Амбасадата на ЕУ во Скопје не ја коментира изјавата на македонскиот премиер Мицкоски за можна дестабилизација на земјата од опозициската ДУИ. Како политички блеф за дефокус може да се толкуваат пораките од власта, велат дел од политичките аналитичари, но предупредуваат дека вакви најави ги загрозуваат меѓуетничките односи.
Единствената девојка во боречкиот клуб „Лирија“, Садије Дура, на натпревари се бори со женски, а тренира со машки. Се надева дека во иднина повеќе девојки ќе тренираат борење, а во видеото кое го реобјавуваме порачува дека спортовите не се делат на женски и машки.
Невладината „Еквалис“ се соочила со говор на омраза и закани по нивниот живот и на учесниците на Летната школа за ЛГБТИ млади која ја организирале во Кратово. Говорот на омраза поради сексуална ориентација и родов идентитет е меѓу најзастапените пријави до невладиниот сектор и до МВР. Пријави има, но, пресуда само една.