Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer
Апрель
2025

Новости за 08.04.2025

SlobodnaEvropa.mk 

Коњуфца: „Самоопределување“ не може да формира влада без опозицијата

Претседателот на собранието на Косово, Глаук Коњуфца кој е и лидер на Движењето Самоопределување, изјави дека не верува оти формирањето на нова влада е можно без вклучување на опозициските партии во владината коалиција. Коњуфца рече дека Самоопределување имала за цел, на изборите на 9 февруари да освои 500.000 гласови за да може самостојно да ја води следната влада. Меѓутоа, според него, изборниот резултат покажал дека тоа не е можно. „Имавме цел да обезбедиме 500.000 гласови. Не ги постигнавме. Сега имаме друго сценарио. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Најавена постапка поради посетата на Вучиќ на повредените во пожарот во „Пулс“

Народниот правобранител на Србија, Зоран Пашалиќ потврди за Радио Слободна Европа дека ќе биде отпочната постапка во врска со тоа кој им дозволил влез на претседателот Вучиќ и новинарите на Интензивна нега во српскиот Клинички центар. Пашалиќ изјави дека постапката ќе отпочне на иницијатива на студентите во блокадата. Медиумите претходно ја пренесоа изјавата на Пашалиќ дека ќе се обрати до Министерството за здравство, преку кое се врши контрола над Клиничкиот и Ургентниот центар. Студентите во блокадата... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Собранието ги донесе измените на Законот за средно образование

Собранието попладнево, во рамки на 42 седница, го донесе Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за средното образование, по скратена постапка, кој беше изгласан со двојно гласање односно и со гласовите на присутните пратеници кои им припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во државава. Со измените се дефинираат одредби со кои средното образование се уредува како институционално, кадровски и содржински организирано на начин кој овозможува образование за сите ученици, вклучително и деца со попречености... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Во Зоолошката во Скопје угинале две лами

Две лами починале викендот во Зоолошката градина во Скопје. Резултатите од лабораториското тестирање од првата угината лама покажува дека таа била болна од туберколоза. Како што објави новинската агенција МИА, Агенцијата за храна и ветеринарство во петокот спровела вонреден инспекциски надзор по добиена пријава за угинување на една лама и уште една заболена лама. - Земени се мостри за лабораториско тестирање од угинатата лама за која е потврдено со лабораториско тестирање дека била болна од туберкулоза. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Студентите во Ниш и Нови Сад повикуваат на формирање експертска влада

Неформалната студентска група на Универзитетот во Ниш во блокадата, предложи да се формира експертска влада во Србија која ќе ги исполни барањата на студентските протести. Како што наведуваат во соопштението објавено на социјалните мрежи денеска (8 април), студентите истакнуваат дека решение за излез од политичката криза е „влада која нема да ја сочинуваат партиски послушници туку експерти“. „Ние ги сакаме оние кои студентите ќе ги номинираат, а граѓаните ќе ги прифатат. Луѓе зад кои има интегритет... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Двајца браќа осомничени за убиство во кривопаланечко Луке

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца браќа од кривопаланечкото село Луке. За нив постои основано сомнение дека како соизвршители го сториле кривичното дело – Убиство од член 123 став 2 точка 4 од Кривичниот законик. Осомничените, на возраст од 20 и 25 години, од користољубие лишиле од живот нивен соселанец. Ноќта меѓу 24 и 25 март се договориле да извршат кражба во домот на жртвата, соопшти Обвинителството денеска (8 април). Според Обвинителството... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Промовирано ново тело за борба против корупцијата

Во македонската влада денеска се одржа конститутивната седница на Меѓуресорското тело за координација на активностите против корупцијата. Станува збор за ново тело, кое треба да воспостави координација помеѓу сите клучни институции: Државната комисија за спречување на корупција, Министерството за внатрешни работи, Јавното обвинителство, Финансиската полиција, Управата за јавни приходи, Царинската управа, Министерството за правда, Министерството за финансии и други. „Ова тело мора да биде местото каде што информациите се споделуваат навремено. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Македонската берза во минус по новите американски царини

По четири дена пад, за прв пат македонската берза излезе од црвено и започна да покажува знаци на закрепнување. Вредноста на најтргуваните акции е за околу пет проценти пониска во однос на почетокот на минатата недела. Причината за „минусното салдо “ лежи во неизвесноста на светските пазари по воведувањето на новите американски царини.

SlobodnaEvropa.mk 

Уапсен директор на здравствена установа за примање поткуп

Директор на здравствената установа е уапсен пораади сомнение дека примил поткуп за да смести пациент. Според првичните информации, станува збор за директорот на специјализирана болница за Геријатриска и палијативна медицина Скопје, Мухсин Арифи, кој наводно побарал и примил поткуп од 20.000 евра. Од обвинителството ја потврдија оваа информација, без притоа да го откријат идентитетот. „Во координирана акција на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Министерството... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Ќе згасне ли џагорот во Дневниот центар за деца на улица?

Државата прво му ги секна парите, па му ја одзеде лиценцата на Дневниот центар за деца на улица во Шуто Оризари затоа што во апликацијата им недостасувал еден документ. Вработените сега работат без плати, со донации за храна и прибор. На децата, кои биле питачи, можеби денешното ќе им биде последно заедничко одбележување на Меѓународниот ден на Ромите.

SlobodnaEvropa.mk 

Мицкоски го повика Судскиот совет да го преипита работењето на судијата кој ја донесе пресудата за смртта на Теодора

Премиерот Христијан Мицкоски го повика Судскиот совет да ја преразгледа работата на судијата кој донесе одлука да го казни возачот кој ја прегази младата Теодора Ристевска од Тетово на две години затвор. Тој вели дека е згрозен од ваквата пресуда и дека тоа не е правда, туку целосно потфрлање на системот. По сообраќајната несреќа во август 2022 година, сторителот кој ја прегази 22-годишната Теодорапрвично беше осуден на три години и шест месеци затвор. Апелациониот суд ја намали казната на две години... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Брнабиќ ги обвини студентите за „тероризам“

Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, ги обвини студентите во блокада за „тероризам“, наведувајќи дека планирале да ја блокираат контролата на летот на белградскиот аеродром „Никола Тесла“. Снимка од наводна подготовка и блокирање на аеродромот „Никола Тесла“ во просториите на Медицинскиот факултет беше емитувана претходно на провладината телевизија Информер. На состанокот имало и студенти на Сообраќајниот факултет, кои ги отфрлиле наводите за блокада на аеродромот. Тие истакнале... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Лажни дојави за бомби во две училишта во Скопје

Во две училишта во Скопје денеска (8 април) биле добиени дојави за поставени бомби, но по утврдената проверка од полицијата, утврдено е дека се работи за лажни дојави. „На 08.04.2025 во СВР Скопје од две училишта во Скопје е пријавено дека на електронските адреси добиле дојава за наводно поставена експлозивна направа. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки и утврдено е дека се работи за лажни пријави“, информираат од Министерството за внатрешни работи.... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Четири од осумте пациенти во софиската болница „Пирогов“ денеска ќе бидат пуштени дома

Четворица од повредените во пожарот во Кочани кои беа хоспитализирани во болницата „Пирогов“ во Софија денеска (8 април) ќе бидат пуштени на домашно лекување. Раководителката на Клиниката за изгореници и пластична хирургија во болницата Маја Аргирова, за БТА изјави дека сите четворица се во добра состојба. Дадени се инструкции за натамошен третман, во тек е лабораториско следење на нивната клиничка состојба, а во зависност од состојбата ќе се проценува евентуална нова хируршка фаза. Во „Пирогов“... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Кина одговори на заканата на Трамп за нови царини

Кинеското Министерство за трговија соопшти дека никогаш нема да ја прифати „уценувачката природа“ на американскиот пристап и вети дека ќе се бори против новите царини „до крај“. Министерството ја нарече изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп за евентуално дополнително зголемување на царините за 50 отсто на кинески производи „грешка по грешка“. Тој повика да се повлечат сите планови за воведување царини и да се решат разликите меѓу Кина и САД преку дијалог. Дополнителните американски царини... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Амнести интернешнал: Повеќе од 1500 луѓе биле егзекутирани во 2024 година

Повеќе од 1500 луѓе биле егзекутирани во 15 земји во текот на 2024 година. Тоа е исто така најголем број егзекуции од 2015 година, кога биле регистрирани околу 1634 случаи, соопшти денеска Амнести интернешнал во својот годишен извештај за глобалната примена на смртната казна. Според извештајот „Смртни пресуди и егзекуции 2024 година“, во 2024 година се забележани 1518 егзекуции. Најголем дел од егзекуциите биле извршени на Блискиот Исток. Бројките не вклучуваат илјадници луѓе за кои се верува дека биле погубени во Кина... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

САД и Иран ќе одржат разговори на 12 април, но се разликуваат околу тоа дали ќе бидат „директни“

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека Соединетите Држави одржуваат „директни“ разговори на високо ниво со Иран и дека „голема средба“ ќе се одржи на 12 април. Иранскиот министер за надворешни работи потврди дека средбата треба да се одржи на 12 април, но разговорите ќе бидат „индиректни“. „Иран и Соединетите Држави ќе се сретнат во Оман во сабота на индиректни разговори на високо ниво“, рече иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи на X на 7 април, веднаш откако Трамп ги коментираше разговорите. Читать дальше...




Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *