Светска банка: Забавување на економскиот раст во Европа и Централна Азија
Годинава економскиот раст во Европа и во Централна Азија ќе забави на 2,1 проценти, како последица на глобалното забавување на економијата и неизвесните перспективи, предвидува Светската банка.
Во извештајот на Банката, насловен „Најнови економски прогнози за Европа и Централа Азија“, објавен денеска, се посочува дека земјите во овој регион бележат различни стапки на раст на националните економии.
Како земји во кои годинава се очекува најголем економски раст во регионот се посочени Албанија и Србија, а најмал раст од само еден отсто се предвидува за Турција, која во 2017 година имаше раст од 7,4 проценти.