Стотици илјади монети од 2 евра, „ковани “ во подрум во куќа во Скопје, завршиле на Косово. Косовската Централна банка повлекла од промет над 2,5 милиони монети заради фалсификатите. Македонската Народна банка открила над 50 илјади фалсификувани евра за две години. Приведен полицаец, но „мозокот на операцијата“ е на слобода.
Алсу Курмашева, новинарка на РСЕ и мајка на две деца, е повторно со своето семејство, откако беше ослободена во историска размена на затвореници по девет месеци минати во руски притвор. Таа беше осудена на 6 и пол години затвор под обвинение за ширење невистини за руската војска, обвинение кое нејзиниот работодавец го отфрли. На 5-ти август од Тексас, 47-годишната Курмашева, зборуваше за РСЕ заедно со нејзиниот сопруг Павел Буторин, за тоа како се прилагодува на слободата по излегувањето од рускиот затвор.