Ги видов доказите, авионот кај Солунска глава се урнал поради ветер, изјави Заев
Ги знам причините, ги видов доказите, ветерот е причина што се урна авионот кај Солунска глава, изјави премиерот Зоран Заев, по денешната работна средба со стопанските комори.
Премиерот додаде дека телефонски му изразил сочувство на неговиот бугарски колега Бојко Борисов, и рече дека најверојатно денеска ќе бидат транспортирани телата на загинатите од семејство Бошнакови во Софија.
Дека телата на загинатите денеска треба да бидат пренесени во Бугарија информираа и службите кои работат на овој случај.