Мы в Telegram
Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer


Май
2019

Новости за 06.05.2019

SlobodnaEvropa.mk 

Јункер му честитa на Пендаровски

Во име на Европската унија претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер, му испрати писмо со честитка на новоизбраниот македонски претседател, Стево Пендаровски. Во него е наведено дека уште еднаш e потврдена недвосмислената поддршка на Европската Унија за европската перспектива на Западниот Балкан. Тој го охрабрува Пендаровски да го продолжи реформскиот пат кон ЕУ на одржлив начин. „Европската Унија смета дека Преспанскиот договор е извонреден политички успех, тој е круцијален чекор на вашиот пат кон Европската Унија. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Романија во „црвена тревога“ поради опасност од торнадо

Во Романија денеска за првпат е издадено предупредување „црвена тревога“ за опасност од торнадо. Предупредувањето се однесува на југоисточните делови Јаломица и Калараш. Во исто време, објавена е и „портокалова тревога“ за силен ветер и бури во голем број други области во земјата. Ветерот дува со брзина од 100 до 110 километри на час и според метеоролозите може да предизвика торнадо, како што се случи минатата недела во реонот на село Дражна, во округот Калараш.

SlobodnaEvropa.mk 

Столтенберг во Анкара на сретна со Ердоган и Чавушоглу

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во Анкара се сретна со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Средбата се одржала во палатата „Чанкаја“, зад затворени врати, и траела еден час, јавуваат турските медиуми. Столтенберг на Твитер по средбата на својот Твитер профил напиша дека НАТО е солидарна со Турција која се соочува со сериозни безбедносни предизвици. На средбата бил присутен и турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, кој по средбата на Твитер информираше... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Честитка за Пендаровски од американската амбасада

Амбасадата на САД во Скопје му ја честита победата на Стево Пендаровски за претседател на Република Северна Македонија и очекува заедничка соработка со него, со Владата и сите политички партии на патот на земјата кон идно членство во НАТО и ЕУ. „Го поздравуваме прелиминарните заклучоци на ОБСЕ/ОДИХР дека изборите биле компетитивни и дека преку почитување на фундаменталните слободи се овозможил демократски процес. Заклучоците се совпаѓаат и со заклучокот на тимовите на Амбасадата на САД, кои ги... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Течат роковите за приговори за претседателските избори

Државната изборна комисија на денешната седница го усвои заклучокот за објавување на првични резултати од вториот круг на претседателските избори. Според обработените 100 проценти од гласовите за претседател е избран кандидатот Стево Пендаровски. Од денеска по донесувањето на заклучокот течат роковите од 48 часа за поднесување приговори за изборниот процес. Податоците покажуваат дека Пендаровски освои 436.212 гласови додека неговата против кандидаткаГордана Сиљановска Давкова освоила 377.713.

SlobodnaEvropa.mk 

Укината пресудата за Кежаровски, предметот вратен на повторно судење

Врховниот суд ги укина пресудите на Основниот суд Скопје 1 и на Апелација за случајот „Ликвидација“ и предметот го врати на повторно судење, напиша на својот Фејсбук профил новинарот Томислав Кежаровски. Тој за овој предмет беше осуден на 4,5 години казна затвор, а потоа Апелација му ја намали казната на две години. „Штета Лиле Стефанова нема да го застапува Обвинителството. А толку сакав да се соочам со неа на фер судење. Ајде да видиме дали овој пат ќе има фер судење,“ напиша Кежаровски. Тој... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Обид за убиство на украински новинар

Новинарот од Украина Вадим Комаров е во кома откако пред два дена двајца непознати мажи го брутално го нападнале во градот Черкаси,соопштија украинските власти. Полицијата соопшти дека го истражува случајот и го води како обид за убиство.Властите не соопштија дали се сомневаат дека нападот е поврзан со неговата работа. Комаров честопати работел на контроверзни теми поврзани со корупција во локалните власти, како и за затворските немири. Во период од две години ова е втор обид за убиство на новинарот Комаров.

SlobodnaEvropa.mk 

Хрватски туристи танцуваат пред спомен куќата на Мајка Тереза

Група од хрватски туристи во Скопје пред спомен куќата на Мајка Тереза изведуваат музички перфоманс во чест на утрешното доаѓање на папата Франциск. Очите на македонската јавност денескa и утре ќе бидат насочени кон папата, бидејќи за првпат во историјата ја посетува нашата земја. На утрешната литургија се очекува да присуствуваат над 15 илјади граѓани. Подготовските за неговото пристигнување се во тек.  Владата го прогласи утрешниот ден за неработен за сите вработени во јавната и државната администрација... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Заострување на односите меѓу Белград и Приштина

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека „првпат во историјата се случува терористи кои имаат протерано еден народ да ја обвинуваат таа држава за геноцид“. Ваквата изјава следува како реакција на најавите на Приштина за подготовка на нацрт-документ со кој Србија би се обвинила за геноцид. „Лидерите во Приштина целосно го изгубија компасот. Од Косово беа протерани Србите, а не Албанците,“ изјави Дачиќ. Тој додаде покрај „налудничавите“ такси што ги воведе Приштина, овие нови... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

ОБСЕ/ОДИХР: Изборите успешни, потребни реформи на изборните закони

Мирни и добро спроведени избори, со успешна завршница, е оценката на меѓународните набљудувачи по вториот круг. Но исто како и во првиот круг, тие изразија сериозна загриженост околу законската рамка и повикаа на итно спроведување на законодавната реформа.

SlobodnaEvropa.mk 

Се породи Меган Меркл

Британското кралско семејство доби нов член. Принцот Хари и Меган Меркл добија син, а за тоа јавноста ја известија на социјалната мрежа Инстаграм. Мајката и бебето се во добра состојба е наведено во објавата. Нивното бебе ќе биде осмото правнуче на кралицата Елизабета втора. Принцот Хари веќе одложи дел од планираните кралски должности, во очекување на раѓањето на своето прво дете. Тој пред новинарите изјави дека бебето ќе и го покаже на јавноста преку медиумите за неколку дена.

SlobodnaEvropa.mk 

Утре неработен ден на територијата на Град Скопје

Владата го прогласи утрешниот ден за неработен за сите вработени во јавната и државната администрација на територијата на Град Скопје поради посетата на папата Франциск. Според соопштението на владината прес-служба, со одлуката се опфатени основните и средните училишта, а градинките ќе бидат организирани непречено да ја извршуваат својата функција. Од Владата им препорачуваат и на приватните компании, особено од централното градско подрачје да ја прифатат одлуката. Дополнително ќе биде соопштено... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Адеми: Си заминувам чист од Министерството за култура

Асаф Адеми од Алтернатива на Африм Гаши, поради здравствени причини, си поднесе оставка на местото Министер за култура. Тој е втор министер што се збогува со оваа позиција во владата на Зоран Заев, а вели дека си заминува со нула корупција во својот ресор.

SlobodnaEvropa.mk 

Во експлозија на камион со нафта, загинаа 55 луѓе во Нигер

Во експлозија на камион кој превезувал нафта во главниот град на Нигер, Нимеј загинале 55 луѓе, а 36 се повредени. Според властите, експлозијата се случила додека толпа луѓе се обидувала да наточи од нафтата на превртениот танкер при што се запалиле и околните куќи. Нигер е сиромашна земја на западот од Африка која се обидува да го искорени шверцот со гориво од соседна Нигерија, која е голем производител на нафта.

SlobodnaEvropa.mk 

Мијалков излегува од куќен притвор

Куќниот притвор на поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков е укинат до правосилност на пресудата од три години затвор во случајот „ Титаник 2“ на СЈО. Апелациониот суд донесе одлука дека мерката може да трае најмногу 60 дена, а рокот истекува денеска. Освен Мијалков во случајот осудени се и лидерот на ДПА Мендух Тачи на 3 години и 2 месеци затвор, потоа членовите на Државната изборна комисија Бедредин Ибраими на 4 и пол години затвор, Влатко Сајковски, Сашо Срцев и Елизабета Стефанова по три години казна затвор.

SlobodnaEvropa.mk 

МОСТ: Гласањето помина во фер и демократска атмосфера

Претседателот на МОСТ, Дарко Алексов денеска изјави дека нивната прелиминарната оценка е дека и во вториот круг од изборите за претседател на државата, граѓаните слободно излегле да го дадат својот глас, а гласањето се спровело во фер и демократска атмосфера. Според него, во текот на изборниот ден биле забележани само неколку изолирани случаи на неправилности кои не влијаеле на квалитетот на изборниот процес. Тој истакна и дека Државната комисија за спречување на корупција меѓу двата круга постапувала... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

В недела инаугурација на Пендаровски

Собраниската седница на која ќе биде инаугуриран новоизбраниот претседател Стево Пендаровски ќе се одржи во недела на 12 мај. Пред народните избраници Пендаровски ќе даде свечена изјава со што и официјално ќе го започне мандатот и ќе стане петтиот претседател на државата. Пендаровски, кој беше поддржан од СДСМ и коалицијата, на вчерашниот втор круг од претседателските избори освои 436.212 гласа или 51,66 отсто од гласовите на граѓаните кои излегоа на гласање.

SlobodnaEvropa.mk 

Привремено прекинати преговорите меѓу САД и талибанците

Мировните преговори меѓу претставници на САД и на талибанците во Доха, Катар се привремено прекинати поради одбележувањето на почетокот на празникот Рамазан. Портпаролот на талибанците, Сухаил Шахин изјави дека разговорите ќе продолжат утре. Според него, има застој во преговорите околу тоа кога ќе заминат странските сили од Авганистан. Пред повлекувањето на американските сили Вашингтон бара милитантите да воспостават безбедносни гаранции, примирје и други обврски како внатрешен дијалог со авганистанските власти и дурги претставници.

SlobodnaEvropa.mk 

Заев најави промени во Владата и во СДСМ

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека ќе има промени во извршната власт, почнувајќи од Владата, заменици министри, државни секретари, како и во јавните претпријатија и сл. Но, истовремено, како што порача, ќе се направат промени и во СДСМ на одредени носители на функции на локално и на централно ниво. “Во еден најбрз период да се направат промените, заради тоа што време е за работа” истакна Заев. Заев за оставката на министерот за култура Асаф Адеми, посочи дека била најавена пред шест месеци, но одложена поради изборите.

SlobodnaEvropa.mk 

До јули одложена затворската казна на Јанкулоска

Основниот суд Скопје 1 соопшти денеска дека е донесено решение со кое на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и се одобрува одложување на извршувањето на затворската казна заради чување на дете. Извршувањето на санкцијата е одложено до 1 јули оваа година. Апелациониот суд Скопје претходно и ја намали казната на Јанкулоска од шест на четири години затвор. Јанкуловска е осудена за набавката на луксузниот мерцедес во одвоената постапка за случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство.

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за култура поднесе оставка од здравствени причини

Министерот за култура Асаф Адеми денеска поднесе оставка од функцијата. Тој порача дека оставката ја најавил минатиот месец поради здравствени причини и неговото повлекување од функцијата не е поврзано со најавите на премиерот Зоран Заев за промени во Владата. Адеми истакна и дека неговото владеење било чесно и транспарентно и дека останува достапен за Антикорупциската комисија.

SlobodnaEvropa.mk 

Пендаровски победи, власта и опозицијата треба да му ја мислат

По резултатите од вчерашните претседателски избори и победата на Стево Пендаровски аналитичарите сметаат дека пред се СДСМ, ВМРО- ДПМНЕ и ДУИ треба да се насочат кон внатрешни партиски реформи.

SlobodnaEvropa.mk 

Столтенберг го охрабрил дијалогот на Турција и САД за рускиот рактен систем

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за време на посетата на Анкара изјави дека го охрабрил тековниот дијалог меѓу Турција и САД за рускиот ракетен систем С-400. САД се противат на плановите на Турција за купување на рускиот ракетен систем. Според Столтенберг, одлуката за воените набавки треба да ја донесат самите земји, но соработката меѓу сојузниците е од витално значење за НАТО во спроведувањето на заедничките операции и мисии. Тој ги охрабрил и разговорите за евентуално купување на американскиот ракетен систем Патриот. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Пронајдени црните кутии од авионот кој се запали на аеродромот во Москва

Руските истражители ги пронашле црните кутии од остатоците на авионот кој се запали по итното слетување на московскиот аеродром „Шереметјево“, при што загинаа најмалку 41 лице. Според соопштението, истражителите испитуваат неколку причини за несреќата. Руското министерство за здравство соопшти дека 9 луѓе биле хоспитализирани по несреќата од кои три се во сериозна состојба. Во авионот имало 78 лица вклучувајќи ги и членовите на посадата. Меѓу загинатите е и еден член на посадата и две деца.


Орловская команда взяла серебро на Всероссийском конкурсе «Кибердром.2024»

«Невероятен»: Лео Канделаки рассказал о работе с Сергеем Шнуровым

Игумении орловского монастыря присвоили звание «Заслуженный писатель»

В России появились новые Kia Picanto от 1,7 млн рублей



Новости 24/7 DirectAdvert - доход для вашего сайта



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России



Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city

Футболиста "Спартака" Квинси Промеса выпустили из тюрьмы в Дубае, но с условием

«Верить друг в друга ради победы в каждом матче»: легенда сербского футбола Станкович возглавит «Спартак»

Орловская команда взяла серебро на Всероссийском конкурсе «Кибердром.2024»

ТАСС: Задержан зампред правительства Алтайского края Кибардин

Музыкальные новости

Футболисты «Локомотива» – в расширенном составе сборной России на июньский сбор

ПОДГОТОВИТЬСЯ К ЛЕТНЕМУ СЕЗОНУ? ЛЕГКО! ВМЕСТЕ С ПЛАТФОРМОЙ FITSTARS НА УМНЫХ ТЕЛЕВИЗОРАХ LG

СЛД «Чита» филиала «Забайкальский» ООО «ЛокоТех-Сервис» пополнило экспозицию выставки «БАМ: наследие для будущего»

Фестивальный праздник «Музыка моего города» в Улан-Удэ включил в программу спектакль Театра кукол «Ульгэр»: Россия и Культура, Праздник и Дети

Новости России

В России появились новые Kia Picanto от 1,7 млн рублей

Суд в Москве заочно арестовал журналистку Залину Маршенкулову

Красноярский край и Хакасия украсят медиапроект РСХБ о путешествиях по России

«Верить друг в друга ради победы в каждом матче»: легенда сербского футбола Станкович возглавит «Спартак»

Экология в России и мире

Азербайджанский мигрант возмутился из-за того, что в Калининграде суд назначил 4,5 года лишения свободы за убийство в ДТП школьницы. Видео

Не чувствую руку: Доктор Кутушов рассказал к чему приводит частое онемение конечностей

Lamoda запустила бренд мужской одежды и обуви Mademan

Состоялась Байкальская театральная школа в Бурятии: Россия и Культура, Дети

Спорт в России и мире

Первая ракетка Казахстана вышла в финал турнира WTA в Италии

Свищёв: МОК и ITF не будут реагировать на призывы наказать Хачанова

Соболенко — Коллинз: белоруска выиграла первый сет в полуфинале Рима

Стало известно, при каком условии Медведев может опуститься на 5-е место рейтинга ATP

Moscow.media

Axenix выводит на рынок систему поддержки принятия решений SmartAx

Краски севера V

Армяне России поддерживают движение «Тавуш во имя Родины»

Завершен очередной этап строительства моста в Мнёвниках







Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *