Тензична ноќна седница во македонското Собрание
Со која седница ќе продолжи да работи Собранието со 32-та или 36-та на која на дневен ред е петтиот пакет економски мерки кои треба да им помогнат на граѓаните погодени од економската криза предизвикана од ковид епидемијата, беше причина во Собранието да дојде до тензична атмосфера. Собранискиот спикер Талат Џафери вечерва по паузата ја закажа 32-та седница, на која меѓудругото треба да се гласа и за Националната стратегија за борба против корупцијата 2021 до 2022 година, а веднаш по неа 36-та за економските мерки. Читать дальше...