Одложено сослушувањето за екстрадиција на Асанж во САД
Вашингтон бара екстрадиција на 47 годишниот Асанж, кој во моментов отслужува 50 недели затворска казна во Британија. „Тој е далеку од добро“, изјави неговиот адвокат Гарет Пирс. Викиликс соопшти дека е загрижен за здравјето на Асанж и дека тој е префрлен во затворската болница.