Мы в Telegram
Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer


Март
2022

Новости за 13.03.2022

SlobodnaEvropa.mk 

Нови 198 заразени со ковид, пријавени девет починати

Од направени 1.996 тестови, изминатото деноноќие регистрирани се 198 нови случаи на КОВИД-19, од кои 31 се реинфекции, починале девет лица, а оздравеле 276 пациенти, соопшти Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје. Од новите случаи најмногу се регистрирани во Скопје – 120, следат Битола – 15, Прилеп – 11. Неколку други градови имаат по едноцифрена бројка новозаразени.  Од вкупниот број на позитивни (198), регистрирана е 31 реинфекција. Регистрирани сe 276 оздравени пациенти од... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Сигнал за напредок во руско-украинските разговори, бројката на загинати расте

Руските и украинските прегаворачаи сигнализираат напредок во разговорите. Во меѓувреме бројот на загинати од нападот врз украинската база се искачи на 35, а советникот за безбедност на САД рече дека Русија ќе се соочи со одговор од НАТО ако некој од нејзините напади ги погоди членките.

SlobodnaEvropa.mk 

Русија распоредува припадници на озлогласена украинска полициска единица во окупираните региони

Руските сили се обидоа да ги заплашат локалните функционери кои работат во окупираниот јужен украински град Херсон и распоредија полицајци од озлогласената, сега распуштена единица на полицијата за немири „Беркут“ како дел од тие напори, изјави претставник на локалната администрација. Во интервјуто, Серхи Клан, заменик-шеф на регионалниот совет во Херсон, исто така подетално ги опиша напорите на руските официјални лица да организираат лажен референдум за независност со изговор за формално преземање... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Борел пристигна во Скопје

Потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за надворешни работи Жозеп Борел, денеска пристигна во Скопје. На Меѓународниот аеродром го пречекаа заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава, Дејвид Гир. Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, вицепремиерот Маричиќ му посакал добредојде на Борел и успешни средби што ќе ги оствари со највисоките државни претставници во текот на утрешниот ден. „Оваа... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Убиен американски новинар во Украина

Еден американски новинар е убиен, а друг повреден во Ирпин, северно од Киев, јавуваат повеќе медиуми. Данило Шаповалов, хирург волонтер за украинската територијална одбрана, рече дека еден од Американците починал веднаш, а тој го лекувал другиот. Новинарите на Агенцијата Франс Прес во Ирпин, како што јави агенцијата, го виделе телото на жртвата, која беше идентификувана како Брент Рено, фотограф и режисер кој во минатото соработувал со Њујорк Тајмс. Американскиот дневен весник соопшти дека е „длабоко... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Папата Франциск: во името на Бога ве молам, престанете со овој масакр!

Папата Франциск ја упати својата најостра осуда досега за руската инвазија врз Украина. Денеска тој рече дека мора да престане „неприфатливата вооружена агресија“. Зборувајќи пред илјадници луѓе на плоштадот Свети Петар во неговиот неделен благослов, Франциск исто така рече дека убивањето на деца и невооружени цивили е „варварско“ и без „валидна стратегиска причина“. Расте бројот на загинати во рускиот воздушен напад врз украинска база во близина на границата со Полска Тој го нарече опколениот... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Вартоломеј: веднаш да прекинат инвазијата и војната

Апел што е можно побргу да се постигне прекин на огнот и да запре војната и инвазијата, упати вселенскиот патријарх Вартоломеј за време на свечената литургија посветена на Неделата на православието и повика „инволвираните страни да седнат на масата на преговори и да му дадат шанса на дијалогот“, јави дописничката на МИА од Атина. На свечената литургија присуствуваше и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, а вселенскиот патријарх истакна дека војната е прекршување на меѓународното право, „кое веќе е правото на мирот“. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Дронот што падна во Загреб не бил извидувачки, имал авиобомба

Пронајдени се траги од експлозиви и траги кои сугерираат дека дронот што се урна во Загреб не е извидувачки авион, изјави во неделата хрватскиот министер за одбрана Марио Баножиќ. „Најдовме делови од авиобомба“, изјави Баножиќ за новинарите во неделата. Тој додаде дека истрагата влегува во завршна фаза. „Во почетокот на истрагата дознавме дека одредени фрагменти содржеле експлозив и дека треба да се пристапи кон повнимателен начин за отстранување на леталото и да се елиминира ризикот од трагичен настан“, рече министерот. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Милиони луѓе под рестриктивни мерки во Кина поради зголемено ширење на ковид

Милиони луѓе ширум Кина од денеска се во локдаун поради тоа што бројот на новозаразени со ковид-19 се удвои и изнесува речиси 3400 случаи, поради што се зголеми вознемиреноста во земјата која има нулта ковид политика. Ова како што јавува агенцијата Франс Прес е најголемата бројка во последниве две години. Зголемувањето на случаи на национално ниво ги натера властите да ги затворат училиштата во Шангај и да ги стават во локдаун централните населби во јужниот технолошки центар Шенжен, како и во цели североисточни градови... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Иранската револуционерна гарда ја презеде одговорноста за нападот во Ирбил

Иранската револуционерна гарда ја презеде одговорноста за десетината испукани балистички проектили кои го погодија северниот ирачки град Ербил во раните утрински часови во неделата, објавија иранските државни медиуми, додавајќи дека нападот бил против израелските „стратегиски центри“ во тој град, пренесува агенцијата Ројтерс. Ракетниот напад доаѓа во време кога разговорите за заживување на иранскиот нуклеарен договор од 2015 година се ставени на пауза поради руската инвазија врз Украина. Ракетите... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Кулеба: Русите го киднапираа и градоначалникот на Днепрорудне

Руските сили го киднапираа градоначалникот на јужниот град Днепрорудне, Јехвен Метвејев, објави украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба. На социјалната мрежа Твитер министерот наведе дека Метвејев бил киднапиран од „руски воени злосторници“. „Напаѓачите не добиваат никаква локална поддршка, па се свртуваат кон терор. Ги повикувам сите држави и меѓународни организации да го запрат рускиот терор врз Украина и демократијата“, напиша Кулеба. Расте бројот на загинати во рускиот... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Во радовишко приведен криумчар на мигранти

Синоќа во 20.00 часот на локален пат покрај брана Мантово, радовишко, полициски службеници од Полициската станица Радовиш го лишиле од слобода М.О. (38) од Штип, кој во моторно возило „фолксваген туарег“, со скопски регистарски ознаки, превезувал 13 лица мигранти, од кои 5 од Гана, 5 од Пакистан, 2 од Сенегал и 1 од Бенин. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи мигрантите биле пренесени во Транзитниот центар „Винојуг“ Гевгелија, а увид на местото извршиле инспектор од Регионален центар... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Во Италија се преврте автобус со украински бегалци, еден починат

Автобус со околу 50 украински бегалци се преврте на главниот автопат во северна Италија во утринските часови во неделата, при што загина едно лице, соопштија италијанските пожарникари. Како што пренесува агенцијата Асошиејтед прес цитирајќи го италијанското државно радио има неколку повредени во несреќата на автопатот во близина на Форли, град во регионот Емилија-Ромања во североисточна Италија. Останатите луѓе кои биле во автобусот се безбедно евакуирани. Автобусот излетал на страна на тревна... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Дуда: ако Путин употреби хемиско оружје, тоа ќе ја промени играта

Полскиот претседател Анджеј Дуда во интервју дадено денеска рече дека употребата на хемиско оружје во Украина од страна на Русија ќе ја промени играта и НАТО ќе мора сериозно да размисли како да одговори. Како што пренесува агенцијата Ројтерс прашан дали употребата на хемиско оружје од Путин би била црвена линија за НАТО, Дуда за телевизијата Би-Би-Си рече дека ако биде употребено какво било оружје за масовно уништување, тогаш тоа ќе ја промени играта. „Сигурно, Северноатлантската алијанса и... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Испукани проектили кон северниот ирачки град Ирбил

Десетина балистички проектили го погодија Ирбил рано на 13 март, a биле насочени кон новата зграда на американскиот конзулат и соседната станбена зона, но предизвикале само материјална штета, а еден цивил бил повреден, соопшти курдското Министерство за внатрешни работи. Мета на проектили биле северниот ирачки град Ирбил, а американските власти велат дека биле лансирани од Иран. Дописник на иранската државна телевизија рече дека проектилите биле насочени кон „тајни израелски бази“. Засега никој официјално не ја презема одговорноста. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Ковачевски – Брнз: во ова време членството во НАТО и партнерството со САД се од исклучително значење

Премиерот Димитар Ковачевски имаше средба во Владата со американската амбасадорка во земјава Кејт Мари Брнз, на која разговараа за ситуацијата во Украина, соопшти владината служба за односи со јавноста. Соговорниците, како што се наведува, истакнале дека воената агресија на Руската Федерација на една суверена земја е сериозна закана за мирот и безбедноста во Европа и во светот која како таква ја оцени огромен дел од меѓународната заедница. На средбата било истакнато дека во ова време на кризна... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Девет загинати во рускиот воздушен напад врз украинска база во близина на границата со Полска

Окупаторите извршија воздушен напад врз Меѓународниот центар за мир и безбедност“ во Јаворив тврдат локалните власти во Лвов. Претседателот Зеленски побара од западот поголема вкученост во мировните разговори.

SlobodnaEvropa.mk 

Фукујама - Бугарските тврдења за С.Македонија се исти со руските за Украина

Поголема земја се обидува да го негира македонското право да го одреди својот национален идентитет различно од оној во Бугарија и тоа навистина е иста работа со руските тврдења за Украина, вели Френсис Фукујама, професор, филозоф и автор на „Крајот на историјата и последниот човек“. Тој во интервјуто вели дека многу европски земји имаат крајно десничарски екстремни движења и од тоа мораат да се пазат. Фукујама додава дека исходот од војната во Украина ќе одреди како ќе изгледа светот и дека по руската... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Фукујама - Ако западот не го сопре Путин во Украина, тоа ќе се прелее на Балканот

Ако Путин успее да ја стави под своја контрола Украина и успешно да ја искористи воената сила и западните сојузници не може да направат ништо за да го запрат тоа ќе има голем прелевачки ефект, бидејќи многу актери на Балканот би сакале да ја направат истата работа, вели Френсис Фукујама за РСЕ.

SlobodnaEvropa.mk 

Тела на загинати руски војници ги полнат белоруските мртовечници, вели локалното население

Тела на руски војници загинати во битките во Украина ги полнат мртовечниците во Белорусија, изјавија локалните жители за Радио Слободна Европа. Руските војници убиени во борбите ги носат со камиони во мртовечниците, а потоа, според изјавите на жителите, ги праќаат во Русија со воз или со авион. Жителите го опишуваат ужасот кога ги виделе телата натоварени во воз во Мазир од каде што требало да бидат односени во Русија. Пополнети се и мртовечниците во Хомел и Нарулија, според локалните жители. ... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Времето денеска- студено утро, преку ден сончево

Времето изутрина ќе биде многу студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје времето ќе биде сончево, попладне со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -8, а максималната ќе достигне 8 степени. Во следните денови ќе преовладува сончево време со мала... Читать дальше...


Гранды сохранили равенство // Первый кубковый матч ЦСКА и «Зенита» завершился ничьей

Мощная магнитная буря может вызывать северное сияние над Москвой и Петербургом

В ходе ежегодного автопробега «Огонь Памяти» порховичам передали частицу Вечного огня

Возможны полярные сияния: над Землей бушует сильная магнитная буря



Новости 24/7 DirectAdvert - доход для вашего сайта



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России



Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city

Водители такого не ожидали: уже с мая на заправках за это будут штрафовать

Более 140 лотов выставили на торги за неделю в Подмосковье

Психолог объяснила, как смотреть с детьми кино о войне, чтобы не травмировать их психику

Психолог рассказала, как сформировать здоровое отношение к алкоголю у подростка

Музыкальные новости

Регистрация Авторского права. Регистрация объекта авторского права. Регистрация Авторского права на книгу. Регистрация Авторского права на музыку.

Актерское агентство Киноактер. Актерское агентство в Москве.

«Коноплянка» гнездится в России // Московский «Кристалл» начнет выпуск белорусской водки

ЭСК указала на ошибки главного арбитра дерби ЦСКА — «Спартак» Казарцева

Новости России

Москва-река готова к кораблям

Продвижение Песен, Музыки, Стихов ВКонтакте. Способы и методы увеличения прослушивания песни, музыки, стихов ВКонтакте.

Госдеп анонсировал новые санкции за содействие сотрудничеству России и КНДР

Олеся Судзиловская снялась в прозрачном платье и наделала шума в Сети

Экология в России и мире

Героическое участие армян в СВО. Часть третья

Несколько вопросов и ответов для подростков про Инфекции, Передающиеся Половым Путем

Доля свободных площадей в ТЦ Москвы к лету может сократиться до 6 процентов

Актерское агентство Киноактер. Актерское агентство в Москве.

Спорт в России и мире

Россиянка Полина Михайлова стала чемпионкой Франции по настольному теннису

"Я играю и зарабатываю хорошие деньги, но...". Рыбакина назвала главную проблему в женском теннисе

Рублёв: быстрая победа над Грикспором связана с тем, что хотел быстрее уйти с корта

Увидит ли Париж Мирру из России? Андреева дает жару в Мадриде и включается в олимпийскую гонку

Moscow.media

Метеоры между Петербургом и Петергофом совершили первые отправления в этом году

Заря на Колодозере....

Культура России: как прошёл конкурс бурятского языка для детей в Бурятии?

Новинка от Edifier: беспроводные наушники Comfo Run для занятий спортом







Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *