Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer
Март
2025

Новости за 17.03.2025

SlobodnaEvropa.mk 

Распишана централна потерница по Додик, Вишковиќ и Стевандиќ

Судот на Босна и Херцеговина издаде централна потерница за Милорад Додик, претседателот на на ентитетот на Република Српска (РС), Радован Вишковиќ, премиер на РС и Ненад Стевандиќ, претседател на Собранието на РС, потврди денеска (17 март) за Радио Слободна Европа (РСЕ), Обвинителството на БиХ. Судот на БиХ им одреди мерка притвор во траење од еден месец, откако ќе бидат доведени на сослушување, беше потврдено од Судот на БиХ за РСЕ на 14 март. Додик, Вишковиќ и Стевандиќ се осомничени за кривичното дело нарушување на уставниот поредок... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Екс министерот за економија Бектеши ќе биде сослушуван во кочанското Обвинителство

Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши ќе биде сослушан во Основниот суд во Кочани пред судија на претходна постапка, потврдија од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија (ЈОРМС). Бектеши вчера (17 март)и денеска беше на информативен разговор во полициска станица во врска со пожарот во ноќниот клуб во Кочани во кој на 16 март загинаа 59 лица. Од полициската станица Бектеши е спроведен и ќе биде сослушан во ОЈО Кочани. Адвокатот на Бектеши попладнево во изјава за медиумите... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Брисел ја повика Србија на транспарентна истрага за „звучниот топ“

Европската комисија (ЕК) имала увид во извештаи за наводна употреба на звучен топ или слично оружје против мирните демонстранти во Србија и ги повикува властите целосно да ги истражат таквите наводи, изјави портпаролот Гијом Мерсие. „Видовме извештаи и наводи за употреба на таква опрема. Очекуваме брза, транспарентна и веродостојна истрага за овие наводи и потсетуваме дека според Законот за човекови права на ЕУ, властите мора да ги заштитат сите учесници на протестите од штета и насилство“, рече Мерсиер. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Коцевски: Досега осомничени 14 лица за за несреќата во Кочани

Вкупно 14 лица досега се осомничени за пожарот кој изби во дискотека во Кочани. Тие се сомничат за кривичното дело „тешки дела против општата сигурност“ за кое е предвидено казна затвор од најмалку три години без горна граница на казнување – потврди на прес конференција попладнево, републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Од пред Основното јавно обвинителство во Кочани, тој информираше дека обвинителскиот тим е проширен на девет обвинители кои како што рече, интензивно постапуваат и преземаат... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Бес на улиците во Кочани - демолирано кафуле, превртен автомобил, каменувана општинската зграда

Стотици граѓани во Кочани денеска (17 март) излегоа на протест за да го искажат својот револт и да побараат правда, по пожарот во кочанската дискотеката Пулс, каде на 16 март животот го загубија 59 лица, најмногу од нив млади жители на Кочани. Движејќи се од Општината кон полициската станица, дел од граѓаните го каменуваа кафулето „Класик“ кое го поседува сопственикот и на дискотеката „Пулс“. Фрлајќи со камења и јајца по зградата на Општината во Кочани, демонстрантите го повикуваа градоначалникот... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Чесите започнаа дебата во ЕУ за финансирање на Радио Слободна Европа

Министрите за надворешни работи на Европската унија разговараа за можната европска поддршка за Радио Слободна Европа, откако американската влада одлучи да го прекине финансирањето, предизвикувајќи загриженост за задушувањето на гласовите кои се ориентирани кон демократија. Чешкиот министер за надворешни работи Јан Липавски ја покрена темата на состанокот во Брисел кој се одржа денеска (17 март), додека иднината на РСЕ е неизвесна поради намалувањето на финансирањето одобрено од Конгресот, кое администрацијата... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Филипче: Срозаната доверба да се врати со објективна истрага

Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, денеска (17 март ) побара целосна транспарентна и објективна истрага за пожарот во кочанската дискотеката Пулс, каде на 16 март животот го загубија 59 лица. „Ние сме денеска рането општество, довербата во институциите е срозана и ако сакаме таа да ја вратиме мора да има целосна, транспарентна и објективна истрага. Никој не смее да биде поштеден, ниту актуелни ниту поранешни функциониери или службеници. Тоа не е прашање на политика, туку на вистина и на правда “, рече Филипче пред медиумите. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Кочани плаче, но и бара правда

Солзите и лелеци на блиските и граѓаните на Кочани кои денеска излегоа да им оддадат почит на жртвите, но и протестираа и бараат одговорност за трагедијата во која загинаа 59 млади луѓе, а уште 20 се во тешка состојба. Истражните институции уапсија 23-ца и најавуваат уште апсења, но нема осомничени од локалната власт.

SlobodnaEvropa.mk 

Ќе се формира ентитетска гранична полиција во Република Српска

Канцеларијата на претседателот на Република Српска (РС) денеска (17 март), објави дека на состанокот на „врвното раководство“ на тој ентитет од Босна и Херцеговина било заклучено дека треба да се формира Гранична полиција на РС. Соопштено е и дека е формирана работна група, која денеска го одржа првиот состанок за нацрт-законите со кои ќе се регулира работата на Граничната полиција на територијата на Република Српска. „По тој повод, попладнево ќе се одржи затворена седница на Владата на Република Српска... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Повредените со сериозни изгореници испратени во најмалку шест држави

Вкупно 84 пациенти од пожарот во дискотеката во Кочани се згрижени во болниците во Скопје, а 51 повреден се пратени во странство, информира министерот за здравство, Арбен Таравари. Според него, пациентите се генерално во стабилна состојба. Досега е извршена обдукција на 15 лица.

SlobodnaEvropa.mk 

На лекување во странство испратени 51 пациент, ќе заминат уште дваесетина

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски соопшти дека 51 лице од повредените во пожарот во Кочани се испратени на лекување во странство, преку кризниот штаб кој во изминатите 24 часа го кординираше процесот. Дополнително уште дваесетина ќе бидат транспортирани во болници во Австрија, Словенија, Хрватска, Норвешка и во Унгарија. Тој посочи дека во тој контекст во текот на вчерачниот ден лично остварил телефонска комуникација со министрите за надворешни работи на Грција... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Одложени собраниските активности, подготвителната седница за јазиците и состанокот на лидерите од Западен Балкан во Скопје

Македонското Собрание ги откажа сите активности планирани за неделава поради трагедијата што се случи во Кочани. На координацијата претседателот на Собранието Африм Гаши предложи, а присутните едногласно усвоија заклучок дека сите активности на Собранието закажани и планирани за оваа седмица се откажуваат. Собранието ќе заседава само доколку има потреба од усвојување на акти поврзани со трагедијата во Кочани. И Уставниот суд на работен состанок одлучи да ја одложи подготвителната седница за Законот за употреба на јазиците... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Осомничени 23-ца за пожарот во Кочани, се очекуваат нови апсења

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави нови приведување од различни институции, меѓу кои и МВР. Во пожарот во Кочани загинаа 59 лица, а од повредените во државава се лекуваат 84 пациенти, а во странство 51 пациент. Ден по трагедијата градоначалникот на Кочани поднесе оставка.

SlobodnaEvropa.mk 

Градоначалникот на Кочани поднесе неотповиклива оставка

Градоначалникот на Кочани Љупчо Папазов поднесе неотповиклива оставка од функцијата по трагичната несреќа во Кочани во која загинаа 59 лица. „Оваа загуба е огромна! Не постојат зборови што можат да ја опишат болката што ја чувствуваме сите. Тие деца беа наши деца. Ги познавав повеќето од нив, ги познавав и нивните семејства, а со дел од нив и семејни пријатели. Шокот и скршеноста што ги чувствувам ќе траат целиот мој живот. Оваа трагедија ги остави Кочани и Македонија во црнина, а празнината што остана е непреболна“, напиша Папазов на Фејсбук.

SlobodnaEvropa.mk 

Соренсен во Приштина, Османи бара еднаков третман за Косово во бриселскиот дијалог

Косовската претседателка Вјоса Османи побара од Европската Унија (ЕУ) да го третира Косово „еднакво“ во дијалогот во Брисел, по средбата на 17 март со Петер Соренсен, претставник на ЕУ за дијалогот Приштина-Белград. Соренсен е во посета на Косово за прв пат по преземањето на функцијата на почетокот на февруари, за да се сретне со високи претставници од таа земја. По средбата Османи оцени дека Косово „заслужува еднаков третман во процесот на дијалог и на патот кон ЕУ“. „Косово веќе се покажа како конструктивна страна во дијалогот... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Таравари: Пациентите од пожарот во Кочани во генерално стабилна состојба

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска (17 март) на прес-конференција информира дека пациентите од пожарот во Кочани се во генерално стабилна состојба, но 20 пациенти се во критична состојба. Тој најави дека можни компликации се очекуваат денеска и утре. Тој исто така додаде дека има и нови пациенти кои биле дел од трагичниот настан во Кочани, но не се пријавиле вчера, туку се пријавиле денеска. „Завршивме со состанокот на Кризниот штаб и направивме пресек на состојбата. За среќа, пациентите... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Проширен тимот на обвинители за истрагата на несреќата во Кочани

Обвинителскиот тим кој работи на истрагата за утврдување на причините за катастрофата во Кочани од утрово е проширен и во моментов го сочинуваат двајца јавни обвинители од ОЈО Кочани, двајца јавни обвинители од ОЈО Штип и пет јавни обвинители од ОЈО Скопје. Како што информираат од Јавното Обвинителство, синоќа се издадени повеќе дополнителни наредби, вклучително наредба за пребарување на серверите и на уште еден компјутер во Министерството за економија и наредба за графолошко вештачење на потписи на одредена документација. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Обвинителство: Во тек се рочишта за определување притвори за случајот со пожарот во Кочани

Во тек се рочишта за определување притвори за лицата осомничени за случајот со пожарот во дискотеката во Кочани, информираат изутринава од Јавното обвинителство. За случајот досега се сослушани над 20 лица, а за 11 Обвинителството поведе постапка за проверка. Од нив за осум лица веќе е поднесен предлог за краткотраен притвор, додека останатите три се уште се хоспитализирани во потешка здравствена состојба. Во пожарот што се случи вчера животот го загубија 59 млади лица, а над 140 настрадани се згрижени во земјава и странство. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Осум повредени од пожарот во Кочани примени во „Пирогов“ во Софија, нивната состојба е тешка

Вкупно осум лица повредени во пожарот што избувна во дискотека во Кочани се хоспитализирани во Универзитетската болница „Н. И. Пирогов“ во Софија, изјави на прес-конференција директорот на болницата, д-р Валентин Димитров, јави БТА. Меѓу примени пациенти има тројца малолетници – две девојчиња и едно момче, додека останатите се четворица мажи и една жена, на возраст од 22 до 25 години. Највозрасниот пациент има 31 година. Состојбата на сите пациенти е тешка, со изгореници на телото, горните екстремитети и лицето... Читать дальше...




Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *