Русија негира дека врши нуклеарни тестови
Русија реагираше на тврдењета на американските власти дека Москва „веројатно“ го прекршила меѓународниот договор за забрана за нуклеарни тестови.
За руските власти таквото тврдење е „груба провокација“ се наведува во изјавата на руското Министерство за надворешни работи.
Соопштението доаѓа еден ден откако шефот на американската Агенција за разузнавање, Роберт Ешли, посочи дека Москва не се придржува кон Договорот за сеопфатна нуклеарна забрана од 1996 година и веројатно спроведува нуклеарни тестови.
Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека таквите обвинувања се апсолутно неосновани и имаат за цел повторно да ја разнишаат земјата. Русија ги повика САД да покажат одговорен пристап и да го ратификуваат Договорот оти без нив е невозможно да стапи во сила.
Договорот забранува нуклеарни експлозии, било тоа да се воени или цивилни, во каква било ситуација. Договорот е потпишан и ратификуван од Русија, потпишан е и од САД, но не е ратификуван. Не стапи на сила на глобално ниво, оти нема потписи од осум земји кои имаат нуклеарна технологија.