Честитка за Пендаровски од американската амбасада
Амбасадата на САД во Скопје му ја честита победата на Стево Пендаровски за претседател на Република Северна Македонија и очекува заедничка соработка со него, со Владата и сите политички партии на патот на земјата кон идно членство во НАТО и ЕУ.
„Го поздравуваме прелиминарните заклучоци на ОБСЕ/ОДИХР дека изборите биле компетитивни и дека преку почитување на фундаменталните слободи се овозможил демократски процес. Заклучоците се совпаѓаат и со заклучокот на тимовите на Амбасадата на САД, кои ги набљудуваа двата изборни круга“ се вели во соопштението.
Во продолжение е наведено дека доколку има забелешки за какво било нерегуларности, американската амбасада ги охрабрува граѓаните и претставниците на граѓанските организации да ги пријават.