Северна Кореја навредена од изјавите на Трамп за Ким
Северна Кореја се закани дека ќе продолжи да го навредува американскиот претседател Доналд Трамп и ќе го нарекува „сенилен“ ако тој продолжи да користи провокативен речник и за лидерот Ким Џонг Ун да вели оти е „човек ракета“. Првата заменичка на шефот на севернокорејската дипломатија Чое Сон Хуи ова го рече откако Трамп говорел за можна воена акција против Северна Кореја. Пјонгјанг претходно навести дека би можело да го укине мораториумот за нуклеарни проби ако Вашингтон не направи некои отстапки до крајот на годинава.