Заев: Нема да се мешам во надлежностите на претседателот
„Претседателот знае понекогаш да не консултира за одредени прашања. Тоа се негови надлежности и секако негово право е. Верувам дека консултациите ќе продолжат, за ова и за други прашања. Претседателот на државата ќе одговори, јас немам амбиции да мешам во тој дел, знаете дека сум прилично внимателен. Тоа е негова надлежност, но верувам дека транспарентноста и правото на коментирање за одредени случаи од сите политички партии е добредојдено“, рече Заев.
Тој најави дека веројатно следната недела ќе има нова средба со лидерот на ДУИ Али Ахмети во врска со најавените промени во извршната власт.