Столтенберг го охрабрил дијалогот на Турција и САД за рускиот рактен систем
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за време на посетата на Анкара изјави дека го охрабрил тековниот дијалог меѓу Турција и САД за рускиот ракетен систем С-400. САД се противат на плановите на Турција за купување на рускиот ракетен систем.
Според Столтенберг, одлуката за воените набавки треба да ја донесат самите земји, но соработката меѓу сојузниците е од витално значење за НАТО во спроведувањето на заедничките операции и мисии. Тој ги охрабрил и разговорите за евентуално купување на американскиот ракетен систем Патриот.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган неколку пати повтори дека земјата нема да се повлече од договорот со Русија и покрај притисокот од САД.