Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer
Август
2025

Новости за 06.08.2025

SlobodnaEvropa.mk 

Странски туристички водичи ни „го јадат лебот“ - обвинуваат македонските водичи

Македонските туристички водичи кои плаќаат данок на државата, бараат да ги заштити од нелојална конкуренција - странските водичи кои ги водат странските туристи низ државата. Инспекците ги проверуваат само домашните водичи. Бројот на странски туристи расте, а властите формираа работна група да ги детектира проблемите.

SlobodnaEvropa.mk 

УНХЦР: Пакистан ги депортира авганистанските бегалци пред предвидениот рок

Пакистан почна со депортирање на авганистански бегалци пред официјалниот рок за нивно заминување, соопшти Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР), предупредувајќи дека овој потег може да доведе до присилно враќање на повеќе од милион луѓе. „УНХЦР ги повика властите веднаш да ги запрат присилните враќања и да усвојат хуман пристап кој поздразбира доброволно, постепено и достоинствено враќање“, се наведува во соопштението на организацијата. Според извештајот на УНХЦР, регистрирани... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Децата кои се на долготрајно лекување ќе следат настава во болнички услови

Децата кои се на долготрајно лекување на Клиниката за детски болести во Скопје, ќе можат да следат настава откако и официјално беше соопштено дека ќе се воведе формално основно образование во болнички услови. Ова беше најавено од министерката за образование и наука Весна Јаневска, министерот за здравство Азир Алиу и Марија Вук, претседателка на НВО САНО - (Здружение кое им помага на децата со канцер). Како што беше појаснето, МОН со поддршка од граѓанскиот сектор, воведува формално основно образование... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Изборната комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

На седницата во Сараево, Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина (ЦИК БиХ) донесе одлука за одземање на мандатот на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, по потврдената конечна пресуда на Судот на Босна и Херцеговина. Одлуката за одземање на мандатот беше едногласно усвоена. Судот на Босна и Херцеговина го осуди Додик на една година затвор и забрана за вршење на таа и други политички функции во земјата во следните шест години, поради непочитување на одлуките на високиот претставник во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит.

SlobodnaEvropa.mk 

Нов почеток во судската битка за Стразбур

На 25 август ќе се договара терминот за нов оглас за избор на судија во Европскиот суд во Стразбур. Како член на новата Комисија, претседателот на Уставниот суд, Костадиновски верува дека се ќе заврши на време. Тројцата кандидати кои „не беа по мерка на Владата“ имаат право пак да се кандидираат.

SlobodnaEvropa.mk 

Националистички скандирања на навивачите на Шкендија за „Голема Албанија“ и „Илирида“

Навивачите на Шкендија синоќа (5 август) во повеќе наврати за време на натпреварот со Карабах на Националната арена скандираа „Илирида“ и „Голема Албанија“. Тие и покрај сите апели за фер и спортско навивање, извикуваа националистички пораки. Навивачката група „Балисти“ го почна скандирањето кое потоа беше прифатено од најголемиот дел од гледачите на стадионот. Натпреварот на трибините на Арената „Тодор Проевски“ го следеа влaдини фунционери, вицепремиерот Изет Меџити, претседателот на Собранието... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Новоизбраниот претседател на Полска, Навроцки ќе ја преземе функцијата

Новоизбраниот десничарски претседател на Полска, Карол Навроцки, ќе ја преземе функцијата денеска, со што ќе започне период на можна конфронтација со проевропската влада, објави ДПА. 42-годишниот независен историчар, кој беше поддржан од опозициската партија Право и правда (ПиС), прогласи победа во вториот круг на почетокот на јуни. Тој го победи либералниот градоначалник на Варшава, Рафал Тржасковски - голем пораз за владата на премиерот Доналд Туск. Навроцки го наследува Анджеј Дуда, кој се повлекува по два мандати на функцијата. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Хирошима одбележува 80-годишнина од атомското бомбардирање

Градот Хирошима, во западниот дел на Јапонија, ја одбележува 80-годишнината од атомското бомбардирање на САД во 1945 година, објавија светските новински агенции. Точно во 8:15 часот наутро по локално време, градот одржа минута молчење - моментот кога атомската бомба беше фрлена врз јапонскиот град пред 80 години. Бомбардирањето на Хирошима на 6 август 1945 година го уништи градот и уби 140.000 луѓе. Втората бомба, фрлена три дена подоцна врз Нагасаки, уби уште 70.000. Јапонија се предаде на 15 август, со што заврши Втората светска војна. Читать дальше...




Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *