Заев во посета на Црна Гора
Заедно со владината делегација престојува и поголема делегација стопанственици, членови на стопанските комори од земајва.
На седницата се очекува да бидат разгледани повеќе информации од интерес за двете земји за развивање и продлабочување на идната соработка и ќе бидат потпишани повеќе договори и меморандуми за соработка од областа на внатрешните работи, од заштитата на животната средина и од здравството.
На заедничката владина седница ќе му претходи бизнис-форумот, кој ќе го отворат премиерите Заев и Марковиќ, и претседателите на Стопанската комора на Црна Гора и на Северна Македонија, Властимир Голубовиќ и Бранко Азески.