Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer
Январь
2025

Новости за 22.01.2025

SlobodnaEvropa.mk 

Поднесено уште едно обвинение за нападите врз припадници на КФОР во Косово

Специјалното обвинителство на Косово објави дека подигнало обвинение против едно лице за нападите од мај 2023 година врз членови на мировната мисија на НАТО на Косово, КФОР. Како што се наведува во соопштението, Министерството за правда го сомничи обвинетиот дека на 29.05.2023 година во соработка и координација со други обвинети од српска националност од Косово, со употреба на насилство, оружје и други средства „нанел телесна повреда и материјална штета“. Обвинителот на Специјалното обвинителство... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Трамп сака да го укине правото на американско државјанство при раѓање во САД

Неколку часа откако положи заклетва на 20 јануари, американскиот претседател Доналд Трамп потпиша серија извршни наредби за исполнување на предизборните ветувања, вклучително и одземање на правото за стекнување државјанство за оние кои се родени во САД. Оваа извршна наредба, насловена како „Заштита на значењето и вредноста на американското државјанство“, го исклучува правото на државјанство за бебињата родени во Соединетите Американски Држави чии родители не се ниту државјани ниту законски жители спо право на постојан престој. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Парламентот на ЕУ ги осуди „лажните“ избори во Белорусија

Европскиот парламент ги осуди претстојните претседателски избори во Белорусија со резолуција која го означува процесот како „измама“, додека беа упатени критики кон режимот на авторитарниот владетел Александар Лукашенко. Европските пратеници на 22 јануари гласаа за одобрување на резолуцијата со големо мнозинство со 567 гласови за, 25 против и 66 воздржани. Гласањето се случува четири дена пред претседателските избори на 26 јануари на кои Лукашенко лесно ќе победи поради недостаток на сериозни противници. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Обвинителството истражува дали бегството на Груби било организирано

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска изјави дека Јавното обвинителство води постапка за тоа дали бегството на поранешниот прв вицепремиер Артан Груби е организирано и дали имало други вмешани.  Внатрешна истрага веднаш по бегството пред едене месец била отворена во Одделот за внатрешна контрола во рамки на Министерството за внатрешни работи (МВР), додаде тој, по што доказен материјал е доставен во Обвинителството да се утврди дали станува збор за организирано бегство на Груби... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Мулино: Каналот не е подарок од САД, тој и припаѓа на Панама

Панамскиот претседател Хосе Раул Мулино изјави дека Панамскиот канал припаѓа на Панама и никогаш не бил подарок од САД, одговарајќи на изјавите на Доналд Трамп дека САД ќе си ја повратат контролата над каналот. „Ние во целост го отфрламе сето она што го кажа г-дин Трамп. Прво затоа што е лага, а второ затоа што Панамскиот канал и припаѓа на Панама и ќе продолжи да и припаѓа на Панама“, рече Мулино за време на панел-дискусија на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија. Додаде дека Панамскиот канал не бил отстапка или подарок од САД... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Нови линии од скопскиот аеродром до Париз и Женева

Министерството за транспорт денеска (22 јануари) соопшти дека од Меѓународниот аеродром Скопје се воведуваат уште две нови авиолинии и тоа Скопје - Женева и Скопје - Париз (аеродром Орли). Овие две дестинации, се наведува во соопштението, се воведуваат на барање на дијаспората, а ќе ги оперира авиокомпанијата Изиџет, со тоа што линијата Скопје – Париз ќе започне да се оперира од 2 април, додека линијата Скопје -Женева од 3 ноември, оваа година. Од ресорното министерство, овие две дестинации се... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Продолжува штрајкот на наставниците во дел од училиштата во Србија

Дел од вработените во училиштата во Србија и на 22 јануари продолжија со прекин на работата до конечната одлука за генерален штрајк во образованието. Самостојниот синдикат на просветните работници на Србија (НСПРС) соопшти дека во голем број училишта низ државата нема настава или часовите се скратени од 45 минути на 30. Просветните работници кои штрајкуваат во Србија бараат повисоки плати и подобри услови за работа во училиштата. Тие ги поддржаа студентите кои веќе два месеца ги блокираат факултетите... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Фон дер Лајен: Во геополитички променет свет, ЕУ мора да ги одбрани своите вредности

