Мы в Telegram
Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer


Декабрь
2019

Новости за 02.12.2019

SlobodnaEvropa.mk 

Апелација не ја разгледувала жалбата на Боки 13

Апелацискиот суд денеска не ја разгледувал жалбата за притворот првообвинетиот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски, потврдил судот за МИА. „Беше закажано за денеска, но тој го повлече предлогот за јавна седница и сега ќе се одлучува на нејавана седница. Утре не, можно е во среда да се состанеме“, изјавиле од Апелацискиот суд. Бојан Јовановски во меѓувреме останува во притвор во КПУ Затвор-Скопје, каде што беше вратен по неколкудневна хоспитализација во Градската општа болница „8-ми Септември“.

SlobodnaEvropa.mk 

ДУИ најавува партиски реформи на 4-от конгрес

По 4-от партиски конгрес, закажан за 21 декември, во ДУИ се очекува да има три нови статутарни промени и програмски документи. За нив денеска се разговораше на седница на централното претседателство на партијата што се одржа во седиштето во тетовска Мала Речица. Според замислите на раководството, согласно статутот ќе има три нови партиски тела. Според Артан Груби, станува збор за формирање на Национален совет, партиска изборна комисија која ќе работи за избор во сите органи на партијата. Исто така... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Во Македонија ќе се одржи СП во фудбал за непризнати земји

Северна Македонија од 30 мај до 7 јуни 2020 година ќе биде домаќин на Светско првенство во фудбал на непризнаени држави и региони, објави Конфедерација на независни фудбалски асоцијации КОНИФА. На првенството ќе учествуваат земји и региони кои не се признати од ОН, ФИФА и УЕФА. Непризнати земји и региони кои учествуваат на овие првенства се Карпатија, Северен Кипар, Крим, Абхазија, Јужна Осетија, селекцијата на Ромите, Курдистан, Тибет, Квебек, Занзибар... Натпреварите на СП 2020 ќе се играат на Арената “Тодор Проески“... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Пендаровски: Македонија е мета на напади со лажни вести

Она што е многу важно за малите држави кои се членки или сакаат да станат членки на Алијансата е плурализмот се почитува плурализмот на членките бидејќи секоја држава има еден глас по клучниот програм на НАТО, Северноатлантскиот совет кој ги носи најтешките одлуки, рече денеска претседателот Стево Пендаровски пред студентите на Факултетот за безбедност, кад, заедно со американската амбаасадорка Кејт Брнс, учествуваше на трибината „Улогата на Република Северна Македонија во НАТО: Цели, предизвици и можности“. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Курти и Мустафа не се договорија за нова косовска влада

Албин Курти и Иса Мустафа, лидерите на „Самоопределување“ и на Демократскиот сојуз на Косово, не успеаја попладнево да се договорат за идната заедничка влада, јави дописникот на МИА од Приштина. По денешната средба зад затворени врати во косовското Собрание, по која се најавуваше потпишување договор за коалиција, двете партии кои победија на октомвриските избори најавија дека преговорите ќе ги продолжат „во следните денови“. Курти по состанокот изјави кратко дека сепак е постигнат извесен напредок. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Убиени двајца украински војници во источна Украина

Двајца припадници на украинската армија се убиени во источна Украина, соопшти денеска украинската војска, на само една недела пред клучниот самит во Париз на кој уште еднаш ќе се направи обид за завршување на војната во оваа земја, пренесе Ројтерс. Според сооопштението, војниците биле убиени со непозната експлозивна направа, додека биле на линија на одбраната од напади на проруските сепаратистички групи за извидување и саботажа. Украинската служба за безбедност (СБУ) потврди дека загинатите војници се нејзини припадници. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Вишеградска група: Треба побрзи преговори со Западен Балкан

Шефовите на дипломатиите на земјите од Вишеградската група денеска од Прага побараа забрзување на преговорите со кандидатките од Западен Балкан за членство во ЕУ. Министрите за надворешни работи на Полска, Чешка, Словачка и Унгарија како свој приоритет посочија внатреевропската дебата за натамошното проширување да не биде пречка во понатамошниот напредок во пристапните преговори со балканските кандидати. „Западен Балкан е стратешки важен регион, со оглед на нашата безбедност и стабилност на Европа. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Над 100.000 евакуирани на Филипини поради тајфунот Камури

Филипинските власти соопштија дека се евакуирани над 100 илјади лица од своите домови поради тајфунот Камури, за кој се очекува утре да ги погоди најнаселените делови од земјата, меѓу нив и главниот град Манила, јави АП. Според проценките, се очекува дека тајфунот Камури утре ќе има сила како ураган од трета категорија и дека ќе го погоди најнаселениот остров Лузон, на југоистокот од земјата. „Мораме да ги евакуираме, а за оние жители кои се тврдоглави, наредив полицијата присилно да ги однесе во најблиските засолништа“... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Убиени над 15 цивили во руско-сириски воздушни напади

Најмалку 15 сириски цивили загинале за време на воздушните напади од сириски и руски авиони во северозападната провинција Идлиб во Сирија, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права, со седиште во Велика Британија. Опсерваторијата соопшти дека 13 луѓе загинале кога при воздушните напади бил погоден јавен пазар во областа Маарет ал Нумаан во Идлиб, која граничи со Турција. Таа област во голема мерка ја држат опозициските сили. При нападот се повредени 18 луѓе. Во други напади загинале уште двајца цивили. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Шест луѓе обвиненети за убиството на Оливер Ивановиќ

Специјалното обвинителство на Косово денеска подигна обвинение против шест луѓе осомничени за убиството на политичарот Оливер Ивановиќ, што се случи пред речиси две години во Северна Митровица. Обвинителството соопшти дека обвинетите се товарат за кривичните дела „Учество или организирање на организирана криминална група“, „Злоупотреба на службената должност и овластување“, „Помош во извршувањето на кривичното дело Тешко убиство“, Неовластено поседување оружје“, „Откривање службена тајна“, „Злоупотреба... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Град Скопје најави кривична против фирмата на која и истече киселина

Градот ќе поднесе кривична пријава против фирмата на која и истече солна киселина, рече градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов. Синоќа од цистерната истече солна киселина во близина на фабриката МЗТ во Општина Гази Баба. Шилегов наведе дека фирмата работела без дозвола и го повика Јавното обвинителство сериозно да ја сфати состојбата со животната средина и да почне соодветно да постапува по вакви и слични пријави. Инспекторот за инцидентот информираше вчера, нагласувајќи дека инспекторите... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Помилување и „автентични“ партиски толкувања

Автентичното толкување на членот 11 од Законот за помилување, пред пратениците нема да се најде пред 11 декември. Прво ќе се чека мислење од Владата, па ќе се расправа за барањето за автентично толкување, велат од Законодавно-правната комисија. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ќе има некои игри околу тоа кој и како треба да биде опфатен со тоа автентично толкување.

SlobodnaEvropa.mk 

„RADIOHEADJAZZ!“ - чекор од седум милји за Биг бендот на ЗЏМ

Посегајќи по езотеричната музика на еден од најзначајните светски алтернативни бендови РЕЈДИОХЕД, Биг-Бендот на ЗЏМ, во саботата, на 30 ноември, во преполната Филхармонија го одржа не само својот најдобар концерт досега туку и храбро го заокружи сопственото присуство на регионалната музичка сцена.

SlobodnaEvropa.mk 

Гроси и официјално прв човек на МААЕ

Аргентинскиот дипломат Рафаел Гроси положи заклетва како нов генерален директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), во услови на растечки тензии околу иранската нуклеарна програма. Членките на Агенцијата со седиште во Виена, која е под капата на ОН, му дадоа четиригодишен мандат на 58-годишниот Гроси. Тој доаѓа на местото на досегашниот директор Јукија Амано, кој почина за време на неговиот трет мандат во јули годинава. САД минатата година се повлекоа од нуклеарниот договор... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Уставен суд - Со коментарите и прејудицирањата за помилувањето се врши притисок врз Судот

Од Уставен суд реагираат на, како што велат обидите за нивно омаловажување. Во соопштението од Судот се наведува дека таквите обиди за омаловажување со прејудицирања на судските одлуки, со политички, а не со правни аргументи, не се во интерес на напорите за изградба на владеење на правото и правната држава. Од Судот информираат и дека донеле решение за поведување на постапка за оспорениот член 11-а од Законот за помилување. Уставниот суд, како што посочуваат оттаму, со внимание ги следеше написите... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Автентичното толкување за помилувањето пред пратениците по 11 декември

Претседателот на Собранието Талат Џафери рече дека ќе започне собраниска процедура за барањето автентично да се толкува законот за помилување. Тој денеска до Владата и до претседателката на Законодавно-правната комисија ќе достави писма со барањето од СДСМ за автентично толкување на членот 11 од Законот. Според деловникот, од Владата потоа се очекува одговор, по што Комисијата одлучува дали ќе го прифати или не. Комисијата може да побара мислење и од Комисијата за политички систем, а може да расправа... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Антикорупциска ќе ги проверува имотите на судиите и обвинителите

Следната година ќе се проверува имотната состојба на судиите и јавните обвинители. Тие ќе бидат дел од Годишниот план за следење на имотната состојба и судирот на интереси за 2020 година, соопшти денеска Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Комисијата увидела дека има потреба да се изготви Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси. Било утврдено дека во правосудството има висок ризик од коруптивни и други влијанија, па затоа судиите и јавните... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Кина осуди висок ујгурски политичар на казна доживотен затвор

Судот во Кина го осуди на казна доживотен затвор поранешниот висок ујгурски политичар Нур Бекри, за земање мито. Тој на судењето ги призна обвиненијата за корупција, објавија денеска државните медиуми. Бекри, е еден од највисоките членови на ујгурското етничко малцинство во Кина. Тој до минатиот месец ја надгледуваше националната агенција за енергија и беше заменик-претседател на највисоката кинеска агенција за планирање. Бекри исто така беше и гувернер на северозападниот регион Ксинџијанг помеѓу 2008 и 2014 година. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Амнестијата за 27 април в среда пред Уставен

Уставниот суд в среда на седница ќе ја разгледува иницијативата за уставноста и законитоста на членот 1 и членот 2 од Законот за амнестија. Со иницијативата се бара да се разгледа уставноста и законитоста на овие два члена од Законот за амнестија врз основа на кои беа амнестирани лица инволвирани во насилството во Собранието на 27 април 2017 година. Меѓу амнестираните за „крвавиот четврток“ беа и петмината пратеници Крсто Мукоски, Сашо Василески, Јохан Тарчуловски, Љупчо Димовски и Љубен Арнаудов... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Парламентот во Азербејџан се распушти

Пратениците во Азербејџан го одобрија предлогот за распуштање на Парламентот и од претседателот Илхам Алијев побараа да распише предвремени парламентарни избори. Владејачката партија во земјата Нов Азербејџан, чиј лидер е Алиев со големо мнозинство го поддржа предлогот. Властите велат дека предвремените изборите ќе помогнат во модернизацијата на законодавството во земјата и ќе ги забрзаат економските реформи. Азербејџанскиот претседател има право да го распушти парламентот и да распише предвремени избори. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Амнестија и криминална држава - вие коментирате

Ветинг и амнестија се темите кој го привлекоа вниманието на читателите на Фејсбук профилот на Слободна Европа. „Тие што сте во политиката ниеден не треба да се занимава со политика, зашто ја донесовте Македонија до дното, срам да ви е!!!“, се наведува во еден од многуте коментари.

SlobodnaEvropa.mk 

Во Албанија почувствуван нов земјотрес

Нов земјотрес со епицентар во Албанија е регистриран утрово, соопшти сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Епицентарот на земјотресоте на 160 километри југозападно од Скопје. Потресот бил во 9 часот и 26 минути со локална Рихтерова магнитуда 4.3. Земјотресот е почувствуван во Кичево, Охрид, Битола и во Скопје. Албанија на 26 ноември, беше погодена од силен земјотрес, што однесе 52 жртва, а на две илјади луѓе се повредени.

SlobodnaEvropa.mk 

Турција ќе купува уште С-400 од Русија

Администрацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган соопшти дека датумот кога ќе купат дополнителни ракетни системи С-400 од Русија е само техничка работа. Русија се надева дека ќе склучи договор со Турција за купување нови системи С-400 во првата половина на следната година, изјави минатиот месец, шефот на рускиот државен извозник на оружје Рособоронекспорт. Тоа би можело дополнително да ги влоши односите меѓу Турција и САД. Вашингтон ја суспендираше Анкара од програмата за купување... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Во Мадрид започнува Самитот за климата

Во Мадрид денеска започнува двонеделниот климатски самит на кој учествуваат претставници на речиси 200 земји. Тие ќе разговараат за правилата со кои треба да се постигне договореното за ограничување на глобалното затоплување. Пред Самитот, вчера генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека со децении наназад човекот е во војна со планетата, а таа сега возвраќа со сè почести природни непогоди кои земаат човечки жртви, со суша и покачување на нивото на морето. Климатската конференцијата требаше да се одржи во Чиле... Читать дальше...


Сосны высадят на областной акции в Звенигороде

Президент Путин посетил храм Покрова Пресвятой Богородицы в Харбине

Алипу поступили угрозы после кошмарного происшествия в России

Шпажист из Ростокина одержал двойную победу на чемпионате России



Новости 24/7 DirectAdvert - доход для вашего сайта



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России



Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city

Путину в Харбине рассказали о рождении панды Катюши

Упадок Запада, «великое замещение» и исчезновение национальных государств: повторит ли Россия путь Европы

В рамках фестиваля "Сладкий май" кондитеры и повара соревнуются в своем мастерстве

Беглянка из Чечни рассказала о насилие в семье. Соратник Кадырова ответил: "заблуждение". Девушка покинула Россию – источник

Музыкальные новости

Эвелина Блёданс: Солнечная сказка для солнечных детей

В Москве пройдет заплыв «Кубок Чемпионов» от организаторов Swimcup. В старте, который пройдет в гребном канале «Москва», примут участие более 1000 пловцов

Армяне России поддерживают движение «Тавуш во имя Родины»

Эвелина Блёданс с сыном подарила сказку детям из «Вертикали»

Новости России

Алипу поступили угрозы после кошмарного происшествия в России

Сосны высадят на областной акции в Звенигороде

Мультимедийный автопоезд «Россия – Моя история» с мобильным модулем «Россия — мои горизонты» прибыл в ДНР

Школу № 1 отремонтируют в Шатуре к осени

Экология в России и мире

"Глория Джинс" открывает первые магазины Ready! Steady! Go!

Не чувствую руку: Доктор Кутушов рассказал к чему приводит частое онемение конечностей

Звуковая зубная щетка Revyline RL060 White и зубная паста Revyline Smart заказать в Назрани

Азербайджанский мигрант возмутился из-за того, что в Калининграде суд назначил 4,5 года лишения свободы за убийство в ДТП школьницы. Видео

Спорт в России и мире

Теннисист Медведев может потерять свое место в рейтинге ATP

Стало известно, при каком условии Медведев может опуститься на 5-е место рейтинга ATP

Свищёв: МОК и ITF не будут реагировать на призывы наказать Хачанова

Свёнтек высказалась об акции протеста экоактивистов, выбежавших на корты Рима

Moscow.media

Патриотическую акцию «Синий платочек» провели в Нижнем Новгороде в день прибытия «Поезда Победы»

Армяне России поддерживают движение «Тавуш во имя Родины»

Седая весна...

Вышло обновление системы расширенной аналитики «Дельта BI»







Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *