Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer
Март
2025

Новости за 20.03.2025

SlobodnaEvropa.mk 

Нови приведувања за пожарот во Кочани

Нова акција за приведување инволвирани во истрагата за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани има доцна вечерва, потврдуваат од обвинителството и од МВР за Радио Слободна Европа. „Во тек е акција на полициски екипи по наредба на Основното јавно обвинителство Кочани, а во врска со постапката за пожарот во клубот "Пулс". Акцијата за приведување лица за кои постои сомнение за инволвираност ќе трае во текот на ноќта, а повеќе информации обвинителството ќе соопшти по завршување на акцијата во текот на утрешниот ден“, велат од двете институции. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Се бара притвор за раководителот на урбанизам во Маврово осомничен за мито

Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отвори истрага за раководителот на Одделението на урбанизам и комунални дејности при Општина Маврово Ростуше, откако МВР вчера поднесе кривична постапка до него. Го сомничи дека како раководно службено лице од почетокот на годинава во повеќе наврати директно побарал и примил поголема имотна корист за себе и за трети лица за да извршат службено дејствие што морале да го извршат, се вели во соопштението од обвинителството. Осомничениот... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Талибанците го ослободија американскиот државјанин Глезман

Американскиот државјанин Џорџ Глезман беше ослободен од притворот во Кабул по првата посета на висок американски функционер на Авганистан откако Талибанците ја презедоа власта во земјата по повлекувањето на меѓународните трупи од земјата разурната од војна во август 2021 година. Поранешниот американски специјален пратеник за Авганистан Залмај Калилзад во објава на мрежата Х рече дека откако тој и Адам Болер, висок советник во Канцеларијата на специјалниот претседателски пратеник за прашања на заложниците... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

И српското Министерство за информации бара отстранување на материјали од погребот во Кочани

Српското Министерство за информации и телекомуникации денеска издаде јавно предупредување и побара од српските медиуми да ги отстранат фотографиите и снимките што „го нарушуваат достоинството на жртвите и нивните семејства“ од погребот на загинатите во пожарот во дискотека во Кочани, јави дописникот на МИА од Белград. „Со таквото дејствување, бројни медиуми го нарушија достоинството на жртвите, предизвикаа вознемиреност кај нивните роднини и целата јавност, но и демонстрираа недостиг на свест за... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Совет на Европа: Длабоко сме загрижени поради наводите за употреба на звучни топови во Србија

Известувачите за Србија на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), Аксел Шефер и Викторија Тиблом изјавија дека се загрижени поради порастот на тензиите во Србија и наводите за употреба на звучно оружје на мирните демонстрации на 15 март во Белград. Новинарите известија дека протестот бил главно мирен, но дека за време на петнаесетминутниот комеморативен молк се слушнал „вознемирувачки звук“, кој предизвикал „мало стампедо“. Тие додаваат дека има извештаи за лица кои добиваат лекарска... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Тројца пациенти од пожарот во Кочани попладнево однесени на лекување во Турција

Уште три лица од пожарот во Кочани ќе се лекуваат во Турција, информираат попладнево од турската амбасада. Три млади лица денеска со авион биле пренесени во болницата „Чам и Сакура“ во Истанбул. Турскиот амбасадор во земјава Фатих Улусој ги придружувал повредените на Меѓународниот аеродром, при нивното заминување од Скопје. Моментално во Турција се лекуваат вкупно 12 повредени. Од нив, половина се во болницата „Чам и Сакура“ во Истанбул, додека другата половина во болницата „Билкент Шехир“ во Анкара. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Владата алармира медиумите кои објавија видео и фото материјали од семејствата да ги отстранат

Здружение на македонски новинари ЗНМ ги повикува медиумските работници и уредници да не отстапуваат од воспоставениот протокол, да покажат почит и одговорност, да не објавуваат содржини кои можат да предизвикаат дополнителна болка и да се придржуваат до стандардите на етичкото новинарство. Ова доаѓа откако неколку странските медиуми емитувале експлицитни фотографии и снимки од ожалостените семејства. И македонската Влада упати апел до медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Путин му нуди „практична соработка“ на лидерот на Сирија за стабилизирање на состојбата во земјата

Рускиот претседател Владимир Путин испрати порака до лидерот на Сирија, Ахмед ал Шара, со поддршка на напорите за стабилизирање на земјата, потврдувајќи ја подготвеноста на Москва за „практична соработка“ со Сирија за ова прашање, соопшти Кремљ. „Рускиот претседател Владимир Путин испрати порака до шефот на сириската држава Ахмед ал Шара, во која ги поддржа напорите за што поскоро стабилизирање на ситуацијата во земјата во интерес на обезбедување на нејзиниот суверенитет, независност, единство и територијален интегритет“... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Последно збогум за жртвите од пожарот - најмладите имале 16 години

Обвинителството ја соопшти возраста на сите кои животот го загубија во кочанската дискотека „Пулс“. Денеска во Кочани и уште неколку градови, беа погребани настраданите во несреќата. Оние кои успеаја да се спасат и се лекуваат во болниците дома и во странство се во стабилна состојба, соопшти министерот Таравари.

SlobodnaEvropa.mk 

ЕУ би можела да го одложи првиот сет царини против САД до средината на април

Европската Унија би можела да го одложи воведувањето на првиот сет на контрамерки против Соединетите Држави поради царините што претседателот Доналд Трамп ги воведе за челик и алуминиум до средината на април, изјави денеска (20 март) европскиот комесар за трговија Марош Шефчовиќ. Европската Комисија предложи повторно воведување царини од 4,5 милијарди евра (4,9 милијарди долари) американски производи на 1 април, по што ќе следува воведување дополнителни 18 милијарди евра царини за американски стоки од 13 април. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Состојбата на повредените генерално стабилна, тројца пуштени на домашно лекување

Сите пациенти кои се лекуваат тука и надвор од државата се во стабилна и добра состојба, повеќето се подобруваат, а од вкупно 20 критични, 10 се потешки, но и тие се стабилни и надвор од животна опасност, соопшти денеска (20 март)министерот за здравство Арбен Таравари. Како што изјави Таравари, во државава се лекуваат 72 пациента, а на лекување надвор се 101. Од оние што се лекуваат во земјава, тројца се вчера веќе испишани, а утре се планира да бидат испишани уште три. „Од идната недела се надевам... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Франција ќе создаде одбранбен фонд од 450 милиони евра

Француската јавна инвестициска банка Bpifrance ќе создаде фонд за финансирање одбранбени проекти во вредност од 450 милиони евра, објави денеска францускиот министер за финансии Ерик Ломбард. Овој фонд ќе биде дел од напорите на земјата да ги зголеми трошоците за одбрана, поттикнати од стравувањата од руски напад и сомнежите за иднината на американската одбрана. „Француските граѓани ќе можат, преку транши од 500 евра, да ги инвестираат своите пари на долг рок“, изјави Ломбард за телевизијата Те еф 1. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку 70 Палестинци загинале во најновите израелски напади во Газа

Најмалку 70 Палестинци загинаа, а десетици биле ранети во израелските воздушни напади низ Газа денеска (20 март), откако Израел продолжи со бомбардирањето на енклавата, изјави здравствен претставник на Газа. Медицинските лица рекоа дека израелските напади биле насочени кон неколку куќи во северните и јужните области на Појасот Газа. Засега нема коментар од Израел. Израелската војска соопшти дека нејзините сили ги продолжиле копнените операции во централниот и јужниот дел на Газа, откако пропадна... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Македонија тагува

Македонија во тага - се простува од прерано загубените животи. Загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска ќе бидат погребани. Во трагедијата што се случи во неделата рано наутро загинаа 59 лица, а над 150 се повредени. Погребните церемонии ќе бидат во 11 часот во Штип, во 12 часот во Кочани и во 13 часот во село Облешево, додека погребите на други места од каде што има починати ќе бидат во различни временски периоди.

SlobodnaEvropa.mk 

Протести во Турција поради притворањето на истанбулскиот градоначалник

Илјадници студенти синоќа (19 март) се собраа во кампусот на Универзитетот во Истанбул поради притворањето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу и покрај четиридневна забрана за јавни собири и протести до 23 март, со цел да се „одржи јавниот ред и да се спречат потенцијални провокации“. Протестите уследија по апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу и други високи членови на опозициската Републиканска народна партија (ЦХП). На Имамоглу му е одреден притвор во истрага за корупција. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Загинатите во пожарот во Кочани ќе бидат погребани денеска

Загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска ќе бидат погребани. Во трагедијата што се случи во неделата рано наутро загинаа 59 лица, а над 150 се повредени. Погребните церемонии ќе бидат во 11 часот во Штип, во 12 часот во Кочани и во 13 часот во село Облешево, додека погребите на други места од каде што има починати ќе бидат во различни временски периоди. Штип ќе се прости од петмината загинати во пожарот, а Пробиштип од тројцата свои сограѓани кои загинаа во трагичната несреќа. Читать дальше...




Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *