Нимиц: Референцата ПЈРМ беше понижувачка за земјата
„Привремената референца во Обединетите нации воопшто не беше име на земјата. Тоа беше времена референца во очекување на име. Тоа ви е како јас и сопругата да добиеме дете и во болница да му напишат „синот на г-дин и г-ѓа Нимиц. И ако детето 20 години шета без име, тој или таа ќе расте во многу непријатна ситуација. Вашата земја беше заглавена со таа референца што беше понижувачки за државата, ја доведуваше во прашање нејзината легитимност, отвораше проблеми, а беше тешко и за мене како претставник на ОН да ја користам и постојано да повторувам ‘поранешна југословенска Република Македонија“, вели Нимиц.
Според него, единствениот период во минатото кога можеби можел да се реши спорот се отворил веднаш по Самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година. Процесот на антикцизација во Скопје, што го почна владата на Никола Груевски по Самитот во Букурешт, како што наведува Нимиц,имало многу лош ефект на процесот. Тој додава дека Груевски никогаш не бил подготвен да го направи последниот чекор.
Нимиц смета и дека грчкиот и македонскиот премиер Алексис Ципрас и Зоран Заев сториле извонредна работа затоа што имале политичка храброст.