Се урна воен хеликоптер во Украина, загинаа 5 лица
Украински воен хеликоптер Ми-8 се урнал вчера за време на вежба во западниот дел на земјата при што загинаа сите четворица членови на екипажот и нивниот командант.
Според информациите, контактот со хеликоптерот кој бил произведен за време на советскиот сојуз бил прекинат синоќа пред полноќ. Украинскиот претседател Володимир Зеленскина Твитер напиша дека му наредил на командантот на вооружените сили, генералот Хомчак да ги истражи околности за трагедијата.