Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer
Апрель
2025

Новости за 07.04.2025

SlobodnaEvropa.mk 

Шестото барање на српските студенти во блокадите е за посетата на Вучиќ на повредените македонски пациенти

Српските студенти во блокадата го објавија своето шесто барање, барајќи отстранување на оние што ги сметаат за одговорни за посетата на претседателот на Србија, Алескандер Вучиќ, на повредените во пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани. По пожарот во дискотеката во кој загинаа 61 лице, дел од тешко повредените пациенти се пренесени на лекување во Белград. Тие беа сместени во одделението за интензивна нега на Ургентниот центар на Универзитетскиот клинички центар на Србија (УКЦС), каде Вучиќ заедно со медиумски тимови ги посети на 17 март. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Состанок на министри за трговија на ЕУ во Луксембург

Во Луксембург се одржува состанок на министрите за трговија на земјите-членки на Европската Унија, на кој се разговара за трговските односи со САД и Кина. Првично планиран за средината на мај, состанокот беше поместен поради тековните геополитички и економски околности. Иако не се очекува да се дискутираат деталите околу евентуалниот европски одговор на американските царини, од Советот на ЕУ нагласуваат дека целта на состанокот е да се анализира актуелната состојба и да се испрати порака на единство ... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

ОЈО: Сопружници од Белгија фатени со златен накит вреден половина милион евра на скопскиот аеродром

Маж и жена од Антверпен, Белгија, вчера пристигнале во земјава со лет од Виена, па избегнувајќи ја царинската контрола на аеродромот во Скопје, пренеле непријавени стоки – вкупно 209 парчиња златен накит со тежина од 1.711,1 грама и во вкупна вредност од 479.555 евра, соопшти денеска Јавното обвинителство. Основното јавно обвинителство - Скопје донело наредба за спроведување истражна постапка против две лица, белгиски државјани, кои се осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело – криумчарење... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Почина и вториот пациент кој се лекуваше во Литванија, пожарот во Кочани ја зеде 61-та жртва

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани ја зеде 61-та жртва. Почина и вториот пациент кој се лекуваше во Литванија, а беше во критична состојба уште од почетокот, соопшти денеска министерот за здравство Арбен Таравари. Како што посочи министерот, 29-годишниот Александар Гавриловски бил упатен од Градска болница на 17 март во тешка состојба, додека од 4-ти април неговата состојба почнала да се влошува. „Жална вест, сакам да информирам дека денеска во 11 часот почина и вториот пациент којшто се лекуваше во Литванија... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Предметот за загадувањето на Крива Река го презема Обвинителството за организиран криминал

Основното јавно обвинителство Куманово, денеска информираше дека предметот за загадување на Крива Река во Крива Паланка ќе го преземе Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Како што претходно информираа, кумановското обвинителството формираше предмет, во меѓувреме стигнала и кривичната пријава од градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски. „За актуелниот настан за загадување на Крива Река, ние сами формиравме предмет, ги повикавме инспекторите за животна средина. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Мицкоски: Нема реконструкција на Владата пред локалните избори

Владата нема да се реконструира пред локалните избори, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Мицкоски кажа дека Владата функционира обединето и единствено, наведувајќи дека „односите во Владата се коалициски одлични“, иако изминатите денови актуелни се превирања во коалицијата од албанскиот политички блок „Вреди“ и прашањето за можното напуштање на министерот за здравство Арбен Таравари од оваа коалиција. Арбен Таравари кој го предводи едното крило на Алијанса на Албанците и е дел од коалицијата... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Тивко „пулсира“ истрагата за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани

Во име на тајност на истрагата обвинителството е „шкрто“ на зборови за работата на тимот обвинители кои ја истражува трагедијата во Кочани. Не се открива дали е разговарано со осомничени кои се лекуваат, но неофицијално веќе почнал распитот на сведоци. Кочани е пред избор на в.д. градоначалник.

SlobodnaEvropa.mk 

Меџити: Никој освен Таравари нема дилеми дека е неприродно да соработуваат Влен и ДУИ

Се водат разговори во рамки на Коалицијата „Влен“ за сите политички субјекти во рамки на Коалицијата да се претворат и втопат во Влен како политичка партија која ќе ги претставува Албанците на претстојните локални избори, изјави денеска (7 април) вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити. За тоа какви се односите помеѓу политичките субјекти внатре во Коалицијата, Меџити рече дека никој нема дилеми, освен претседателот на Алијанса за Албанците и министер за здравство Арбен Таравари... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Кина вети стабилни односи со Јужна Кореја по отповикувањето на претседателот Јун

Кинеските власти денеска соопштија дека ќе одржуваат стабилни односи со соседна Јужна Кореја, откако Уставниот суд во Сеул го отповика претседателот Јун Сук Јеол. „Се надеваме дека Јужна Кореја ќе ја задржи политичката и социјалната стабилност“, рече портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Лин Џијан, ветувајќи дека врските со Сеул ќе ја задржат „стабилноста“. Уставниот суд на Јужна Кореја во петокот едногласно го разреши од функцијата претседателот Јун Сук-Јол, четири месеци откако... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Петнаесет германски училишта затворени поради закани од екстремната десница

Повеќе од десетина училишта останаа затворени денеска (7 април) во западниот германски град Дуизбург, откако добиле закани од екстремната десница. Вкупно 15 средни училишта се затворени, а погодени се околу 17 980 ученици, изјави портпаролката на окружната администрација за агенцијата ДПА. Како што јавува репортерот на ДПА, в понеделник наутро биле поставени знаци дека „училиштето е затворено“ во неколку од погодените институции. Испраќачот, чиј идентитет останува непознат, се заканувал дека ќе изврши... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Калас во посета на Црна Гора, Албанија и Босна и Херцеговина

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас заминува на нејзината прва посета на Западниот Балкан од стапување на функцијата, во чии рамки од денеска до среда (7-9 април) ќе престојува во Црна Гора, Албанија и Босна и Херцеговина. Денеска, на првиот ден од турнејата, Калас во Подгорица ќе има средби со претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ и со премиерот Милојко Спајиќ. Предвидено е Калас да им средби и со претставници на граѓански организации, а ќе... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

За авганистанските бегалци во Пакистан, одбројувањето почна

Планот на Пакистан да депортира милиони авганистански мигранти наиде на остри критики додека земјата почнува да ја спроведува својата контроверзна политика. Групите за права предупредуваат дека многу повратници се соочуваат со сериозни ризици во Авганистан под контрола на Талибанците, вклучувајќи прогон, насилство и економски тешкотии. Ранливите поединци како што се жените, новинарите, бранителите на човековите права и поранешните владини функционери се особено изложени на ризик. Владата првично... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Нетанјаху и Трамп ќе разговараат за американските царини, за Хамас и Иран

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска (7 април) во Белата куќа ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, а главна тема на разговор ќе бидат новите царини што САД му ги воведоа на Израел, соопшти кабинетот на Нетанјаху. Двајцата лидери, исто така, се очекува да разговараат за заложниците кои ги држеше палестинската милитантна група Хамас, потенцијалните тензии меѓу Израел и Турција во Сирија и напорите за одвраќање на Иран. Министерот за стратешки прашања Рон Дермер, исто така... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Земјоделците се жалат на државата, граѓаните - на цените на овошјето и зеленчукот

Според податоци од Националната земјоделска мрежа, годинава се очекува зголемено производство на градинарски култури за 20 до 30 отсто, но тоа не значи и дека овошјето и зеленчукот ќе поевтинат. Министерството за земјоделство ќе ги спојува земјоделците директно со маркетите, за да се избегнат посредниците во синџирот поради чиј ќар цената оди нагоре.

SlobodnaEvropa.mk 

Што значат за вас американските царини?

Ако сте компанија што извезува во САД - како производител на автомобили или дестилерија за виски - одеднаш вашата стока стана многу поскапа. Тоа значи помала продажба, помалку приходи и потенцијални намалувања на работни места.

SlobodnaEvropa.mk 

Состанок на министрите за трговија на ЕУ за американските царини

Министрите за трговија на Европската Унија денеска (7 април) се состануваат во Луксембург за да подготват стратегија за убедување на американскиот претседател Доналд Трамп да отстапи од новите царини воведени за блокот. Министрите на ЕУ, исто така, се очекува да разговараат за реципрочни царини, како и за други мерки кои ќе бидат спроведени во случај напорите за преговори за решение со Вашингтон да не успеат. Американската влада од 5 април воведе универзални царини од минимум 10 отсто за увоз од речиси сите нејзини трговски партнери... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку 20 загинати во невремето што погоди делови од САД

Најмалку 20 лица загинаа во невремето и поплавите што од средата зафатија делови од САД, вклучително и деветгодишно момче во државата Кентаки кое беше однесено од порој и неколку луѓе кои загинаа од торнадо во градот Тенес, југозападниот дел на државата Тенеси. Гувернерот на Џорџија, Брајан Кемп, вчеравечер им изрази сочувство на семејствата на двете жртви кои беа погодени од дрво на терен за голф, пренесува Еј-Би-Си Њуз. Одделот за управување со вонредни состојби во Арканзас потврди дека првата... Читать дальше...




Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *