Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer
Ноябрь
2024

Новости за 16.11.2024

SlobodnaEvropa.mk 

Милитанти убиле најмалку 7 пакистански војници во Белучистан

Најмалку седуммина припадници на пакистанските паравоени сили се убиени, а 13 други се ранети во напад на милитанти на контролен пункт во планинската област Калат на околу 150 километри од Квета, главниот град на југозападната провинција Балучистан, соопшти Али Гул Балоч, заменик полициски комесар во Калат, за Радио Машаал на РСЕ. Премиерот Шехбаз Шариф го осуди нападот, за кој одговорноста ја презеде сепаратистичката милитантна група Ослободителна војска на Балучистан (БЛА). БЛА со децении водеше бунт против пакистанската држава... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Дијабетесот во подем - 130.000 со и илјадници без дијагноза

Дијабетесот во Северна Македонија е во подем и има околу 130 илјади дијагностицирани пациенти, како и уште половина од оваа бројка лица кои не се дијагностицирани. Ова беше истакнато на денешниот (16 ноември) настан организиран од Сојузот на здруженија на дијабетичари на Северна Македонија (СЗДСМ), каде по втор пат се одбележа Светскиот ден на дијабетесот – 14 ноември. Претседателот на СЗДСМ, Димче Велев, повика на решавање на предизвиците на македонските дијабетичари. „Пред се достапност на иновативната терапија... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Сиљановска Давкова формираше Совет за млади

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова формираше Совет за млади, како повремено работно тело кое ќе ги разгледува и анализира прашањата поврзани со младите, младинските политики и иницијативите кои произлегуваат од потребите на младите со цел да се унапреди нивната положба во општеството, соопштуваат од нејзиниот кабинет. Советот се формира во пресрет на 17 ноември, Меѓународниот ден на студентите. Има претседател и 19 члена, а во неговата работа можат да бидат поканети да земат учество и научни и стручни работници... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Мицкоски: Не планираме уставни измени, туку да се бориме

Не знам дали ќе има некаков напредок, но промена на нашата поизиција нема да има. Вака одговори премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање за тоа колку е реално да се очекува некакво придвижување на интеграциите до крајот на годината, откако во Бугарија пропадна и третиот обид да се избере прв човек на парламентот. На новинарското прашање дали можеби се планираат уставните измени тој одговори негативно. „Не, тоа секако не се планира. Туку, не знам дали е можно да се направи некаков исчекор... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Опозицијата во грузиска Абхазија повика на нови протести и оставка од прорускиот лидер

Опозициските поддржувачи во Абхазија повикаа на нов протест денеска (16 ноември), откако демонстрантите упаднаа во локалниот парламент претходниот ден поради договорот за недвижен имот со Москва и побараа оставка од Аслан Бжанија, лидерот на грузискиот сепаратистички регион поддржан од Москва, објави грузискиот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ). „Аслан Бжанија прибегнува кон очајнички обиди да ја спаси својата влада. Неговото владеење заврши“, се наведува во соопштението на таканаречениот Координативен совет на опозицијата. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

За 14,4 насто намалени откупот и продажбата на земјоделски производи

Во третото тримесечје од 2024 година, откупот и продажбата на земјоделски производи во Северна Македонија е 4 703 216 илјади денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Ова е намалување за 14, 4 отсто во однос на истиот период лани. Откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е намален за 19.5 %, а продажбата на земјоделски производи од сопствено производство e намалена за 8.2 %. Од вкупната вредност на откуп и продажба на земјоделски производи по групи... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Земјотрес во Дојран со јачина од 3 степени

Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML3.0 е регистриран утрово (16 ноември) во 5 часот и 31 минути во епицентралното подрачје Дојран-Кукуш. Oва го соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Епицентарот бил на 130 километри југоисточно од Скопје. Земјотресот е почувствуван во Дојран и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, покажуваат досегашните податоци на опсерваторијата.

SlobodnaEvropa.mk 

Нови израелски воздушни напади врз јужен Либан

Израелската армија утрово (16 ноември) изврши нови напади врз упориштата на проиранското движење Хезболах во јужните предградија на Бејрут, откако го повика населението да се евакуира, пренесе АФП. Агенцијата објави дека облаци чад се издигнуваат над јужните предградија на либанската престолнина. Во пресрет на нападот, портпаролот на израелската армија преку социјалната мрежа Х ги предупреди жителите на населбата Харет Хреика да се евакуираат . Израел почна да бомбардира цели во Либан на 23 септември... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Прекинат мечот Косово-Романија, косовските играчи го напуштија теренот жалејќи се на „расизам“

Натпреварот од Лигата на нации меѓу Романија и Косово во Букурешт беше прекинат на 15 ноември, откако косовските играчи го напуштија теренот жалејќи се на расистичка злоупотреба од романските навивачи. Косовските фудбалери се упатија кон соблекувалната во 93. минута откако домашните навивачи скандираа „Србија! Србија!“ за време на тепачка меѓу косовскиот капитен Амир Рахмани и романскиот напаѓач Денис Алибец. Менаџерот на косовската репрезентација, Бајрам Шала, изјави дека одлуката за прекин... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Променливо облачно со сончеви периоди

Променливо облачно време со сончеви периоди претпладнево и намалување на облачноста попладне, најавува денеска (16 ноември) Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец, особено претпладне. Максималната температура ќе достигне од 6 до 12 степени. Во Скопје се очекуваат максимални 10 степени.




Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *