Во дел од амбасадите каде е најбројна дијаспората има и по 300 луѓе дневно кои поднесуваат барања за пасоши. МНР најавува мобилизација на дипломатијата. Државата нема да ги извести другите земји дека престанува важноста на старите пасоши, но очекува флексибилност заради за проблемот со издавање нови пасоши. Дали ќе се патува со лични карти во регионот секоја држава посебно ќе одлучува.
Расправата за разрешувањето на министрите за здравство и информатичко општество Фатмир Меџити и Азир Алиу започна од попладневните часови и траеше до доцна во ноќта. Седницата за избор на нови министри ќе продолжи в понеделник.
Се множат членови на семејствата на функционери кои влегуваат во бизнисот со струја, а за граѓаните сметките се поголеми. Ќе има ли одговорност за раководството на Фондот за иновации, кое го „почести“ внукот на Али Ахмети со над 80 илјади евра? Њузлетер 09.02.2024