Мијалков излегува од куќен притвор
Куќниот притвор на поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков е укинат до правосилност на пресудата од три години затвор во случајот „ Титаник 2“ на СЈО. Апелациониот суд донесе одлука дека мерката може да трае најмногу 60 дена, а рокот истекува денеска.
Освен Мијалков во случајот осудени се и лидерот на ДПА Мендух Тачи на 3 години и 2 месеци затвор, потоа членовите на Државната изборна комисија Бедредин Ибраими на 4 и пол години затвор, Влатко Сајковски, Сашо Срцев и Елизабета Стефанова по три години казна затвор.