Хрватски туристи танцуваат пред спомен куќата на Мајка Тереза
![Хрватски туристи танцуваат пред спомен куќата на Мајка Тереза](https://gdb.rferl.org/E7BA9799-8FBF-4E8F-A2BF-BF698B5C681F_w800_h450.jpg)
Група од хрватски туристи во Скопје пред спомен куќата на Мајка Тереза изведуваат музички перфоманс во чест на утрешното доаѓање на папата Франциск. Очите на македонската јавност денескa и утре ќе бидат насочени кон папата, бидејќи за првпат во историјата ја посетува нашата земја. На утрешната литургија се очекува да присуствуваат над 15 илјади граѓани. Подготовските за неговото пристигнување се во тек.
Владата го прогласи утрешниот ден за неработен за сите вработени во јавната и државната администрација на територијата на Град Скопје поради посетата на папата Франциск и им препорачува и на приватните компании, да го следат примерот со цел олеснување на движењето низ градот за време на посетата.