Уапсен албански државјанин кој сакал да се одмаздува за Крајстчрч
Полицијата во американската сојузна држава Монтана денеска упасиле албански државјанин кој имал намера да и се придружи на Исламската Држава и да се одмаздува за настраданите во нападот во Нов Зеланд, објавија агенциите.
Албанецот Фабијан Аламети цела година бил следен од ФБИ, откако објавил на Фејсбук дека ја поддржува ИД. Еден доушник на ФБИ стапил во контакт со него, а тој му раскажал дека би сакал да изведе терористички напади во САД и тоа на воени објекти, регрутен центар, владини згради, геј клубови и синагога, објавија американските медиуми.
Кога слушнал за масакрот во џамиите на Нов Зеланд, Албанецот побарал од доушникот да му испрати видео линк , а потоа му кажал дека ќе напаѓа минувачи за да ,,ја одмазди крвта” на настраданите во Крајстчрч. Тој е уапасен на стрелиште каде изнајмил пушка и веднаш бил изведен пред суд.