Пописот во Македонија ќе се спроведе од први до 21 април 2020 година
Пописот на населението во Македонија во 2020 година ќе се спроведе од 1 до 21 април. На терен ќе бидат ангажирани околу 5.000 попишувачи, а овој пат ќе се користи комбиниран метод што подразбира покрај корисење податоци на терен, и податоци од регистри. Се проценува дека оваа операција ќе чини 8,5 милиони евра. Ова го наведува директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски во интервју за МИА. Тој рече дека жали што пописот во 2011 година бил неуспешен, и дека тие како институција ќе го носат тој товар. Читать дальше...