизвици
![Јагланд: Ни треба посилен Совет на Европа за новите предизвици](https://gdb.rferl.org/5F2E871F-CE1E-46F6-8766-59E063AAA463_w800_h450.jpg)
Генералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд, по 10 години минати на оваа функција, во својот најнов годишен извештај ги повика 47-те земји-членки да ја зајакнат оваа најстара паневропска организација за да се обезбеди соодветно финансирање и да се развијат нови стандарди наспроти предизвиците за човековите права и демократијата, јави дописникот на МИА од Стразбур.
„Зголемените закани против владеењето на правото и новите предизвици за човековите права на нашиот континент го потврдија моето убедување дека ние мора да ги зајакнеме инструменти на Советот на Европа, а не да ги замениме или префрлиме на друго место. Тие, исто така, треба да бидат соодветно финансирани со јавни средства“, смета Јагланд.
Во неговиот извештај во прв план се става придонесот на Советот на Европа за промовирање на мирот и стабилноста во Европа, вклучувајќи ја и Европската конвенција за човекови права и Европската социјална повелба.