Дамјан Ристовски, Костадин Балкански, Бојан Петковски, Антонио Стојчевски и Шериф Мустафа се млади колекционери на традиционални носии. За изложбата „Алки“, овие петмина вљубеници во фолклорот и традицијата се здружија за да прикажат носии од пет етнички предели од горновардарската етнографска целина. Велат дека не познаваат млади колешки – колекционерки, но имаат намера да го разбудат интересот кај сите млади. А имаат и надеж дека некој ќе ја наследи нивната љубов за да се продолжи традицијата.
Реална потреба или празниците и распустот ги натераа административците да се повлекуваат од членството во Општинските изборни комисии. Од Државната изборна комисија тврдат дека е жива материја и испразнетите места се потполнети, но за поранешни членови на ДИК е зачудувачки ваков однос кон изборите
Иако 30 години имаше судења, допрва се разгорува битката на Сојузот на синдикати за сопственост врз објектот што се смета за симбол на работничкиот дух. Работниците велат граделе со свои пари, Врховниот суд пресуди дека во тоа време синдикатот не можел да има сопствени пари за да стекне имот.