Мы в Telegram
Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer


Февраль
2022

Новости за 08.02.2022

SlobodnaEvropa.mk 

Полициски акции во Струмица и Ресен за заплена на голема количина марихуана

Голема заплена на марихуана во два посебни случаи вечерва спроведува полицијата соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Дневникот на Македонската телевизија. Запленета е дрога во Струмица и Ресен. По завршување на акциите се очекуваат детални информации од МВР за запленетите количини дрога. Три македонски банди го држат црниот пазар со дрога На 3 февруари, пак, полицијата на скопскиот аеродром заплети еден тон материјал за производство на амфетамини. Првичната проценка... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Петков по телефонскиот разговор со Ковачевски - Добрососедството ни се заедничка цел

Премиерот на Бугарија Кирил Петков во изјава за бугарските новинари кои известуваа за неговата денешна посета на Белград, рече дека имал телефонски разговор со македонскиот колега Димитар Ковачевски. „Ние имаме заедничка цел, а тоа е добрососедството и добри билатерални односи“, вели Петков. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков коментирајќи го оштетувањето на венците што бугарската делегација ги положи на гробот на Гоце Делчев во Скопје, кажа дека секогаш ќе има провокатори. Петков... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Деветнаесеттиот „Зимски салон“ на ДЛУМ во знакот на поврзувањето

Дела на повеќе од 40 македонски ликовни уметници кои работеа на тема „Повторно поврзување, обновување, воздигнување, реконструирање“ ќе бидат изложени на 19-от „Зимски салон“ на ДЛУМ, што од 9 до 19 февруари, ќе се одржи во Чифте амам, во Национална галерија . Селектор беше Анка Боериу од Романија.

SlobodnaEvropa.mk 

Макрон гледа конкретни решенија за намалување на тензиите меѓу Москва и Западот

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека решавањето на ќор-сокакот околу зголемувањето на руските трупи во близина на границата со Украина би можело да потрае со месеци, но дека има простор за напредок. Макрон претходно одржа разговори и до рускиот и со украинскиот претседател. „Сега имаме можност овие преговори меѓу Русија и Украина да напредуваат“, рече Макрон откако денеска се сретна со неговиот украински колега Володимир Зеленски. Макрон вели дека гледа „конкретни, практични решенија“... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Радев - Очекуваме уставни гаранции за правата на македонските Бугари

Бугарскиот претседател Румен Радев на работна средба со амбасадорите на земјите членки на ЕУ и на Швајцарија разговарал и за отворените билатерални прашања во дијалогот со Република Северна Македонија, соопшти прес службата на Радев. „Меѓу нерешените политички прашања се издвојуваат почитувањето на правата на македонските Бугари, засилувањето на јазикот на омразата и посегнувањата по бугарското културно-историско наследство. Оставањето на овие прашања по страна ќе го забави и напредокот во процесот на европска интеграција“, рекол Радев. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Вкупно 25 починати од ковид и 1.722 нови случаи на заразени

Во последните 24 часа регистрирани се 1.722 нови случаи на ковид-19 од направени 4.939 тестови, соопшти Министерството за здравство. Повеќе од половина од новите случаи се во Скопје каде се регистрирани 1.011, потоа следуваат Кавадарци – 85, Куманово и Битола – по 83, Прилеп – 51, Тетово и Велес – по 50, Гостивар – 37, Валандово – 30, Охрид и Кичево – по 26, Радовиш – 22, Гевгелија – 21, Струмица – 20, Неготино – 19, Струга – 17, Кочани – 13, Делчево и Богданци – по 12, Крива Паланка – 11, Ресен ... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Туркменските власти најмуваат деца за справување со бездомни животни

Властите во главниот град на Туркменистан, Ашгабат, почнаа да ангажираат деца за да им помогнат во отстранувањето на бездомните мачки и кучиња од градските улици пред почетокот на седницата на Горниот дом на парламентот, обвинуваат активистите за права на животните. Активистите, во строго контролираната поранешна советска република, се жалат дека во последните денови биле ангажирани работници од индустриски капацитети, па дури и деца за мали парични награди да лоцираат, фаќаат и убиваат улични... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Владата одобри 2,9 милиони евра за ЕСМ за справување со енергетската криза

Владата одобри 2,9 милиони евра на Електрани на Северна Македонија(ЕСМ), претпријатие во државна сопственост за справување со кризната состојба во снабдувањето со струја, одлучено е на денешната владина седница. Од владината прес-служба по седницата информираа дека се задолжува ЕСМ овие пари да ги искористи за реализација на мерките за обезбедување дополнителни количини на електрична енергија. Одобрено е ЕСМ да овозможи ЕВН одложено да ги плати сметките на доспеаните фактури за декември и јануари... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Косовските пратеници потрошиле над 100 илјади евра за патни трошоци

Пратениците во Собранието на Косово лани зеле надоместоци од над 100 илјади евра за патни трошоци за учество на пленарните и на седниците на собраниските комисии, јави дописникот на МИА од Приштина. Според податоците што денеска ги објави Собранието, прв на списокот на корисници на надоместокот е пратеникот на опозициската Алијанса за иднината на Косово (ААК), Паљ Лекај, со 2.790 евра, само 60 евра помалку искористила Дуда Баље, пратеничка на партијата на косовските Бошњаци, Социјалдемократска унија... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Навални повторно пред Суд

Рускиот опозициски политичар Алексеј Навални, кој се наоѓа во затвор, следната недела се соочува со ново судење за кое му се закануваат уште 10 години затвор. На Навални следната недела ќе му се суди за проневера од неговата, сега веќе затворена и забранета, Антикорупциска фондација и за непочитување на московскиот суд. На Навални ќе му се суди во затворот во регионот Владимир, околу 200 километри источно од Москва, каде што тој е сместен во Поправната колонија број два. Судот претходно соопшти дека судењето ќе се одржи на 15 февруари. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Укинат куќниот притвор и на Спиро Ристовски

Поранешниот министер во времето на ВМРО-ДПМНЕ, Спиро Ристовски излегува од куќен притвор. Тој е неправосилно осуден на шест години и три месеци затвор од Кривичниот суд Скопје за случајот „Организатори на 27 април”. Кривичниот совет одлучил да ја прифати понудената гаранција од недвижен имот и да го ослободи од домашен притвор, а тоа ќе се случи кога ќе биде впишана во катастар. Нема податоци колкава гаранција понудил. Предметот за случајот „Организатори на 27 април” е во Апелациониот суд Скопје... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Шест руски воени бродови пловат од Средоземното кон Црното Море за воени вежби

Русија соопшти дека шест нивни воени бродови од Средоземното Море се упатиле кон Црното Море за да учествуваат на воени вежби во услови на зголемени тензии со Западот поради трупањето над 100 илјади руски војници на границата со Украина. Тоа ги зголеми стравувањата дека Москва се подготвува за воена инвазија врз нејзиниот сосед. Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека бродовите од Балтичката и од Северната флота го поминале Босфорскиот Теснец „на планиран начин“ за да учествуваат во претходно најавени воени вежби во Црното Море.

SlobodnaEvropa.mk 

Кривична пријава за Шилегов и Јанчева, СДСМ реагира дека тоа се непостоечки афери

Против поранешниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов и поранешната претседателка на советот Љубица Јанчева денеска е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување, информираше советникот за односи со јавност во Град Скопје, Даниел Апостолоски. Според него, Јанчева искористила средства од буџетот на општината за организација на предновогодишна забава во ресторан во Скопје, а Шилегов без да се склучи договор преку тендер дозволил парите да бидат искористени. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Сертификатот за прележан ковид да трае 180 дена, предлага Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести предложи денеска траењето на сертификатот по прележан Ковид-19 наместо досегашните 45 дена да трае 180 дена сметано од датумот на позитивен ПЦР тест. Портпаролот на Комисијата, доктор Злате Мехмедовиќ изјави дека една од препораките е поврзана со извештајот кој бил презентиран од Институтот за јавно здравје каде е направена анализа на сите случаи на хоспитализација и смрт од болеста во периодот од 1 до 31 јануари годинава. „Анализата покажува дека во анализираниот... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Намален број на позитивни на ковид и на смртни случаи

Институтот за јавно здравје денеска го објави неделниот извештај во кој се наведува дека регистрирани сe 9.982 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, со намалување од 16,2 проценти во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 22,5 до 35,6 отсто, просечно 29,5 проценти. Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 31 јануари до 6 февруари тестирани се вкупно 33.421 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Кремљ: Путин не вети дека нема да има дополнителни маневри во близина на Украина

Кремљ денеска негира дека рускиот претседател Владимир Путин му ветил на францускиот претседател Емануел Макрон дека Русија засега нема да организира дополнителни маневри во близина на Украина. Макрон кој вчера ја посети Москва е највисоко рангираниот западен лидер кој се сретна со Путин откако беа распоредни повеќе од 100.000 руски војници во близина на украинската граница, при што земјите од НАТО стравуваат дека тоа е подготовка за војна. Путин и Макрон не објавија никакви детали на прес-конференцијата. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Османи: Историјата да не ја користиме како платформа за изградба на политички кариери

Министерот за надворешни работи Бујар Османи смета дека декларацијата за Гоце Делчев која во Собранието ја поднесе ВМРО-ДПМНЕ не враќа назад во процесот на преговори со Бугарија. „Слична ваква иницијатива имаше ВМРО на Каракачанов во бугарското Собрание по однос на Свети Кирил и Методиј. Сакаа Парламентот да ги дефинира историските прашања. Е сега тоа што имаат исти имиња партиите, не мора да имаат и исти ставови. Ако влеземе во таков натпревар, ние денеска Гоце Делчев, утре бугарското Собрание уште посилен текст за Гоце Делчев... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Очекувано-неочекувани високи сметки за струја

Иако поскапувањето на струјата беше најавено, граѓаните кои ги добиле сметките за електрична енергија велат дека тие се многу повисоки од очекуваното зголемување. Експертите се сомневаат дека повисоките сметки се резултат на нередовното читање на струјомерите.

SlobodnaEvropa.mk 

АЦЕР: Македонија 100 отсто зависна од рускиот гас

Податоците од Агенцијата за соработка на енергетските регулатори на Европската унија (АЦЕР) покажуваат дека Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Молдавија се најзависни од рускиот гас меѓу сите европски земји. Земјава е 100 процентно зависна од рускиот гас, според податоците на АЦЕР објавени минатата недела. Србија е зависна од рускиот гас е 89 отсто, Бугарија 77 отсто, Словенија 51 отсто. Најзависна од рускиот гас од западноевропските земји е Финска со 94 отсто, а најмалку зависна е Франција со 24 отсто. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Битиќи: Mинималната плата нема да падне под прагот од 57 отсто од просечната плата

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи изјави денеска дека постигнат е успех со договорот за зголемување на минималната плата на 18 илjaди денари. Но, според него, поважно е што се дефинирала методологија за усогласување на минимална плата. Согласно договореното минималната плата секоја година ќе се усогласува со 2 критериуми, а тоа е порастот на животниот стандард и порастот на просечната плата, при што минималната плата никогаш нема да биде помала од 57 отсто од просечната плата. „Тоа... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Антикорупциска - Дадете и докази, а не само политички изјави за тендерите

Антикорупциската комисија ги повикува партиите освен за дневно политички препукувања, да ги достават кај нив сите евентуални докази или документи за корупција, откако изминативе денови опозициската ВМРО ДПМНЕ обвини за сомнителни тендери „тешки“ еден милион евра што ги спровело Министерството за внатрешни работи, додека пак МВР демантираше.

SlobodnaEvropa.mk 

Макрон пристигна во Украина ќе се сретне со Зеленски

Францускиот претседател Емануел Макрон пристигна во Киев, еден ден по средбата во Москва со претседателот Владимир Путин. Макрон треба да разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски во услови кога се зголемуваат стравувањата дека Русија, која распореди повеќе од 100.000 војници во близина на границата со Украина, би можела да се подготвува да го нападне својот западен сосед. Вчера Макрон рече дека му дал предлози за „конкретни безбедносни гаранции“ на Путин за време на нивниот состанок... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Ковид решенијата за изолација и во електронска форма

Од Владата соопштија дека од денеска е во функција платформата на која секој граѓанин кој е позитивен на Ковид-19 ќе може онлајн да дојде до сопственото решение за изолација. Пристапот, според соопштението, е можен преку банер на веб-страницата на Државниот здравствен и санитарен инспекторат кој носи до порталот vakcinacija.mk или директно на vakcinacija.mk. „Постапката е едноставна. Граѓаните кои до сега немаат креирано профил, ќе треба да се регистираат на Порталот со креирање профил преку кој... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Мицкоски најави поддршка за минималната плата, за СДСМ тоа е лицемерно

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најави дека опозициската партија ќе го поддржи зголемувањето на минималната плата во Парламентот. Но истовремено, како што наведе, ќе интервенира амандмански во законот и ќе бара доследно почитување на колективните договори и коефициентите на сложеност на работните места, кога се исплаќаат платите на сите вработени во администрацијата. „Да има за сите, а помалку да има корумпираната Влада да краде. Очекуваме веднаш ребаланс на буџетот и зголемување на дотациите... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Кинеско-руските односи: нов светски поредок или прикриена борба за моќ?

Врските меѓу Пекинг и Москва цветаат. Но, што се крие под површината на нивните брзо променливи односи? РСЕ праша седум водечки експерти за врските меѓу двете сили и како тие гледаат на нив во наредните години. Рид Стендиш


Мощная магнитная буря может создать северное сияние над Москвой

Москвичи потребовали отменить решение о строительстве ТЦ в Люблино

Третья по силе магнитная буря за 2024 год началась в России

Тверская область: ввозили хлопок из Казахстана, саженцы из Германии



Новости 24/7 DirectAdvert - доход для вашего сайта



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России



Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city

Возможны полярные сияния: над Землей бушует сильная магнитная буря

Магнитная буря 2 мая может спровоцировать северное сияние в Москве

Мощная магнитная буря может создать северное сияние над Москвой

Обвалилась кровля На горящем заводе в Москве удалось локализовать огонь

Музыкальные новости

Новая работа Чубайса. Из Израиля будет изучать новейшую историю России

Обратиться к Востоку: Иран и РФ прорабатывают запуск платежей в цифровых валютах ЦБ

"Динамо" и "Спартак" опубликовали составы на матч Кубка России

Артистка Госцирка Бурятии Аригма Цыремпилова начинала как девочка-каучук (Культура в России, Дети и Театр)

Новости России

Москвичи потребовали отменить решение о строительстве ТЦ в Люблино

Третья по силе магнитная буря за 2024 год началась в России

Тверская область: ввозили хлопок из Казахстана, саженцы из Германии

«Тоттенхэм» уступил «Челси» в лондонском дерби в чемпионате Англии

Экология в России и мире

Новые коллекции Gods Passion и Kolchuga

В четверг начинается арктическое вторжение на Москву: в субботу уже -3С, а вечером пойдут дожди

6 городов России, где можно увидеть белые ночи кроме Санкт-Петербурга

С 29 апреля по 5 мая 2024 года проходит Неделя профилактики инфекций, передающихся половым путем

Спорт в России и мире

Рублёв: быстрая победа над Грикспором связана с тем, что хотел быстрее уйти с корта

Елена Рыбакина выступила с критикой в адрес WTA

Соболенко вышла в ⅛ финала турнира WTA в Мадриде

Шиманович пробилась в ⅛ финала теннисного турнира в Сен-Мало

Moscow.media

На трассе М-4 Дон в этом году отремонтируют 200 км и нанесут экспериментальную разметку

Коршун

ИИ научился подбирать эффективное лечение для предотвращения инсульта

Европейские правозащитники подали очередную жалобу на ChatGPT







Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *