Селекцијата на нова генерација судии и обвинители трае веќе една година. Бидејќи не функционира системот за електронско полагање, изборот е во застој, а за да го надмине власта ќе го менува законот. Полагањето во хартиена форма, пак, за опозицијата е сомнеж дека се брза да се протнат партиски кадри.
Владата на седница ќе разгледува дали може да се продолжи рокот за вадење нови лични документи, како што предложи претседателот Стево Пендаровски. Од Кабинетот на Пендаровски велат дека тој е подготвен да се вклучи во комуникација со грчката страна за прашањата од Преспанскиот договор
Финансиска полиција влезе во Државна лотарија и компанијата „Хеј ДООЕЛ“, проверувајќи ја документацијата за склучениот договор тежок 2,6 милиони евра за изнајмување на деловен простор, но тоа не ја спречи Државната лотарија да објави оглас за избор на фирма која ќе изработи проектна документација и ревизија за реконструкција на новите простории во Визбегово.
Кога скопјанката Теодора Тодоровска ќе ги замени високите потпетици со поудобни обувки за да оди на градежен објект како машински инженер, вели, почнува адреналинот. Таа слушнала скептични коментари околу изборот на професија, но одлучила да се држи единствено до оној на нејзината мајка која ѝ порачала дека професиите не се делат на машки и женски. Ја реобјавуваме приказната борбата на Тедора со стереотипите.
Каква младина создава денешното општество, какви реформи се превземаат во образовниот сектор и како влијае улогата на технологијата врз учениците, се темите за раговор со Наде Молеровиќ долгогодишен просветен работник.