Во Тирана состанок за „Мал Шенген“
Денеска и утре во Тирана ќе се одржи состанок на лидери од Западен Балкан, во рамките на иницијативата „Мал Шенген”, чиј домаќин ќе биде премиерот Еди Рама. Според тиранската телевизија Топ ченел, за разлика од претходните два состанока, што се одржаа во Нови Сад и Охрид, овој во Тирана ќе биде под американски надзор. „Дипломатски извор потврди дека на оваа средба американскиот Стејт департмент ќе испрати двајца специјални претставници кои одблиску ќе ја следат работата на состанокот“, наведува телевизијата, а пренесува МИА. Читать дальше...