Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer


Ноябрь
2024

Новости за 06.11.2024

SlobodnaEvropa.mk 

Тројца Швеѓани уапсени во Шпанија поради регрутирање малолетници за криминал

Полицијата во неколку европски земји уапси тројца шведски државјани во Шпанија на 6 ноември под сомнение дека регрутирале малолетници за да извршат кривични дела, вклучително и обид за убиство, соопштија властите. Швеѓаните, кои беа уапсени во Аликанте за време на операција во која учествуваа шведски, дански и шпански сили, како и Европол и Европравда, се осомничени за обид за убиство и прекршоци поврзани со оружје, меѓу другите злосторства, соопшти шведското обвинителство. Тие се обвинети за... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Кина со честитки за победата на Трамп

Кина му честиташе на Доналд Трамп за победата на претседателските избори во САД. „Го почитуваме изборот на американскиот народ и му честитаме на г-дин Трамп за неговиот избор за претседател на САД“, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи. Претходно, претставникот на Министерството за надворешни работи Мао Нинг изјави за новинарите дека Пекинг „ќе ги продолжи кинеско-американските односи врз основа на принципите на меѓусебно почитување, мирен соживот и соработка меѓу двете страни“. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Таџикистански активист наводно се обидел да се самоубие во Германија во знак на протест против депортацијата

Таџикистанскиот опозициски активист Дилмурод Ергашев се обидел да се самоубие пред да биде депортиран од Германија во Таџикистан, објави истражувачката група Инсајдер на 6 ноември, цитирајќи го самопрогонетиот таџикистански опозициски активист Шарофид Гадоев. Според извештајот, германските полицајци го пронашле Ергашев како лежи во локва крв во ќелија во центарот за депортација. Ергашев наводно се расекол по стомакот, телото и рацете и си ги оштетил вените. Тој беше на болничко лекување и покрај неговата состојба... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Истрага против жител на струшко Велешта за детска порнографија

Поведена е истрага против 28-годишен жител на струшко Велешта за детска порнографија. Тој од ноември лани до мај годинава пренесувал, нудел и правел достапна детска порнографија преку компјутерски систем. „Обезбедени се докази согласно кои осомничениот, преку Телеграм, Сигнал, Вајбер и други апликации за комуникација инсталирани на неговиот мобилен телефон, пристапувал и учествувал во затворени групи за комуникација, а комуницирал и директно со профили креирани од други лица од повеќе земји во светот и со нив споделувал... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Четворица загинати и 25 спасени мигранти во близина на грчкиот остров Родос

Грчките власти извлекоа тела на четири лица од морето во близина на брегот на источниот егејски остров Родос, додека уште 25 лица се пронајдени живи на копно, откако шверцер на мигранти, наводно, ги принудил патниците да скокнат преку бродот додека ги префрлал од Турција во Грција, рече крајбрежната стража на 6 ноември. Телата на тројца мажи и една жена се пронајдени рано во средата во близина на брегот на јужниот дел на Родос, соопшти крајбрежната стража. Група од 25 преживеани беа пронајдени на копно... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Грузиската опозиција четврти ден протестира поради изборните резултати

Во Тбилиси се одржува митинг на опозицијата пред Апелациониот суд на Грузија, четврти протест во исто толку дена против резултатите од парламентарните избори на кои владејачката партија Грузиски сон прогласи победа. Опозицијата, која одби да го признае резултатот поради обвинувањата за широко распространета изборна измама, одржува големи протести во Тбилиси откако промосковската партија Грузиски сон, која беше на власт во последните 12 години, победи со 54 отсто од гласовите. . Грузискиот проевропски претседател Саломе Зурабишвили... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Мицкоски: Кривичниот законик ќе биде опфатен со реформите во правосудниот систем

По забелешките на Европската комисија во извештајот за Северна Македонија за Кривичниот законик, премиерот Христијан Мицкоски вели дека тој ќе биде опфатен со реформите во правосудниот систем, но дека „тоа не го решава проблемот со „криминалците“ од изминатите седум години“. Во однос на Кривичниот законик и тргањето на спорните членови, премиерот вели дека политичките криминалци го направиле за себе за да се заштитат. „Сега најригорозен, гиљотина да донесеме тие ќе се повикаат на овој што ќе ги амнестира... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Во кутии за банани сокриени 13 тони кокаин во Шпанија

Вкупно 13 тони кокаин спакуван во кутии за банани се запленети во Шпанија. Шпанската полиција на 6 ноември соопшти дека тоа е најголемата досега заплена на кокаин во земјата, втора по големина во Европска Унија и трета најголема во светот.  При акцијата на шпанската полиција приведено е едно лице, а извршени се претреси во домови и канцеларии во Мадрид и во Аликанте. Полицијата распиша и потерница по два директори на компании за увоз. Полицајци и цариници го пресретнале кокаинот во јужното пристаниште... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Пакистанската провинција Пенџаб ги затвора училиштата поради смог

Најнаселената пакистанска провинција Пенџаб нареди затворање на училиштата во главните градови погодени од смог на 6 ноември, префрлувајќи ги на онлајн систем за учење до 17 ноември, додека земјата се бори со рекордното загадување на воздухот.  Покраината, дом на повеќе од половина од вкупно 240 милиони жители на Пакистан, претходно ги затвори основните училишта и некои ресторани во мегаградот Лахоре, каде што исто така беа извлечени од улиците авторикши, форма на јавен превоз. Во средата, на... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Израел ги предупреди жителите на јужниот дел на Бејрут за напади врз цели на Хезболах

Израелската армија 6 -ти ноември им порача на жителите на двете населби во јужните предградија на Бејрут да ги напуштат домовите непосредно пред нападите врз цели на Хезболах. Ова соопштение беше објавено кога новиот лидер на милитантната група Наим Касем одржа говор. „Се наоѓате во близина на објекти и интереси поврзани со Хезболах, против кои израелските одбранбени (воени) сили ќе дејствуваат во блиска иднина“, напиша портпаролот на израелската армија, Авичај Адраи во објавата насоцијалната платформа  X порано позната како Твитер. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Шефот на МААЕ вели дека можеби ќе го посети Иран во наредните денови

Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, на 6 ноември изјави дека може да го посети иранскиот главен град Техеран во наредните денови. „Можеби за неколку дена сè уште треба да го потврдиме моментот, но тоа ќе биде направено“, рече Гроси на прес-конференција во Рим по нуклеарниот настан, на прашањето за патувањето во иранската престолнина. Запрашан за тоа што може да се промени во односите со Иран по победата на Доналд Трамп на изборите во САД, тој рече дека новата администрација значи „корекции... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Повредените во несреќата во Нови Сад се уште во тешка состојба, двајца се стабилни

Директорот на Ургентниот центар на Клиничкиот центар на Војводина, Драган Николиќ, денеска изјави дека двајца повредени во несреќата во Нови Сад, кога се урна бетонската настрешница на железничката станица, „се во тешка, но стабилна состојба, додека еден повреден пациент е во тешка, но нестабилна состојба“. Тој за ТВ Прва изјави дека „има одреден напредок кон подобро“, но дека „прогнозата за сите тројца повредени се уште е сериозна“. „Од друга страна, со оглед на напорот на целиот тим и целокупниот терапевтски третман... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Пронајдени 30 тела по израелски напад во централен Либан

По израелскиот напад врз станбена зграда во градот Барја, либанските спасувачи извлекоа 30 тела од урнатините, соопшти либанската цивилна одбрана на 6 ноември. Останува нејасно дали има преживеани или сè уште заробени тела под урнатините по воздушниот напад во вторник вечерта (5 ноември), кој дојде без предупредување. Немаше изјава од израелската армија, а не се знае и целта на нападот. Барја, град северно од пристанишниот град Сидон во централен Либан, досега не бил цел на конфликтот. Официјален... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Деветмина уапсени по протестите во Нови Сад

Поради нереди на протестот во Нови Сад, девет лица се уапсени на барање на Вишото и Основно јавно обвинителство во тој град, се наведува во заедничкото соопштение на двете обвинителства. Според соопштението, од деветмината уапсени за нереди на вчерашниот протест, шест лица се осомничени за сторено кривично дело - Насилничко однесување на спортски настан или јавен собир, едно лице за кривично дело - Уништување и оштетување на туѓ имот, едно лице за кривично дело - Напад врз службено лице при вршење... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Македонскиот државен и политички врв очекува добра соработка со Трамп

Пораки со честитки за импресивната победа на републиканскиот кандидат за претседател Доналд Трамп на 47-те претседателски избори во САД упатија македонскиот државен врв и опозициските лидери. Сите со очекување да се продлабочи стратешкото партнерство меѓу двете земји.

SlobodnaEvropa.mk 

Грузискиот суд го одби барањето за поништување на резултатите во 14 изборни единици

Судот во централниот грузиски град Гори на 6 ноември ја отфрли петицијата на набљудувачите на изборите со која се бара поништување на резултатите во неколку изборни единици во градот каде што биле забележани прекршувања на доверливоста на гласовите за време на парламентарните избори на 26 октомври. Опозицијата, која одби да го признае резултатот, организираше големи протести во Тбилиси откако партијата Грузиски сон (блиска до Москва), која беше на власт во изминатите 12 години, победи со 54 отсто... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

АфД ќе ги исклучи нејзините членови поврзани со екстремистичка група

Раководството на Алтернатива за Германија (АфД) - германската крајнодесничарска партија, која е втора според анкетите, ќе се состане денеска (6 ноември) за да започне процедура за протерување на членовите поврзани со екстремистичка група, соопшти АфД. Соопштението се однесува на „членовите погодени од мерките на јавниот обвинител“, потврдувајќи ја врската меѓу партијата и осумтемина осомничени уапсени во голема полициска акција вчера. Во соопштението не се наведува кои се членовите, ниту пак колкумина биле погодени од операцијата. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

За загадувањето граѓаните можат да тужат, ама тешко ќе добијат

Граѓаните можат да ја тужат државата и да бараат надомест на штета ако трпат последици по загадувањето по одлуката на Врховниот суд, но не веруваат судството. Правници за РСЕ објаснуваат и дека за да се тужи државата прво мора да ги донесе неопходните стратегии, а за отштета, треба да се создаде судска пракса.

SlobodnaEvropa.mk 

Трамп прогласи победа, честитки од светските лидери

Трамп вети „златно доба“ за САД, а неговиот потпретседателски кандидат Џеј Ди Венс рече дека по „историското политичко враќање“ ќе следува и „историски економски камбек“. На адреса на Трамп веќе пристигнаа честити од челниците во ЕУ и НАТО, а честитаа и македонскиот премиер Мицкоски и лидерите од регионот.

SlobodnaEvropa.mk 

Мицкоски му честиташе победа на Трамп

Премиерот Христијан Мицкоски му ја честиташе победата на републиканскиот кандидат Доналд Трамп на претседателските избори во САД. Честитката од премиерот на Северна Македонија стигна веднаш по обраќањето на Трамп пред поддржувачите во Палм Бич, Флорида, каде прогласи победа на изборите. „Оваа победа е потврда на длабоката верба на американскиот народ во принципите на слободата и демократијата. Со нетрпение очекуваме натамошно продлабочување на нашето цврсто партнерство и соработка, особено во областите на безбедноста... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Трамп: Америка нема видено ваква политичка победа

Ова е најголемото политичко движење во историјата. Никогаш во Америка немало вакво движење. Ќе ја излечиме Америка, порача републиканскиот кандидат Доналд Трамп прогласувајќи победа на изборите во САД против неговата ривалка, демократската кандидатка Камала Харис. Трамп се обрати пред неговите поддржувачи во Палм Бич, Флорида, оценувајќи дека ова е „политичка победа каква што Америка нема видено досега“, а вети и дека следува „златно доба за Америка“. „Со секој здив ќе се борам за вас, за вашите семејства... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Демократите разочарани, поддржувачите на Трамп воодушевени

Гласачите во Вашингтон, доцна на 5 ноември се собраа на јавни места за да ги следат резултатите од претседателските избори. Расположението беше различно, во зависност од тоа кого поддржуваат.

SlobodnaEvropa.mk 

По ерупцијата на вулканот, Индонезија ќе пресели илјадници луѓе

Индонезија трајно ќе пресели илјадници жители од околината на вулканот што еруптираше во последните денови, при што загинаа девет лица, соопштија официјални лица во среда (6 ноември), пренесува АФП. Властите го подигнаа нивото на тревога на планината Левотоби Лаки-Лаки на највисоко ниво по неколкуте ерупции од неделата вечерта, велејќи им на локалните жители и туристите да го избегнат кратерот во радиус од седум километри. Повеќе од 2600 семејства кои живеат во областа околу вулканот на популарниот... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Трамп ја однесе победата и во Пенсилванија, според проекциите

Републиканскиот кандидат и поранешен претседател на САД, Доналд Трамп, победи и во трета од вкупно седумте сојузни држави кои се сметаа за клучни за исходот од американските претседателски избори. Републиканецот победил во Пенсилванија која му носи 19 електроски гласови, според пренесуваат Ројтерс и Асошиејтед прес. Претходно, Трамп беше проектиран за победник и во Северна Каролина и Џорџија, кои имаат по 16 електори. Наскоро се очекува тој да се обрати пред своите поддржувачи во Палм Бич, Флорида. Читать дальше...




Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *