Обид за убиство на украински новинар
Новинарот од Украина Вадим Комаров е во кома откако пред два дена двајца непознати мажи го брутално го нападнале во градот Черкаси,соопштија украинските власти. Полицијата соопшти дека го истражува случајот и го води како обид за убиство.Властите не соопштија дали се сомневаат дека нападот е поврзан со неговата работа. Комаров честопати работел на контроверзни теми поврзани со корупција во локалните власти, како и за затворските немири. Во период од две години ова е втор обид за убиство на новинарот Комаров.