По четири дена од изборите во Грција излегоа конечните резултати
Вкупно шест грчки партии обезбедија место во Европскиот парламент. Од вкупно 21-от грчки европратеник осум ќе бидат од Нова демократија, шест од СИРИЗА, по двајца од Движењето на промена, Комунистичката партија и Златна зора и еден од Грчко решение.
Грчките државјани кои живеат во странство имаат право на глас само на европските избори, а во неделата, мнозинството од нив гласале за Нова демократија.