Нема да може да има Влада без договор за уставни измени, тврди претседателскиот кандидат и министер за надворешни работи Бујар Османи. Тој очекува опозициската ВМРО-ДПМНЕ ако има мнозинство на парламентарните избори да се согласи на уставни измени со цел да формира Влада.
Руската федерација има силно влијание врз дел од политичките партии и претседателските кандидати во земјава тврди кандидатот за претседател на „Европскиот фронт Бујар Османи во интервју за РСЕ. Тој тврди дека политичари преку минирањето на евроинтеграциите работат директно за рускиот интерес.