Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer


Май
2019

Новости за 23.05.2019

SlobodnaEvropa.mk 

Богоевски: Вредностите се над функцијата

Пратеникот Павле Богоевски, откако денеска на Комисијата за деловнички и мандантно-имунитетни прашања, со која претседава тој, информира оти поднесува оставка, попладнево се огласи и на својот Фејсбук профил, нагласувајќи дека вредностите се над функцијата. "Друштво, Ви благодарам на честа, овие две години да ви служам вам и на нашата држава најдобро што знам и умеам. Вредностите се над функцијата. Сега и секогаш!", наведе во постот Богоевски. На денешната седница на собраниската Комисија требаше... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Заев во посета на Црна Гора

Претседателот на Владата, Зоран Заев зедно со владина делегација од денеска е во дводневна официјална посета на Црна Гора каде во главниот град Подгорица  утре ќе се одржи првата заедничка седница меѓу владите на двете земји. Заедно со владината делегација  престојува и поголема делегација стопанственици, членови на стопанските комори од земајва. На седницата се очекува да бидат разгледани повеќе информации од интерес за двете земји за развивање и продлабочување на идната соработка и ќе бидат... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Лажна бомба поминала низ аеродромска контрола во Љубљана

Безбедносниот инспектор на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Словенија, кој се преправал дека е патник, успеал минатата недела да пренесе лажна експлозивна направа во близина на контролните пунктови на аеродромот „Јоже Пучник“ во Љубљана. Словенечки медиуми, повикувајќи се на неофицијални извори, јавуваат дека обезбедувањето не ја открило лажната експлозивна направа. Во извештајот се наведува дека инспекторот, кој се претставил како патник на лет до Франкфурт, ја поминал рендгенската и личната контрола... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

По забелешките од УНЕСКО во Охрид се отстрануваат палмите

Во Охрид денес започна отстранувањето на палмите кои кои од пред неколку години беа засадени на различни локации во рамки на акцијата Ден на дрвото До ова доаѓа по објавениот извештај на мисијата УНЕСКО во кои беа нотирани проблеми кои се закануваат Охридскиот регион да го стават на листа на загрозени подрачја. “Се работи за неавтохтони видови, кои ќе бидат заменети со соодветни, информира градоналникот на Охрид Константин Георгиески на пресс конференција што се одржа денеска. Тој најави дека... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Германска фармацевтска компанија ќе гради фабрика во Скопје

Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев денеска присуствуваа на потпишување на договор за закуп на парцела со површина од 139.640 квадратни метри во ТИРЗ Скопје  со германската фармацевтска компанија Герешајмер, која треба да реализира објект од неколку десетици милиони евра.  Премиерот Заев, рече дека тоа е една од највредните странски инвестиции, светски бренд во производството на амбалажа за медицинска и фармацевтска индустрија, компанија којашто ќе вработи 400-тини луѓе. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Ременски: Вељановски да поднесе оставка од Комисијата за надзор на УБК

Потпретседателката на Собранието Фросина Ташевска-Ременски на денешната затворена седница на Комисијата за надзор на работата на УБК и на Агенцијата за разузнавање, го праша директорот на УБК Горан Николовски дали смета дека поранешниот претсеадтел на Собарнието, а сега пратеник Трајко Вељаноски и натаму треба да е имател на безбедносен серификат з а државна тајна. „Дали имателот на безбедносен сертификат за државна тајна Трајко Вељаноски може да гледа строго класифицирани документи и материјали... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Пентагон размислува да испрати уште 5.000 војници на Блискиот Исток

Пентагон го анализира американското воено барање да испрати уште 5.000 војници на Блискиот Исток, поради зголемените тензии со Иран, објави Ројтерс, цитирајќи американски официјални лица. Официјалните претставници, кои во анонимност заборувале за Ројтерс, рекле дека Централната команда на САД го поднела барањето, но оти не е јасно дали Министерството за одбрана ќе го одобри тоа. Односите меѓу Техеран и Вашингтон се влошија откако во минатата година претседателот Трамп ги повлече САД од нуклеарниот... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Пломп: Одлуката за преговори треба да помине во сите земји- членки на ЕУ

Холандскиот амбасадор Вилем Ваутер Пломп денеска изјави дека препораката на ЕК за датум за отпочнување на преговори за да биде одобрена треба да помине во парламентите на сите земји членки на ЕУ, а влијание ќе имаат и европските избори кои почнува денеска. „Би сакал да можам да ви кажам, но она што можам да го кажам е знаете добро дека изборите за Европскиот парламент се наскоро. Во Холандија тие се денеска, се чека и извештајот на Европската комисија за напредокот на вашата земја и потоа е многу... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Двајца мигранти се задушиле во цистерна во Србија

Српските власти соопштија дека двајца мигранти починале, а двајца се во тешка состојба додека се превезувале со цистерна преку земјата. Според властите, мигрантите претрпеле топлотен удар и се задушиле. Настанот се случил во близина на границата со Унгарија кога возачот на камионот ја отворил цистерната и сфатил дека тие се во тешка состојба. Министерството за внатрешни работи соопшти дека најмалку двајца од мигрантите се од Авганистан.

SlobodnaEvropa.mk 

Заев ја поздрави одлуката на Богоевски за оставка од функцијата

Премиерот Зоран Заев ја поздрави одлуката на пратеникот Павле Богоевски да поднесе оставка на функцијата. Според него, одлуката на Богоевски е храбра и во функција на понесување одговорност за етички работи за кои граѓаните очекуваат политичарите да повлечат чекор во таа насока. „Многу е важно секој од функционерите каква одговорност носи во делот на неговото извршување на обврските пред граѓаните, пред институцијата и државата. Секогаш кога одреден дел од неговиот приватен живот нема влијание... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Кабинет на Пендаровски: Муслиу е врвен професионалец

Претседателот Стево Пендаровски ја донел одлуката за именување на Еролд Муслиу за директор на Агенцијата за разузнавање, по анализа на неколку имиња, соопштија од неговиот кабинет. Името на Муслиу, како што наведуваат од кабинетот, се издвоило како решение за извршување на оваа одговорна функција. „Станува збор за врвен професионалец кој својата кариера ја градел во земјава и имал беспрекорна соработка со службите од сите сојузнички држави. За именувањето на Еролд Муслиу за директор на Агенцијата... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Нови 105 случаи на морбили, досега заболени 1625 лица

Доктор Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје денеска информираше дека се регистрирани 105 нови случаи на морбили, од кои 49 во Скопје, а 56 во другите градови низ државата. Вкупната бројка на досега заболени изнесува 1.625 пациенти. Според него, тоа е најголема бројка на заболени од морбили во последните 25 години. „Досега вкупно 27.000 лица се вакцинирани од почетокот на епидемијата, меѓутоа уште 15.600 лица се подложни на вакцинација, чувствителни на вирусот, а досега не се вакцинирани. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Муслиу: Јас сум именуван од Пендаровски, кој е поддржан од ДУИ

Новиот директор на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу денеска порача дека не е информиран за изјавите од ДУИ за неговото назначување на функцијата. Тој истакна дека ќе почека одлуката за негово именување да излезе во Службен весник, па потоа ќе дава изјави.  „Не сум ја прочитал таа изјава на вицепремиерот Бујар Османи, меѓутоа вчера слушнавте, имаше став и од претседателот, јас сум именуван од претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски. Не знам кој е ставот на политичката партија ДУИ... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Оставка на Богоевски, за Груевски допрва ќе се одлучува

На денешната седница на собраниската комисија за мандатно-имунитетни прашања Павле Богоевски поднесе оставка од пратеничката функција. Оставката, како што рече, ја поднесува од морални и етички причини

SlobodnaEvropa.mk 

Јовески: Нема пречки Интерпол да ја објави потерницата за Груевски

Јавниот обвинител Љубомир Јовески изјави денеска дека верува оти нема законски или било какви други пречки потерницата за поранешниот премиер Никола Груевски да не биде објавена на листата на Интерпол. „Во скоро време ќе се реши таа состојба. За тоа е задолжена обвинителката Вилма Русковска, како напредува во тој дел мене не ми е познато, но верувам дека нема законски или било какви пречки потерницата да не биде објавена на листата на Интерпол“ истакна Јовески по потпишувањето на меморандумот за... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Заев: Нема да се мешам во надлежностите на претседателот

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека поставувањето на Еролд Муслиу за нов директор на Агенцијата за разузнавање е надлежност и право на претседателот на државата. „Претседателот знае понекогаш да не консултира за одредени прашања. Тоа се негови надлежности и секако негово право е. Верувам дека консултациите ќе продолжат, за ова и за други прашања. Претседателот на државата ќе одговори, јас немам амбиции да мешам во тој дел, знаете дека сум прилично внимателен. Тоа е негова надлежност, но верувам... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Богоевски поднесе оставка од пратеничката функција

