Мы в Telegram
Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer


Июль
2018

Новости за 17.07.2018

SlobodnaEvropa.mk 

Рајан: САД се со НАТО сојузниците

Претседавачот со претставничкиот дом на американскиот конгрес, републиканецот Пол Рајан денеска рече дека САД стојат со НАТО сојузниците и сите земји кои застанале спротивно од руската агресија. Тој најави и дека конгресот ќе разгледа нови санкции за Русија. Реакцијата на Рајат следува по состанокот на американскиот претседател Доналд Трамп со рускиот лидер Владимир Путин, на кој Трамп не ја обвини Русија за вмешување во американските избори во 2016 година. Конгресменот денеска нагласи и дека требало... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Заменик-помошникот државен секретар на САД Мароко на средби во Скопје

Заменик-помошникот државен секретар на Соединетите Американски Држави и шеф на Бирото за конфликти и операции за стабилизација Пит Мароко, кој престојува во посета на Македонија, попладнево во Владата се сретна со претставниците на Националниот комитет за спречување на насилниот екстремизам и борба против тероризмот. Како што информираат од владината прес служба, на состанокот присуствувале националниот координатор Борче Петревски и замениците Џеладин Ајвази и Златко Апостолоски. Тема на разговорот... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Во Битола во јуни немало ПМ честички над дозволеното

Податоците за мај, јуни и јули споредени со оние од лани, покажуваат драстично намалување на концентрациите на ПМ честичките во битолскиот регион. На тоа влијае намалувањето на непокриените површини со пепел од РЕК.

SlobodnaEvropa.mk 

Триесеттата Поетска ноќ во Велестово „заборавена“ од државата

Со програма посветена на најновата македонска поезија, уметнички перформанси, изложба и промоции, на 20 и 21 јули, ќе се одржи јубилејната 30-та Поетска ноќ во Велестово, втората најстара книжевна манифестација во Македонија за која Министерството за култура годинава во својот Годишен конкурс за програми од национален интерес не одвои ни денар.

SlobodnaEvropa.mk 

Вучиќ се сретна со Макрон во Париз

Српскиот претседател Александар Вучиќ по денешната средба во Париз со францускиот претседател Емануел Макрон на прес конференција изјави дека Србија добила поддршка од Франција за постигнување на компромисно решение со Албанците во Косово. „Постигнавме висок степен на согласност за постигнување на компромисно решение. Мораме да го сочуваме мирот и стабилноста, заеднички да бараме решенија и да гледаме во иднината. Голема и важна е улогата на Франција и на Макрон во целина“ изјави Вучиќ. Во врска со европскиот пат на Србија... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Хан и порача на Тирана дека нема време за губење

Еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан, попладнево на заедничката седница со албанската влада порача дека не треба да се губи време и оти подготвителниот процес е прва фаза од преговарчкиот процес. "Јас секогаш ја кажувам оваа реченица, ние или ќе извезуваме стабилност или ќе увeзуваме нестабилност. И мислам дека ова е најдобриот опис во кратка реченица за тоа што е причината. Но, не е само тоа. Кога станува збор за Западен Балкан, секогаш велам дека тоа ќе беше комплетирање... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

За СДСМ измените се нужни, ВМРО-ДПМНЕ останува на барањата

Владејачката СДСМ тврди дека ВМРО-ДПМНЕ свесно и намерно го блокира изборот на Државната изборна комисија, со што го доведува во прашање одржувањето на референдум за македонската иднина. Од опозициската партија, пак, велат дека начинот на СДСМ да ги донесе измените во Изборниот законик се обид за создавање на простор за манипулирање и изигрување на волјата на граѓаните и дека со тоа, СДСМ сака да ги заобиколи демократската процедура и воспоставената демократска пракса, ваквите измени да се носат во консултација и согласност со опозицијата. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Иран ги тужи САД пред Меѓународниот суд на правдата

Меѓународниот суд на правдата потврди дека Иран поднел тужба против Соединетите Американски Држави поради повторното воведување санкции против Техеран од администрацијата на претседателот Доналд Трамп. Техеран тужбата ја поднел со тврдење дека со потегот се прекршува нуклеарниот договор кој Иран го потпиша со САД и другите пет светски сили. Денешната потврда од судот доаѓа ден откако министерот за надворешни работи на Иран Мохамад Џавад Зариф на социјалната мрежа Твитер напиша дека предметот во... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Џафери: Собранието не може да биде заробеник на политичките партии

Собранието на Република Македонија попладнево со 62 гласа „за“ ја утврди потребата за донесување по скратена постапка на измени и дополнувања на Изборниот законик што се однесуваат на изборот на членови на Државната изборна комисија (ДИК). Претседателот на законодавниот дом Талат Џафери, врз основа на член 117, став 1 од Деловникот на Собранието на РМ, ја задолжи Комисијата за европски прашања, како што рече, како матично работно тело, и Законодавно правната комисија, да расправаат за законот.... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Згуридис: Ратификација со 180 пратеници на договорот или народот да одлучи

Нашата позиција е јасна и опфаќа две работи или 180 пратеници или народот, вели потпретседателот на Независни Грци, Панајотис Згуридис, во однос на ратификацијата во грчкиот Парламент на Договорот од Преспа. Во интервју за грчкото радио „Реал фм“ тој ја повторува позицијата на коалицискиот партнер во грчката Влада дека решението меѓу Македонија и Грција треба да биде изгласано со зголемено мнозинство (180, наместо 151 пратеник), а во спротивно, тие ќе се повлечат од владата. Згуридис ги демантира... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерска средба утре во 18 часот

Од владата попладнево информираа дека премиерот Зоран Заев за утре попладне во 18 часот, во Клубот на пратениците закажа лидерска средба. “Заради исклучителниот политички момент кој наложува проширување на институционалната рамка на лидерските состаноци, на оваа средба во формат 1+1 (лидерот на партијата плус уште еден претставник на политичката партија), се поканети партиите со повеќе од еден пратеник во Собранието на Република Македонија” се наведува во владиното соопштение. На средбата, како... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Измени во Изборниот законик за откочување на блокадите, опозицијата негодува

Владата предложи измени во Изборниот закони со кои членовите на Државата изборна комисија би се бирале со просто мнозинство наместо со двотретинско, со цел одблокирање на изборот на ДИК. За ВМРО-ДПМНЕ ова е скандалозно решение.

SlobodnaEvropa.mk 

Бошњаковски: Опозицијата да докаже дали е за членство на Македонија во ЕУ и НАТО

Презентирајќи ги предлозите за измени на изборниот законик и по реакциите на опозицијата, владиниот портпарол Миле Бошњаковски рече дека „Владата нема да дозволи опозицијата да ги направи граѓаните заложници на партиски интереси“. „Отсуството на одговорност кај опозицијата не може да биде пречка за изразување на волјата за мнозинството граѓани на земјава, волјата на граѓаните на Република Македонија ќе биде изразена на слободен и демократски организиран референдум. Време е опозицијата да докаже дали е за членство на Македонија во ЕУ и НАТО“... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Осомничените за смртта на Саздовски ќе одговараат за убиство

Основното јавно обвинителство одлучило против осомничени за смртта на Никола Саздовски да се води истражна постапка за „убиство извршено на свиреп начин“. „По преземање на сите дејствија за утврдување на фактите во предметот против трите лица осомничени за кривичното дело извршено на 29 јуни 2018 година при кое почина лицето Н.С., Основното јавно обвинителство Скопје изврши преквалификација на кривичното дело за кое до сега се водеше истражната постапка“, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Попоски: Потребна е промена на менталитетот

На денешната седница на Националниот совет за евроинтеграции, на која присуствуваа и еврокомесарот Јоханес Хан и известувачот Иво Вајгел, опозицијата и власта изнесоа различни ставови во однос на институционалната подготвеност на земјата за пристапните преговори. Претседателот на НСЕИ и член на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Никола Попоски појасни дека скринингот е дијагноза, односно согледување колку сме усогласени со законодавството на ЕУ. „Наместо да продолжиме во следните шест месеци да печатиме... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Захариадис: Можеби тие кои на протестите говореле за предавства и не се толку чисти патриоти

