МОСТ: Гласањето помина во фер и демократска атмосфера
Претседателот на МОСТ, Дарко Алексов денеска изјави дека нивната прелиминарната оценка е дека и во вториот круг од изборите за претседател на државата, граѓаните слободно излегле да го дадат својот глас, а гласањето се спровело во фер и демократска атмосфера.
Според него, во текот на изборниот ден биле забележани само неколку изолирани случаи на неправилности кои не влијаеле на квалитетот на изборниот процес.
Тој истакна и дека Државната комисија за спречување на корупција меѓу двата круга постапувала по четири приговори поднесени од ВМРО-ДПМНЕ во однос на потенцијална злоупотреба на државните ресурси при што, како што посочи Алексов, основано ги одбила сите приговори.