Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer
Январь
2025

Новости за 28.01.2025

SlobodnaEvropa.mk 

Следните десет дена ќе се знае дали во Србија ќе има нови избори, вели Вучиќ

Српскиот претседател Александар Вучиќ на 28 јануари изјави дека во следните десет дена ќе се знае дали владејачката коалиција ќе предложи нов мандатар или ќе се одржат нови парламентарни избори, откако премиерот Милош Вучевиќ поднесе оставка. Според Вучиќ, откако парламентот ќе ја потврди оставката на премиерот, ќе започне 30-дневна процедура за избор на нова влада. Доколку тоа не се направи, ќе се распишат избори. Вучиќ рече дека ќе организира консултации со сите парламентарни партии за понатамошните чекори. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Еден од повредените во несреќата во Нови Сад префрлен на ВМА во Белград

Ц.В.(2006), кој беше повреден при уривање на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, е префрлен на Воено-медицинска академија (ВМА) во Белград на продолжување на лекувањето. Како што потврдија за Радио Слободна Европа (РСЕ) од Универзитетскиот клинички центар во Војводина, пациентот бил префрлен на 27 јануари по барање на неговата мајка. Неговата и состојбата на повредениот М.Т.(2000) во моментов е сериозна, но стабилна. „За нивното секојдневно лекување и рана рехабилитација одлучува... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Млекарите 24 часа ги блокираат регионалните патишта во Србија

Членови на Здружението на млекопроизводители на Шумадија и Поморавље денеска на 24 часа ја блокираа Ибарската  магистрала на раскрсницата со стариот пат за Чачак, незадоволни од откупната цена на млекото, но и во знак на поддршка на студентите. Во исто време, нивните колеги од Здружението на млекопроизводители Шајкача го блокираа главниот пат Крагуевац - Чачак во градот Бресница. Тие тврдат дека српската Влада не исполнила во целост ниту едно од ветувањата дадени на минатогодишната средба во Равни Гај кај Крагуевац... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Одобрени 250 милиони евра за бизнисот од унгарскиот кредит

Владата денеска ги одобри договорите за користење на средствата од унгарската кредитна линија, со што Развојната банка сега може да ги потпише договорите со банките, а средствата да станат оперативни. Компаниите ќе имаат пристап до кредити со рок на отплата до 15 години и грејс период од три години. Каматната стапка изнесува 1,95 проценти без дополнителни надоместоци, а максималниот износ за аплицирање е 10 милиони евра. Сите 13 комерцијални банки ќе бидат вклучени во проектот. Според Владата... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

ЕУ ја следи ситуација во Србија по протестите и оставката на премиерот Вучевиќ

Европската комисија е информирана за оставката на српскиот премиер Милош Вучевиќ, но официјални лица во Брисел не сакаат да го коментираат овој потег бидејќи го оценуваат како внатрешно политичко прашање во земјата. Портпаролот на Комисијата Гијом Мерсие на прес-конференција потврди дека институциите на Европската унија внимателно ја следат актуелната внатрешно-политичка ситуација во Србија и големата мобилизација на студенти и други групи. Тој потсети дека слободата на собирање е основно право на ЕУ... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Ванг Шуиминг уапсен во Тиват по кинеска потерница

На тиватскиот аеродром во Црна Гора уапсен е В.С. по кого Кина распиша меѓународна потерница преку Интерпол, објави црногорската Полициска управа на 28 јануари. Како што дознава Радио Слободна Европа од полицијата, станува збор за Ванг Шуиминг. Тој бил меѓу патниците во приватен авион кој долета од Малдиви, а имал патни документи од Република Вануату, соопшти полицијата. Оттаму додаваат дека Шуиминг бил уапсен поради кривична постапка против него под сомнение дека организирал нелегално обложување... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Граѓаните најавуваат бојкот на маркетите поради високите цени

На социјалните мрежи во Северна Македонија се шири повик за бојкот на маркетите на 31 јануари (петок), инспириран од акцијата во Хрватска, каде минатата недела граѓаните ги бојкотираа продавниците поради високите цени на основните прехранбени производи. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека има лично разбирање за акцијата за бојкот на маркетите в петок поради високите цени на прехранбените производи и повтори дека институциите ја следат состојбата и реагираат кај оние трговци што генерираат висок профит. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Ќе стави ли крај на студентските протести оставката на српскиот премиер Вучевиќ?

Оставката на српскиот премиер Милош Вучевиќ можеби не е доволна за ставање крај на студентските протести што ја потресоа балканската земја по катастрофата на железничка станица во ноември кога загинаа 15 лица. Ситуацијата е таква и покрај тоа што оставката на Вучевиќ беше меѓу првичните барања на демонстрантите. Нивната позиција се развиваше во текот на неколкумесечните протести кои започнаа откако се урна бетонската настрешницата на железничката станица во северниот српски град Нови Сад. Најпрво... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Трамп вели дека Мајкрософт е во преговори за купување на ТикТок

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп изјави дека Мајкрософт е во преговори за купување на ТикТок, додавајќи дека би сакал да види конкуренција за оваа апликација. Технолошката компанија Мајкрософт не ја коментираше изјавата на Трамп. Ниту ТикТок ниту ByteDance, кои ја поседуваат апликацијата, не коментираа. ТикТок, кој има околу 170 милиони корисници во САД, беше накратко затворен непосредно пред да стапи на сила законот на 19 јануари со кој се бара од неговиот кинески... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Иран вели дека САД треба да ја повратат довербата на Техеран за нуклеарни преговори

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека новата американска администрација треба да работи на враќање на довербата на Техеран доколку сака нова рунда нуклеарни преговори. „Ситуацијата е поинаква и многу потешка од претходниот пат, многу работи треба да направи другата страна за да ја купи нашата доверба“, рече Арагчи во интервју за Скај Њуз (Sky News) објавено на неговиот официјален канал Телеграм. За време на неговиот прв мандат, американскиот претседател Доналд Трамп... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

По Вучевиќ, оставка поднесе и Ѓуриќ, градоначалник на Нови Сад

Градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ, во вторник, 28 јануари, поднесе неотповиклива оставка. Оставката следува по нападот на студенти во Нови Сад, кои биле нападнати и тепани од група мажи со безбол палки кога студентите лепеле налепници и цртале шаблони низ Нови Сад. Еден ученик е тешко повреден и се наоѓа во Ургентниот центар. „Како некој кој верува во моќта на дијалогот и меѓусебното разбирање, верувам дека прифаќањето на одговорноста и поднесувањето оставка е моја човечка и политичка обврска и морална должност“... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Депонии опасни по живот во Шуто Оризари, додека Дудуш и Арсовска се надмудруваат

Екипата на Радио Слободна Европа направи обиколка низ општината Шуто Оризари чии жители се пожалија дека Градот Скопје ги става на маргините. За отпадот, кој таму не може, а да не го забележите, нема решение ни градоначалникот Курто Дудуш, ниту пак градоначалничката на Скопје Данела Арсовска.

SlobodnaEvropa.mk 

Јавна расправа, но и јавен револт за реформите во гимназиско образование

Професорите по филозофија, но и по социологија, латински јазик и психологија алармираат дека со предложените реформи на гимназиското образование им се укинуваат предметите. Министерството за образование тврди дека не се укинуваат, но се предлага сите да бидат изборни предмети во трета и во четврта година. Професорите стравуваат и за работните места и за образованието на учениците.

SlobodnaEvropa.mk 

Српскиот премиер Вучевиќ поднесе оставка

Српскиот премиер Милош Вучевиќ во вторник поднесе оставка. Како што објасни, одлуката ја донел по нападот врз студентите во Нови Сад. Вучевиќ најави дека во текот на денот оставка ќе поднесе и градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ. „Градоначалникот на Нови Сад и јас се сметаме себеси за објективно одговорни за она што се случи во Нови Сад и за тоа доброволно ја плаќаме политичката цена“, рече Вучевиќ. Тој ќе биде вршител на должноста премиер до изборот на нов. „Во овој момент целата Влада е во технички мандат... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Шлапка: Полска е посветена на проширувањето на ЕУ

Проширувањето на ЕУ еден од приоритетите на полското претседавање и Полска е амбициозна и посветена на овој процес, изјави денеска полскиот министер за Европска Унија, Адам Шлапка пред почетокот заседанието на Советот за општи работи на ЕУ во Брисел.   „Но, напредокот на зависи само од Претседателството. Напредокот зависи и од Комисијата, напредокот зависи и од земјите членки и секако и од кандидатите за членство“, рече Шлапка, додавајќи дека Полска има амбициозна програма во однос на проширувањето. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Студентите во блокада, неколкумина повредени во Нови Сад

Неколку студенти биле нападнати ноќта меѓу понеделникот и вторникот, (27 и 28 јануари) соопштија во раните утрински часови на 28 јануари студентите на Филозофскиот факултет во блокада во Нови Сад. Според нивната изјава, едно девојче е тешко повредено и се наоѓа во Клиничкиот центар во Војводина. „Уште неколку студенти се со полесни повреди, а лекарите во моментов ја проценуваат состојбата на нападнатите студенти“, велат тие. Од Клиничкиот центар на Војводина неофицијално за Радио Слободна Европа... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Што е DeepSeek, кинеската компанија што ја потресе берзата?

Лудилото околу четбот со вештачка интелигенција создаден од кинескиот технолошки стартап DeepSeek ги потресе берзите во понеделник (27 јануари)и поттикна дебати за економската и геополитичката конкуренција меѓу Соединетите Држави и Кина во развојот на технологијата за вештачка интелигенција (AI). Асистентот за вештачка интелигенција на DeepSeek беше на прво место меѓу бесплатните апликации на „Apple store“ вчера, поради интересот за конкурентот на ChatGPT. Делот што ги загрижува некои аналитичари... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот Сенат го потврди Скот Бесент за нов министер за финансии

Американскиот Сенат го потврди Скот Бесeнт за министер за финансии во администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. Вчера, 68 сенатори гласаа за него, 29 против, а 16 демократи ја поддржаа номинацијата. Бесeнт, кој има 62 години, веќе е застапник на економската агенда на Трамп, која се фокусира на намалување на даноците и наметнување високи тарифи за кои некои економисти велат дека би можеле да поништат дел од напредокот што Федералните резерви го постигнаа во контролирањето на инфлацијата. Читать дальше...




Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *