До јули одложена затворската казна на Јанкулоска
![До јули одложена затворската казна на Јанкулоска](https://gdb.rferl.org/4993F895-8C08-416A-AA32-A798E541296F_cx10_cy2_cw77_w800_h450.jpg)
Основниот суд Скопје 1 соопшти денеска дека е донесено решение со кое на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и се одобрува одложување на извршувањето на затворската казна заради чување на дете.
Извршувањето на санкцијата е одложено до 1 јули оваа година. Апелациониот суд Скопје претходно и ја намали казната на Јанкулоска од шест на четири години затвор. Јанкуловска е осудена за набавката на луксузниот мерцедес во одвоената постапка за случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство.