Украинскиот Парламент не ја прифати оставката на премиерот Хројсман
Украинскиот Парламент не ја прифати оставката на премиерот Володимир Хројсман откако претседателот Володимир Зеленски на 20 мај повика на оставка на Владата. Само 97 пратеници гласаа „за“ оставка на премиерот, а беа потребни 226 гласови.
Гласањето е по еден ден откако кабинетот на Зеленски соопшти дека претседателот побарал од Парламентот да ги разреши министерот за надворешни работи Павло Климкин, министерот за одбрана Степан Полторак и шефот на тајната служба Васил Хрицак.