Шефот на пратеничката група на СИРИЗА, Костас Захариадис, коментирајќи ги активностите на руските дипломати во северна Грција и информациите за обиди за поткуп, изјави дека „можеби граѓаните кои на протестите говореле за предавства и создале тензии и не се толку чисти патриоти, туку можеби и зеле нешто“. „Заедно со мирните и демократски граѓани кои протестираа на демонстрациите, некои кои што создадоа бучава, тензии, кои велеа радикални работи, говореа за предавства, за национални предавства, можеби и не беа толку невини патриоти... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Итни измени на изборниот законик, избор на ДИК со просто мнозинство

Владата во собраниска процедура ги пушти измените на Изборниот законик, со кои предлага Државната изборна комисија да се бира со 61 пратеник, наместо со двотретинско мнозинство. Претседателот на Собранието Талат Џафери, предлог-законот по скратена постапка со европско знаменце го стави на дневен ред на денешната 53. пленарна седница. „Во очи на формирање на ДИК, разгледување на Изборниот законик и на вака закажана седница на Собранието, која беше закажана за денеска во 12 часот, во 12:38 доаѓа... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Турција бомбардираше клучни позиции на курдската ПКК

Неколку клучни магацини за оружје и муниција на бунтовничката Курдска работничка партија (ПКК) во северен Ирак денес биле бомбардирани од турското воено воздухопловство, јави АП. Според телевизијата НТВ, цел на нападите биле позиции на ПКК во близина на градот Метин. Турција ги интензивираше своите операции во северен Ирак, откако во голема мерка ги совлада курдските групи во северна Сирија. ПКК од 1984 година се бори за автономија на регионите населни со Курди во турската држава и се наоѓа на листите на терористички организации на Турција... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Нема да има втора шанса, порача известувачот Вајгл

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Иво Вајгел, денеска порача дека сега е клучен историски момент за Македонија и треба да се процени како прв конкретен чекор кон членството во ЕУ. „Ова не е формалност, ова е содржинска шанса за напредок. Членството во ЕУ и НАТО се историска шанса за Македонија. Нема да има втора шанса. Сакам да ја пренесам пораката до вас дека нема да има втора шанса за да се решат отворените прашања што го оптоваруваа процесот на пристапување на Македонија кон... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Руско влијание – пари, фудбал и идеологија

Навивачките групи на спортски клубови секогаш биле интересна група за вршење некакво социјално влијание. Премиерот Зоран Заев вчера обвини дека грчки бизнисмени со проруски ставови им плаќале на Комитите да предизвикаат немири на протестите против промена на името.

SlobodnaEvropa.mk 

„Го сакам Водно“ не отстапуваат од ставот против гасоводот во парк-шумата

Од граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“ соопштија дека и покрај средбата со вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, директорот на Македонски енергетски ресурси Бајрам Реџепи и претставници на Кабинетот на градоначалникот на Скопје и на ЈКП „паркови и зеленило“ Скопје, останува на ставот дека е против какви било градежни активности во „Парк шумата Водно“ . Тие велат дека ја поттикнуваат Владата и нејзините надлежни институции да ги активираат сите свои механизми да го заштитат Водно... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Владина криза во Словенија, можни предвремени избори

Демохристијанската партија Нова Словенија се повлече од преговорите за формирање нова Влада со мандатарот Јанез Јанша, по што се отвора  прашањето за одржување предвремени парламентарни избори во Словенија, објави Ројтерс. По јунските парламентарни избори, словенечкиот Парламент е поделен меѓу повеќе мали партии. На тие избори победи десничарската Словенечка демократска странка (СДС) на Јанез Јанша, која сепак не успева да обебзеди парламентарно мнозинство за да формира Влада, иако се очекуваше дека ќе најде заеднички јазик со Матеј Тонин... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

„Athens voice“: Следните руски чекори против Договорот Скопје-Атина ќе бидат поефикасни

Едeн од центрите на одлучување за руските активности против Договорот на Грција и Македонија бил лоциран на Света Гора, каде што под изговор „аџилак“ се собирале познати грчки екстремни десничари, пратеници на „Златна зора“, моќни црковни фактори, бизнисмени и „многу Руси од сите области и специјалности“, објави грчкиот неделник „Athens voice“, кој анализира дека руските „тојански коњи“ за Договорот Скопје-Атина, се само врв на ледениот брег. Како резултат на тоа, во северна Грција биле активирани бројни бизнисмени... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

ОБСЕ бара расветлување на случајот Ивановиќ

Канцеларијата на ОБСЕ во Косово, преку објава на Фејсбук, ги повика косовските инстутуции да го решат случајот со убиството српскиот политичар Оливер Ивановиќ, кој беше застрелан на 16 јануари во северна Митровица, објави „Газета Експрес“. Мисијата на ОБСЕ во Приштина нагласува дека шест месеци по убиството, виновниците остануваат на слобода, а напредокот на истрагата е мал. „Неодамнешната средба меѓу инспекторите од Приштина и Белград се позитивни и ние го охрабруваме спроведувањето на законот. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Вреди да се вложи во признавањето на МПЦ, изјави бугарскиот патријарх Неофит

Ќе го молам Бог да биде нашиот помошник во оваа добра намера. Ние ги сакаме браќата Македонци и со нив ќе бидеме радосни и среќни, изјави бугарскиот патријарх Неофит, на новинарско прашање „како во Вселенската патријаршија ќе биде поддржан процесот на признавање на автокефалноста на Македонската православна црква - Охридска архиепископија“. Тој во интервјуто за БГНЕС рече дека признавањето на МПЦ го смета како „нешто во кое вреди да се вложи“.


Кинолог Голубев: йога с щенками должна выйти из «серой зоны»

Врач из Иркутска купил квартиру для своей семьи в Подмосковье

Под Тулой для кота-инвалида напечатали протез на 3D-принтере

Орловская команда взяла серебро на Всероссийском конкурсе «Кибердром.2024»



Новости 24/7 DirectAdvert - доход для вашего сайта



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России



Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city

Орловская команда взяла серебро на Всероссийском конкурсе «Кибердром.2024»

Эксперт Президентской академии в Санкт-Петербурге об изменениях в налоговом и бюджетном законодательстве России

Инструменты для работы на внешних рынках представят на конференции в Архангельске

Провоз велосипедов в пригородных поездах станет бесплатным в Москве 18 мая

Музыкальные новости

На заводах АО "Желдорреммаш" внедряется автоматизированная система по рекламационно-претензионной работе “Астрея”

Инсайдер Карпов: "Спартак" выкупил Станковича у "Ференцвароша" за €200 тыс

Звезды спорта. Кто они такие и почему их так называют?

Институт экономики города и СберИндекс впервые исследовали доступность жилья в более чем 700 городах России

Новости России

Выставка «Здесь Родины моей начало» открылась в галерее «Загорье»

Инструменты для работы на внешних рынках представят на конференции в Архангельске

«585*ЗОЛОТОЙ» назвала топ-10 самых популярных драгоценных камней в России

Врач из Иркутска купил квартиру для своей семьи в Подмосковье

Экология в России и мире

Студенты городских образовательных учреждений проходят практику в Marins Park Hotel Новосибирск

Армяне России поддерживают движение «Тавуш во имя Родины»

Пермский край, Суксунский район

С чем носить джинсовое платье этой весной: примеры образов

Спорт в России и мире

Теннисист Медведев может спуститься на пятое место в ATP после "Мастерса" в Риме

Первая ракетка Казахстана вышла в финал турнира WTA в Италии

Диего Шварцман: «Два чилийца в полуфинале в Риме. Шесть латиноамериканцев в топ-30. А ATP в следующем году уберет один из турниров в Южной Америке»

Теннисист Медведев не смог выйти в четвертьфинал турнира серии «Мастерс» в Риме

Moscow.media

Игровые клавиатуры Bloody S515R, B825R: механические свитчи и подставка под запястья

Краски севера V

В Парке Горького вновь пройдет Московский детский фестиваль искусств «НЕБО»

Фестивальный праздник «Музыка моего города» в Улан-Удэ включил в программу спектакль Театра кукол «Ульгэр»: Россия и Культура, Праздник и Дети







Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *