Трамп и во идната година на Светскиот форум во Давос
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе учествува на Светскиот економски форум во Давос кој се одржува кон крајот на јануари 2019 година во Швајцарија, соопшти Белата куќа. Тоа е второ учество на Трамп на овој форум на кој се собираат истакнати политичари и деловни луѓе, како и научници, уметници. На собирот ќе учествуваат и други претставници на американската администрација како државниот секретар Мајк Помпео, министерот за финансии Стив Мнучин и министерот за трговија Вилбур Рос.