Пратеникот Павле Богоевски денеска понесе оставка од функцијата за време на комисиската расправа за одземање на мандатот на поранешниот премиер Никола Груевски. Богоевски порача дека донела таква долука, бидејќи го почитува гласот на јавноста. „Гласот на јавноста беше повеќе од очигледен. Не може пратеник кој се борел за правда и еднаквост на правото да ги крши законите. Не може. Затоа ќе поставам пример кој се надевам сите ќе го следат, каде што етиката и моралот ќе бидат над желбата за функцијата. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Нимиц: Референцата ПЈРМ беше понижувачка за земјата

Медијаторот на ОН во спорот за името Метју Нимиц во разговор за Дојче Веле изјави дека за него потпишувањето на Договорот од Преспа бил потресен и важен ден, не само поради неговиот 79 роденден, туку веројатно дека тој ден бил врвот на неговата кариера. Нимиц посочува и дека постојано се мачел со користење на привремената референца. „Привремената референца во Обединетите нации воопшто не беше име на земјата. Тоа беше времена референца во очекување на име. Тоа ви е како јас и сопругата да добиеме... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Заев ги разреши претседателите на општинските ограноци на СДСМ

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека донел одлука за разрешување на сите претседатели на општински ограноци на СДСМ. Воедно тој апелираше тие повторно да се кандидираат на следниот конкурс кој идната седмица ќе биде објавен. Заев по работниот појадок со бизнисмените во хотелот Хилтон појасни дека како што ќе ги носат одлуките така ќе ги објавуваат. „Почетокот на јуни или првата половина на јуни ќе се случуваат промените во општествениот сектор, тоа се јавните претпријатија, министерствата, Владата и сите владини институции. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Белорусија сака да увезува нафта од Казахстан

Белорускиот претседател Александар Лукашенко преложи отворање на разговори со Казахстан за можна испорака на нафта во Белорусија. Русија го прекина протокот на нафта преку рускиот гасовод Дружба поради контаминација што предизвика удар на светскиот пазар. Лукашенко говорејќи по средбата со казахстанскиот амбасадор во земјата Јермукхамет Јертисбајев порача дека Минск би сакал да го прошири увозот на нафта. Јерстисбајев изјави дека Казахстан е подготвен да испорачува нафта во Белорусија, но по претходен договор со Русија.

SlobodnaEvropa.mk 

Каде ќе одите за Кирил и Методиј?

Туристичките работници се задоволни од продадените аранжмани во мај, но и од се поголемиот интерес на странските туристи за охридското крајбрежје и другите дестинации меѓу кои и Скопје.

SlobodnaEvropa.mk 

ДУИ против назначувањето на Муслиу за директор на Агенцијата за разузнавање

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска изјави дека одлуката на претседателот Стево Пендаровски за именување на Еролд Муслиу за директор на Агенцијата за разузнавање ги вознемирила сите и ставила сенка на вчерашниот ден кога Собранието ги донесе реформите на безбедносните служби. „Одлуката е врз основа на недоволни информации и дека не е злонамерна, меѓутоа ставот на ДУИ, тука зборувам како портпарол на ДУИ во моментот е дека додека не се расветлат до крај кумановските настани, ниту... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Стапи на сила декретот за распуштање на украинскиот Парламент

Декретот на украинскиот претседател Володимир Зеленски за распуштање на Парламентот стапи на сила. Составот на новиот законодавен дом ќе биде избран на 21 јули за кога се закажани парламентарните избори. Зеленски повика изборите да бидат спроведени врз основа на гласањето за политичките партии, а не за кандидатите. Тој посочи дека според сегашниот систем некои пратенички места се кои се пополнети од индивидуални кандидати ја фаворизира корупцијата. Но, на итната седница на Врховната Рада вчера... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Виси пратеничкиот мандат на Груевски, но и на Богоевски?

Собраниската комисија за мандатно-имунитетни прашања расправа за одземање на пратеничкиот мандат на Никола Груевски, кој по бегството во Унгарија, повеќе од шест месеци не присуствува на собраниските седници. За одземање на мандат на пратеник потребно е двотретинско мнозинство, односно 80 пратеници.




Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *