Трамп: богатите земји треба да им плаќаат на САД
Американскиот претседател Доналд Трамп по ненадејната посета на американските војници во Ирак, ги посети и војниците во американската воздухопловна база Рамштајн во Германија.
Американскиот претседател Доналд Трамп по ненадејната посета на американските војници во Ирак, ги посети и војниците во американската воздухопловна база Рамштајн во Германија.
Американскиот претседател Доналд Трамп ги поздрави американските војници во Германија откако претходно ги посети и американските војници во Ирак што беше прва негова посета на војниците кои се стационирани во таа земја. Трамп престојуваше во базата во Германија на враќање од Ирак со оглед на тоа што неговиот авион требало да биде наполнет со гориво. За време на посетата на базата Ал Асад западно од Багдад тој ја бранеше неговата одлука за повлекување на 2 илјади војници од Сирија, наведувајќи дека Исламската држава била „скоро победена“.
Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 72 седница на која пратениците ќе поставуваат прашања. Собранието вчера по скратена постапка ги донесе Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, Законот за пензиско и инвалидско осигурување и Законот за лековите и медицинските средства. Претседателот на Собранието Талат Џаферипотоа ја прекина 77. седница, а продолжението го најави за в петок.
Во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус десет до минус два, а дневната од еден до десет степени. Во Скопје и околината слично време. Утринската температура ќе се спушти до минус пет, а дневната ќе достигне до шест степени.