ЕП наесен ќе бира нови известувачи за Западен Балкан
Во текот на есента ќе бидат избрани известувачи од новиот состав на Европскиот парламент за земјите од Западен Балкан, соопшти досегашниот известувач за Србија Дејвид Мекалистер. На досегашниот известувач за Северна Македонија, Иво Вајгл, мандатот му завршува на 1 јули.
„Ова ќе биде нова генерација европски парламентарци и се надевам дека ќе пронајдеме колеги од сите членки на ЕУ кои се заинтересирани за Западен Балкан“, истакна Мекалистер.