Првите три недели од 2025 година се показател за промената во глобалната политика и влеговме во нова ера на сурова геостратешка конкуренција, каде имаме работа со сили со големина на континент, кои се ангажираат меѓу себе главно врз основа на интереси, рече претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето на дебатата во Европскиот парламент посветена на резултатите од декемврискиот Самит на ЕУ.    „Оваа нова динамика се повеќе ќе доминира во односите меѓу глобалните актери. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Скопските клиники не искористиле пет милиони евра за лекови

Вкупно 318 милиони денари, или пет милиони евра вратиле Клиниките во Фондот за здравствено осигурување во 2024 година. Неискористените средства се дел од таканаречените условни буџети, наменети за скапи и иновативни лекови. Иако пари имало, онколошки пациенти повторно реагираат дека нема лекови од нивната терапија.

SlobodnaEvropa.mk 

Ретко се открива непочитување на „недела неработен ден“

Во три години откако беше воведена „недела неработен ден“, направени се над 350 контроли од кои само во 70-тина биле откриени недостатоци или биле изречени забрани за работа. Лани, пак, по пријави на работници инспекторите изрекле само 17 решенија поради неправилности и седум парични казни. И дел од синдикалците и дел од бизнисмените, како еден од проблемите ја посочуваат несоодветната евиденција на работното време и неправилните пресметки за плаќање работа во недела.

SlobodnaEvropa.mk 

Епидемија на грип во пет градови во Бугарија

Во пет области во Бугарија е прогласена епидемија на грип, објавија денеска (22 јануари)локалните медиуми. Епидемија е прогласена во Хасково, Видин, Јамбол, Пловдив и Благоевград. Во Хасково и Видин мерките се веќе на сила, а во Јамбол од денеска децата се префрлени на онлајн настава. Во Пловдив и Благоевград се забранети посети во болниците. Во градинките и училиштата нема да се примаат болни деца. Во изминатите четири дена бројот на заболени од грип во Пловдив е зголемен за 35 отсто. ... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Калас: Трамп е во право дека ЕУ „не троши доволно“ за одбрана

Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Каја Калас изјави дека блокот мора да го послуша барањето на американскиот претседател Доналд Трамп да троши повеќе за одбраната. На прес-конференција во Брисел, таа упати остро предупредување за закана од Русија. „Претседателот Трамп е во право кога вели дека не трошиме доволно. Време е да инвестираме“, рече Калас. Според неа, САД мора да останат „најсилниот сојузник на Европа“. Американскиот претседател Трамп очекува сојузниците... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Ден на жалост во Србија за загинатите во пожарот во дом за стари лица

Вo Србија денеска (22 јануари) е Ден на жалост поради смртта на осум лица во пожар во дом за стари лица во белградската општина Бараево. Одлуката за прогласување Ден на жалост ја донесе српската влада на вчерашната седница. Осум луѓе загинаа, а седум беа повредени во пожарот во Домот за возрасни и стари лица „Ивановиќ“ во Велики Борак, Бараево. Полицијата во врска со пожарот уапси три лица, меѓу кои и одговорното лице за објектот, поради сомнение дека сториле тешко кривично дело против општата безбедност... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Четворица повредени во напад со нож во Тел Авив

Четири лица се повредени во напад со нож во Тел Авив, соопштија израелските служби за итна помош, пренесе ДПА. Напаѓачот бил застрелан од случаен минувач на местото на инцидентот. Нападот се случил во центарот на градот, во популарна област со многу ресторани и кафулиња. Полицијата не ја исклучува можноста дека се работи за терористички напад. Ова е втор напад со нож во Тел Авив за четири дена. Минатата сабота, уште еден човек беше тешко повреден во сличен инцидент, а осомничениот напаѓач беше застрелан од вооружен минувач.

SlobodnaEvropa.mk 

Средба Мицкоски-Касаноф: Европската перспектива е клучен приоритет

Премиерот Христијан Мицкоски  денеска (21 јануари) се сретнал со помошник државниот секретар на САД за западен Балкан, Александар Касаноф. Мицкоски вчера (20 јануари) присуствуваше на дел од инаугурациските активности на новиот претседател на САД, Доналд Трамп, што се оддржаа во Вашингтон. „Во рамки на разговорите се осврнавме на стратешките прашања од суштинско значење за Македонија, неопходната поддршка од нашиот долгогодишен стратешки партнер САД, како и на актуелните предизвици со кои се соочува нашата држава и регионот. Читать дальше...




Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *