Унгарската полиција отвори истрага за несреќата на Дунав
Спасувачки екипи се на местото на несреќата и покрај обилните врнежи од дожд, а Пал истакна дека можеби ќе бидат потребни неколку денови за да се подигне бродот од дното на реката. Седум лица се спасени и хоспитализирани и се наоѓаат во стабилна состојба. Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја соопшти дека туристите не носеле елеци за спасување.